Sunday, December 9, 2012

Без „НЗС“

Ќе да беше 1981 крајот или почетокот 1982 година, кога на таткоми, конечно, после триста перипетии, тогашно Г.П. „МАВРОВО“, во кое веќе работеше некој 10-15 години, му доделија стан во тогаш новоизградената населба „ХИПОДРОМ“ на периферијата од градот. За оние помладите, кои не знаат, во тоа време повеќето фирми на своите вработени им доделуваа т.н., општествени или солидарни станови. И тоа беше едено од начините ( поточно доминатен начин), младите брачни парови со нивните деца да дојдат до сопствен стан.
До тој момент, се сеќавам дека се потуцавме по разно-разни супстандардни собички низ градов.
Нејсе што ми беше
муабетот!?                                                                                                                                                                    Се вселивме во една кула која броеше и сеуште брои, 36 стана, што ќе рече 36 фамилии. Во целата таа зграда, гледано од денешен аспект за големо чудење, имаше само 5 ( и со букви) „ПЕТ“ автомобили. Фиќото на такоми и четри „стокеца“, оној на Чичко Беќир, Чичко Дуле, Чичко Миле и покојни Чичко Перо. А и во останатиот дел од населбата не беше по различна ситуацијата, што ќе рече, повеќето од населението од населба Хиподром се возеа со градски превоз линија бр.50 која беше толку ретка, нарочито преку зима, што ако ти побегне, подобро оди врши си некоја работа па врати се за следната. И види чудо никому тоа не му пречеше и ретко кој доцнеше онаму каде наумил да оди. И низ останатиот дел на  градот, па дури и во централното градско подрачје, беше слична ситуацијата, имаше автомобили но ни приближно на денешнава цифра, така да, за паркинг (кои исто така ги имаше многу помалку од денес), немаше проблем.
Што се случи во меѓувреме незнам, арно-ама, денеска  скоро секоја една фамилија во таа иста кула поседува по 5 автомобили, ај претерувам, не 5 ама по 2-3 сигурно и ако случајно  сте еден од последните кој навечер се прибирате дома, нема да најдете слободно паркинг место ни под точка разно и ова Ви зборувам за истата населба Хиподром од погоре, која горе долу има ист број жители како и пред 30 години. А за градот и да не зборувам, сите знаете каква калакурница е сообраќајот во Скопје. А и тој сиротиот, мислам на градот, не е нешто многу проширен од пред триесет години, бар не толку многу колку што е нараснат сообраќајниот хаос во него, ма ни приближно толку.
А во меѓувреме 50-ка веќе не е така ретка како пред 30 години, ја има на секој 10-15 минути, а и другите линии на ЈСП исто така.
Еве Бај Коце ни купи, (така барем се фали иако ги пазари со наши пари,) и нови автобуси во кој, за воља на вистината, е пријатно да се возиш и лете и зиме. Паркинзи и катни гаражи се градат на секое ќоше, тоа полека преминува и во национален спорт, како борењето во слободен стил што беше едно време додека го коментираше Зоран Михајлов, арно ама сообраќајната калакурница никако да се стави под контрола.
Имам чувство дека луѓево пред да проодат сакаат да научат да возат, ко во кола да се родени. Никој не сака со автобус, точак или недајбоже пеш да оди, ниту една автобуска станица, а да не зборувам за подолги дестинации. А бе ниет се  со кола да одат до маалското гранапче леб да купат. А бензинот скап по скап досега не бил. И сега оди туриму ти НЗС на народецов наш! Од една страна сиромаштија, леб нема да се јаде, убави нови и редовни градски автобуси и ефтини кинески точаци. А од друга страна сообраќајна гужва чиниш во Њујорк се наоѓаш, сите сакаат со коли да се возат.
Навистина неможам да сфатам. Нема НЗС……….

Sunday, October 14, 2012

КОН ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ


Пред некоја вечер го гледав филмот на Дарко Митревски „ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ“.
Сакав да го гледам уште кога прв пат чув за него и тоа од неколку причини.
Прво, затоа што сакам филмови. Уште од малецок филмот и посебно киното како феномен, ме маѓепсаа и еве до ден денешен сеуште трае таа магија.
Второ, затоа што е домашен филм, а тие се толку ретки што, секој македонски љубител на филмот несмее да ги пропушти. Тоа ти е, како некој што собира сликички од некој албум, да не ја земе сликичката со бр.1 кога ќе му се пружи прилика.
Трето, затоа што уште не завршен, околу филмов се дигна таква прашина, наарочито од нашите „братувчеди“ од истокот, што живо ме интересираше што тоа Дарко раскажува со своето најново остварување а на Бугарите толку им пречи и ги боли.
Иако само првата причина беше доволна за да отидам на кино, вториве две дополнително ја зголемија мојата желба да го погледам  „ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ“.
И да не должам, еве ги подолу моите имшпресии по изгледување на филмот.
Веднаш да Ви кажам, мене филмот ме бендиса. Не ме остави без текст, ниту останав со подзината уста откако редарите ги запалија светлата во салата на Кино МИЛЕНИУМ, арно-ама, ме бендиса. И тоа ме бендиса не заради фактот што е наш, домашен, македонски филм, па ете сум локал патриота, туку филмот навистина вреди да се погледа.
Некој ќе речат лош обид европски режисер да направи холивудски филм.
Други, обид со малку пари да се направи комерцијален филм по холивудски терк (забранета љубов, троа солзи, две-три капки хумор и сето тоа зачинето со вечно актуелниот холокауст).
Трети пак, ќе речат дека бил копија и тоа демек полоша, на МОНТЕВИДЕО БОГ ТЕ ВИДЕО на српскиот режисер и актер, Драган Бјелогрлиќ. 
Јас велам, нема Европски, Холивудски или незнам какви режисери, има добри и лоши режисери, а Дарко, барем за мене, е добар режисер.
Ќе прашам, што има лошо од филмот да се заработи, односно да биде комерцијален!? Па нели Дарко и сите инволвирани во овој проект, терба да заработат некој денар, ако ништо друго, за да имаат за леб и млеко до следната шанса да снимат некој нов филм? Или луѓево мислат дека уметниците живеат од воздух и од љубовта кон уметноста.
Што се однесува до сличноста со МОНТЕВИДЕО, таа е само во две точки, фудбалот како игра, и приближно истиот период на случување на двете приказни, кое пак носи сличности во сценографијата и костимографијата, што е нормално и тука завршува секоја друга сличност на овие два филма, така да, закачката дека ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ е било каква копија на МОНТЕВИДЕО е смешна и малициозна.
Можел Дарко да направи и подобар „кастинг“ на глумци, факт..., нарочито за главните улоги.
Можел Дарко единствената љубовна сцена и поубаво да ја сними.....
Можел и локациски поубаво да го услика филмот
Можел Дарко и да не ги вика Раде Шербеџија и Мето Јовановски да му глумат во филмот ситни епизодни улоги. Но имиња како овие двајца ако ништо друго, му даваат специфична тежина на филмот, а на крајот на кариштата и подобро го продаваат, што нели, не е занемарлив факт, ако Дарко и продуцентите, сакаат да го продадат филмот и надвор од Македонија.
Можел, ама не направил.
Можеби Дарко намерно преку неколку сцени во филмот ( Пр. кога публиката на стадионот ја пее песната „МОРЕ СОКОЛ ПИЕ“) буди некој (негде овие денови прочитав) „ниски“ патриотски чувства. Па што дека иако е така, па во секој американски филм, тука вклучително и филмовите на нивните најпознати режисери се случува истата приказна.
Арно ама, тоа не ја намалила вредноста на филмот и приказнат - приказните, што ги раскажува истиот, до таа мера да се плука по него, во тоа сум сто на сто сигурен.
Што се однесува до „прашината“ што ја кренаа бугарските медии............, навистина не разбирам зошто. Бугарите во филмот се прикажани онакви какви биле и мислам дека Дарко не им доцртал дополнителни „рогови“, е сега ако нашите комшии вистината ги навредува, тогаш........., незнам што да кажам, освен, кој се лути нека му стои.
Ако им ја оправдаме лутината на Бугарите, тогаш и Србите ќе имаат право да се лутат за истите работи, затоа што, во првата половина на филмот, тие се „НЕГАТИВЦИТЕ“ во филмот.
И сега нема да седам и да Ви го раскажувам филмот, одете погледајте го. Ќе кажам само дека филмот во суштина е љубовна приказна сместена на нашиве простори во едно многу бурно време (малку пред почетокот и за време на втората светска војна) и колку што разбрав и прочитав, се заснова на две вистинити приказни, првата за едно еврејско девојче, Ребека Коен, кое потекнува од Скопје и е една од ретките македонски Евреи кој го преживеале холокаустот, а втората приказна е за еден фудбалски тим од Скопје наречен МАКЕДОНИЈА , кој го освојува првенството на тогашна Царска - фашистичка Бугарија.
Ако заради ништо друго, тогаш зарадио фактот што се работи за домашен филм, треба да го погледате филмот. На крајот на краиштата,филмот е гледлив и ако ништо друго е барем двапати подобар од мноштвото филмови што радо ги гледаме и прераскажуваме а се од странска продукција.
Толку од мене што се однесува до ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ.

Friday, March 23, 2012

ЕВРОВИЗИСКИ ПАНАЃУР



Ова Евровизијава никогаш не сум ја сакал, ама да кажам дека не сум ја гледал, ќе Ве излажам.
Сум ја гледал, не пасионирано, онака, колку да сум информиран и да не изгледам глуп кога ќе се најдам во друштво и кога ќе се потегне тој муабет.
Или ако сакате посликовито, ко што викаше едно мое внуче кога ќе го прашаше бабаму:
 „Се најде ли!?“
 Тој и велеше:
„Јадев ама ич не беше убаво!“
Така и јас, гледам Евровизија ама без ќејф, ја гледам колку да сум информиран.
Така и оваа година, како што почнува лека полека, да се забрефтува евровизискава еуфорија, така и ја полека почнувам да се информирам што се ќе се случува на тој панаѓур на суети.
Прво нормално, сакав да видам и да чујам, кој ќе не преставува нас, Македонија, на фестивалов и да Ви кажам веднаш, дека, од осамостојувањето до сега, за прв пат, ова според мене, имаме комплетен пакет, пеач и песна, за респект. Ова пак ќе речам, е мое, субјективно мислење, што незначи дека секој ќе се сложи со мене.
Калиопи, може да Ви се допаѓа или не, како личност, појава, ама да се спори за нејзиното искуство како пеач или за нејзините вокални способности, би било само јаде.е г...а за инат или занак за тотална „глувост“.
Песната е типична песна за тандемот Букле - Грил, кој низ годиниве наназад многупати се докажал како квалитетен, хитмејкерски и победнички, што е супер препорака за фестивал како Евровизија. Инаку мене лично песната ми се допаѓа  поприлично и тоа македонската верзија. И моја препорака до МРТВ, ако воопшто нешто им значи е, Калиопи да настапи со македонската а не со англиската верзија.

Откако видов кој ќе не преставува нас, тргнав да ѕирнам што одбрале бившите земјаци.
Најголем впечаток од сите бивш YU републики ми остави песната на Рамбо Амадеус кој е преставник на Црна Гора.
Песната е баш негова, ама онака, типично, типично негова. И незнам што ќе направи на Евровизија со таква песна, најверојатно ништо, арно ама, песната на Рамбо е единствена со порака и ќе биде испеана на англиски за да ја разберат сите, а нарочито ЕВРОПЕЈЦИТЕ, за кој е и наменета поракат во песната. Инаку Црна Гора за мене, има убедливо најдобар спот за својата песна, онака далеку, далеку, далеку................................, најдобар.
За по сликовито, спотот на Црна Гора е на Монт Еверест а следниот е некаде на Мртво Море, е толку е добар. И да не тупам повеќе ја ѕирнете го сами, ако веќе не сте го виделе, во што искрено се сомневам.
Мора да му се признае, Рамбо е оргинален, како впрочем и секогаш што бил.
Србите годинава се одлучиле за нивниот моментално, најголем поп хит мејкер, Жељко Јоксимовиќ. И веројатно не згрешиле. Човекот е како измислен за вакви и слични фестивали.
Иамше муабети дека песната му била плагијат, дека личела на ова:
Навистина незнам, а и не сум стручен за да оценам, можеби наликува, ама па за неизвешетно уво еден куп поп песнички личат една на друга, така да...., навистина незнам, просудете сами, а оргинлот звучи вака:
Хрватите за нивни преставник годинава ја одбрале Нина Бадриќ.
Одличен вокал, супер изгледа, што на вакви фестивали исто многу значи, а песната, песната барем за мене ништо посебно, нешто слично како српската, типична евровизиска.
Спотот на оваа песничка ќе биде интересен за понежниот дел на публиката, илимити за жените. То се да замјетити и од коментарите што се оставени на ТJУБОТ под него. Ај да не Ви расправам, еве па ѕирнете.
Босанците, чија поп и рок сцена во бившата ни држава беше една од најаките, годинава за свој преставник ја имаат извесна Маја Сар. Да бидам искрен јас до сега небев чул за девојкава, ама па тоа, знаејќи колку малку ја пратам нивната нова поп сцена, ништо незначи.
Инаку девојката, супер изгледа и одлично пее. Еден прекрасен баршунаст глас, кој би сакал да ми пее успаванки на увце. Песната, незнам, мене лично повеќе ми се допаѓа и од српската и од хрватската ама баш заради тоа мислам дека послабо ќе помине на Евровизија.
Еве чујте па пресудете сами.
Јанезите како свој преставник за оваа година ја имаат извесна Ева Бото, исто, нити видел нити чул, до сега. Песната се вика ВЕРЈАМЕМ или на нашки, ВЕРУВАМ ДЕКА.
Е сега незнам што Ева Бото ВЕРУВА ДЕКАќе направи со оваа песна на Евровизија, ама мене лично оваа песна од сите бивши YU, најмалку ми се допадна, еве чујте па пресудете сами.
Откако ги преслушав сите песни од бившите ни братски републики на ред дојдоа и останативе комшии, Грци, Бугари и Албанци.
ГРЦИТЕ, одбрале едно симпатично девојченце да пее некоја тралалајка и пак некој педерастични типчиња да скокаат околу неа, колку да ти покварат добар впечаток.
Б’ЛГАРИТЕ, одбрале една тетка која има поприлично оројентални црти на лицето, а и песната им има ориентален призвук во техно ритам. Ништо посебно.
Пее она нешто ТЕ ОБИЧАМ у песната, арно ама јас, искрен да бидам, ниту неа ниту песната не ги ХАРЕСВАМ а камоли да ги ОБИЧАМ.

АЛБАНЦИТЕ, направиле одличен пакет за оваа Евровизија. Супер песничка, одлично испеана од извесна Nora Nishliu  и уште поубав спот. Се на се, мене многу ми се допадна. Незнам како Вам. Ако сеуште не сте ја чуле и виделе, бујрум, па просудете.
Од останатите учесници на годинешнава Евровизија единстевно РУСКИНЕ БАБУШКИ ми го привлекоа вниманието и тоа не заради квалитетот на песната ами чисто како појава. Русите како да скакле годинава да се пошегуваат со овој фестивал на суетите и онака дискретно, од околу, да им кажат дека всушност не се сериозен фестивал туку чиста  заебанција, а на заебантски фестивал се учествува со заебантска песна.
Иначе групава со симпатични Руски Бабички се вика БУРАНУВСКИЕ БАБУШКИ.
Е тоа Ви е одприлика тоа, на кратко или малку подолго, моето согледување за годинашнава Евровизија. Веројатно ќе има уште некоја песна за паметење или барем песна која ќе предизвика внимание и од другите учеснички, ама па мене ме мрзеше да ги листам сите. А ако ги излистам сите нема да ми биде интересно да го изгледам самото натперварување.
Е, од сите овие што ги видов досега и што тука Ви ги представив, реално,:
- Ќе навивам да победи, нормално Македонија и Калиопи и мислам, дека ако некогаш сме    имале шанси да победиме тоа е овој настап. Ако ништо друго, сигурен сум дека ова ќе биде нашиот највисок пласман. НАПРЕД КАЛИОПИ!!!
- Највеќе ми се допаѓа - Рамбо Амадеус, најоргинале е човекот. А и ги дупчи ЕВРОПЕЈЦИВЕ, онака културно по европејски, што ми прави посебен ќејф.
- Највеќе шанси од овие што Ви ги представив да победи има Албанија, Македонија и можеби Босна.
- Нај веќвиѓено е Србија.
- Најдобар спот - Црна Гора иако и Албанија небеше далеку.
- Најзаебантска е песната на нашите најголеми словенски браќа - Русите.
- Нај лоша....И тука имав проблем да се одлучам помеѓу Бугарија и Грција, ама сепак мислам дека грчката песна е убедливо најлоша и тоа не заради тоа што со нив сме најзакарани туку, баш онака, најискрено е најлоша од сите.
- Најпросечни се Хрватска, Србија и Словенија, баш по тој редослед и ми се допаѓаат.
Ај доста Ви беше како за почетна информација. :P

Wednesday, March 21, 2012

ПАНТИЌУ ЈА САМ ИЗНЕНАЃЕН..., А И УВРЕЃЕН


Ова што го гледате на фоткава погоре, ако не сте информирани, како впрочем што не бев ниту јас, е........., незнам како да ја наречам, куќа не е, барем не за мои стандарди, арно ама ќе мора така да ја наречам, кога веќе сите медиуми во Македонија ја нарекоа така, кога го известија македонското пучанство дека била ограбена КУЌАТА на сопругата на покојниот Претседател Борис Трајковски, Г-ѓа Вилма Трајковска.
Значи, да не Ве држам во неизвесност ова погоре да ти било КУЌАТА на сопругата на покојниот Претседател Борис Трајковски, Г-ѓа Вилма Трајковска.
А јас пак, каков што ме дал Господ, наивен и неинформиран, кога прв пат го видов на фотка ова здание си помислив оти е некоја нова поликлиника, хотелче или пак некоја зграда за колективно домување. Кога, шипак, не сум погодил ниту од трипати.
А еве како одеше моетео просветлување.
Станувам наутро, некаде окол седум, спремам близначките за у градинка. Троа натегање...
Ми се спие.
Ми се кака.
Чекај да догледам ТИРЕКС ЕКСПРЕС.
И веќе некаде околу 08:10 сме во градинка.
Се враќам дома, Гоца (мајками) спремила кафе и со стариот седнуваме сите тројца да испиеме тоа кафето.
Пред мене ВЕСТ.......
Стариот уште рано рано купил. Не за друго, туку заради награднава игра.
Се се надева сиротиот, дека ќе му падне стан па да ме исели веќе еднаш од неговиот стан за да може барем на стари години на раат да си проживее со мајками.
Ама не удира гром во коприви, викаат старите.
Пуста желба и ништо повеќе.
На насловна на ВЕСТ, фоткава од погоре и со крупни црни букви, фонт четриесет и некој а може и поголем, пише, ОГРАБЕНА КУЌАТА НА ВИЛМА ТРАЈКОВСКА.
Во прв момент, не ги врзувам фотката и насловот во една целина, па отварам весникот да прочитам кој тоа се осудил да краде од жената на покојниот ни Претседател и што украл. Кога внатре повтрорно истата фотка со истиот наслов.
Гоца вика.......
Види ја ти Вилма у колкава палата живеела, нејзе баш и се погодил вдовичкиот статус!
Ај бе.., и викам јас. Не е можно целово ова здание да е нејзино! Мора ова да е некоја зграда за колективно домување во која Вилма има некој стан.
Ох море синко мој недоветен, простичок и лековерен. Не ти личи на годиниве што ги имаш да бидеш толку наивен. Каков стан, какви бакрачи, се што гледаш на сликава е нејзино, ми вели старата.
Ааа не, не е можно и велам јас. Покојниот може беше смотан, недораснат за функцијата која ја вршеше. Можеби изгледаше ко да паднал од Марс, можеби беше многу нешта, арно ама лопов не беше. Не е можно волку многу пари да смуфтал за нецели три години претседалствување со земјичка како Македонија. Тоа просто не е можно да го направил човек како него, ако заради ништо друго, тогаш заради фактот што човекот беше побожен, дури мислам беше и некој свештеник, Господ од уста не го вадеше.
Арно ама Гоца не се дава, никако да ја убедам. Мисли си ти така, ми вика, затоа ќе живееш во 60 квадрата заедно со мене и со таткоти цел век и ќе спиеш заедно со женати и со двете ќерки на еден кревет. Ееее, море синко мој простичок!
И така се расправаме ние едно половина час, пробувам јас да ја убедам нејзе, ми се подсмева она мене, кога ете ти и на вести на некоја од теливизиите истата куќа  и пак викаат КУЌАТА НА ВИЛМА ТРАЈКОВСКА. Е хебига, нема више бегање. И признавам на Гоца дека она е во право, а дека јас сум еден неинформиран, лековерен шутрак, што би рекла Најче.
Незнам зошто Ви го раскажав ова....
Можеби само да си олеснам на душава, оти навистина ми тежеше. Зошто едно е Најче да ме нарекува ШУТРАК, а сосема друго е мојата родена мајка да ми го каже тоа и најнакрај ептен трето и најболно е кага сам ќе осознаам колку голем ШУТРАК навистина сум бил.

Thursday, March 15, 2012

ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ

Незнам......................
Не се сеќавам веќе, 1986-та ли беше, ’87-ма ли беше? А не е ни важно за приказнава. Важно сеуште беше СФРЈ, едноумие, полицијата сеуште се викаше МИЛИција, а јас бев млад зелен и наивен.
Ова последново сеуште важи а се друго веќе е далечно минато, за жал......
Тие години на овие простори сеуште се играше фудбал, мислам вистински фудбал, не ова што некој се заебува (да ми простите на израз) да отиде да го погледа на нашите стадиони денеска. И сеуште имаше фудбалери, во правата смисла на зборот,( а не ко овие денешниве „селски шиљокурани“ кој само мислат дека играат фудбал), за кој беа заинтерсирани и најдобрите европски тимови. И да, што е најбитно за приказнава, сеуште имаше публика која едвај чекаше утакмица за да отиде на стадион да си навива за својот тим. А немаше маж, (а богами имаше и доста жени) кој држеше до себе, а кој немаше свој омилен тим за кој душата би ја дал. Да се разбереме, тоа се беа тимови од бившата домашна лига а не шпански , италијански и др. белосветски тимови. Тие беа во втор план.
И тогаш, како и денес, имаше нормални навивачи и љубители на фудбалот и оние нјазагреаните кои баш тогаш некако, почнаа да се организираат и да си даваат имиња, Торцида, БББ, Гробари, Делии, Комити, Мераклиje, Хорде Зла и да не редам...(за воља на вистината Торцида и Гробари веќе постоеа како такви од поодамна). Битно во нив тогаш, како впрочем и во овие денешниве навивачки групи, членуваа воглавном помлади луѓе, да не речам адолесценти.
Колку и да беа, за тогашни стандарди, овие навивачи и навивачки групи насилни и недоделкани, во споредба со овие денешниве, тие деца беа прави „вуковци“, што би рекле Београѓани.
Нејсе.........
Јас, мора да признаам, тогаш, а ако ѕирнам длабоко во душава, и денес, навивав за Црвена Звезда, арно ама, поради тоа што живеев (живеам) во Скопје, втор тим за кого навивав и на чии утакмици најчесто одев, беше Вардар. Тие годин Вардар беше еден од најдобрите тимови во бившата ни држава и лига, беше и шампион сезоната ’86-’87, а трибините на градски на секоја утакмица беа дупке полни, се бараше карта повеќе, и тоа без разлика кој гостуваше на Градски, Звезда, Вележ, Динмамо, Војводина или некој друг.
Е сега, да се вратам на приказната, се сеќавам на едно гостување на Хајдук, кој инаку беше познат во бившата држава како тим кој има највеќе навивачи надвор од нивниот матичен град Сплит, а Скопје не беше исклучок, па така, на таа утакмица  источната трибина на Градски, на која секогаш беа навивачите на тимот кој гостуваше, беше преполна со навијачи на Хајдук. Бидејќи МИЛИцијата ова го очекуваше, насекаде по трибините на Градски низ навивачите беа распоредени обични МИЛИцајци - позорникари кои требаше да ја контролираат публиката и нивните реакции, како не би дошло до некој инцидент, а долу, на атлетската патека покрај теренот стоеше паркирано едно ПИНЦГАУЕРЧЕ покрај кое стеоеа и ја гледаа утакмицата, десетина полициски специјалци кои беа како екстра обезбедување, демек за недајбоже.
Почна утакмицата..
Неделно попладне, тргна лошо за Вардар, Хајдук брзо поведе. Атмосферата на трибините се запали до максимум, а навивавачите на Хајдук од источна само долеваа масло на огинот со нивното навивање. И се беше во ред до моментот додека едно друштво од два-тројца веројатно малку поднапиени и раздразнети навивачи на Врадар, решија својата љутина да ја смират со тоа што ќе се поигруваат со МИЛИцаецот кој стоеше во нивна близина, поточно еден од нив му ја турна шапката од главата. Оваа несолена шега предизвика смеа помеѓу публиката која ги окуражи оние што му ја турнаа шапката на МИЛИцаецот да продолжат да се поигруваат со него, поточно да му ја кријат и да не му ја даваат шапката. Оваа забава за публиката не траеше долго, поточно траеше нецели 2-3 минути, време колку што им требаше, на наваидум незаинтересираните и сонливи специјалци да забележат што се случува со нивниот колега на трибината и со трчање, за нецели 10-15 секунди да се најдат покрај него. Прво што направија кога се најдоа на местото на инцидентот, грубо го отурнаа нивниот колега настрана, а потоа следуваше таков брутален напад врз “веселите“ навивачи кои се осудија да се поигруваат со нивниот колега, што и ден денеска, тоа е првото нешто што ми се појавува пред очи кога ќе чујам ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ. Ги измаваа ко “волови у купус“, што би рекле Скопјани и така истепани, целите во крвови и модрици, ги влечеа низ трибините се до паркираниот ПИНЦГАУЕР каде што ги ставија и ги однесоа до некоја оближна полициска станица на „довоспитување“.
Тогаш, а и сега, мислев и сеуште мислам, дека тоа беше претерана употреба, да не речам, ЗЛОУПТРЕБА, на физичка сила на униформирани лица врз цивили, односно типична ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ. Арно ама, по настанот, состојбата на трибините се смири и утакмицата заврши во најдобар ред, без никакви понатамошни прекини и проблеми.
Утредента ниту по пишаните ниту пак по електронските медиуми, немаше ни збор за било каков инцидент на утакмицата а камоли некакво спомнување на полициска бруталност, а да незборам дека никој не ни помислуваше, а камоли да организира, било какви протести против полициска бруталност. Останаа само малските кафе муабети на кој се прераскажуваше настанот и ништо повеќе.
Е сега немој да ме разберете погрешно, арно ама по сите неодамнешни случувања во државичкава, би сакал да можам да го вратам времето назад и да ја донесам таа МИЛИЦИЈА наместо оваа ПОЛИЦИЈА, таа ТОТАЛИТАРНА држава на местото на оваа ПЛУРАЛНА И ДЕМОКРАТСКА држава, тој медиумски МРАК на местото на оваа медиумска СЛОБОДА, за да можам слободно и без страв да отидам на утакмица, да пуштам дете со автобус да отиде на училиште, да отидам на кафе до кај другарми во Чаир, да .................., да направам уште мал миљон работи, што нормален човек ги прави во нормална земја, без да се плаши за својата и безбедноста на своите блиски..
И знам дека многумина од Вас ќе речете дека не сум нормален што посакувам такво нешто, ама јас мислам дека тоа е нормална желба на секој нормален човек, од проста причина што се испостави дека, поголемиот дел на луѓево од овие простори се, да ми простите, како стока, не се разбираат од збор, туку само од стап и од ќотек.
За жал!

Wednesday, March 7, 2012

А БЕ КОЦЕ, ДА ЛИ СИ ТИ НОРМАЛЕН!?



Ова не е реторичко прашање, епетн сериозно прашувам.........., ДАЛИ СИ ТИ НОРМАЛЕН!?
Има ли крај на твоите глупости!?
Навистина планираш да ги ставаш ова галииве на потокот од лајна наречен Вардар?
Ова и од тебе да е, навистина многу е!
Па не ли ти беше доста идеата за распениот часовник, која фала богу непројде, гомноскоците и плажите, ова плажи, колку да не ги наречам кучешки ќенефи, на истиот тој Вардар, па зар навистина мислиш дека уште ова му недостасува на градот кој ти го дадоа да го раководиш?
Кој од заслужните партејци треба да си добие локалче во центарот на градот а да неплати ни банка?
Вака ли функционира вашата идеа за подршка на малото стопанство  во земјата? Со давање на бесплатни кафанчиња на Ваши партиски „заслужни“ граѓани.
Во состојба сте да ставите вакво ругло во центарот на градот, кое ќе служи за правење вицови меѓу луѓето во околните земји па и пошироко, само и само, да задоволите ситнопартиски и ситнопрофитерски апетити на Ваши партиски финансиери и финансиерчиња.
Па кај ќе Ви оди душата???
Скопје е сепак главен град на оваа држава за која демек толку се борите и за која демек животот би го дале.
Имајте милост..........

Или се збратимивме со Белград, па сега на белградски реки имало сплавови па и во Скопје мора да се направат? И нема  врска што белградските реки изгледаат вака како на сликава десно, и што се барем едно дестпати поголеми од нашиот  Вардар, кој сиротиот преку лето може да го препешачи и мало детенце од што едвај има вода.
Или пак те намолија нашите турбофолкери да им направиш местенца каде и они како нивните колеги од северот, ќе ги покажат нивните квалитети?

Ако веќе имитираш тогаш имитирај ги до крај, па да изгледаат нормално а не ко да правите сценографија за Петар Пан.
Или пак и тука мораше да додадеш дел од својата оргиналност.
Зар сеуште не ти стана јасно дека „античка мирудија“ не се става во секоја „манџа“ (читај градба). Зар сеуште не ти стана јасно дека некој од тие „манџи“ (читај градби), во најмала рака по вкус се бљуткави (читај изгледаат смешно)? Или спремни сте (ова мислам на сите Вас како партија - ВМРО ДПМНЕ), сто товари сол да изедете ама вашиот план (читај инат) да го истуркатае?
Само не ми е јасно кому му терате инат?
На сопстевниот народ, на сограѓаните кои Ве донесоа на таа функција?!
Зар не Ви е јасно дека паметен и доблесен човек признава кога ќе згреши и дека за таков еден чин луѓето околу него не му се смеат, туку баш поради такво признание, уште повеќе го почитуваат, зошто, не е срамота да се згреши, впрочем не греши само оној кој не работи.
А само глупавите и прости луѓе не ја признаваат својата грешка и по воочување на истата.
И не само што не сакаат да ја признаат грешката, ами со правење на уште поголеми и поглупави грешки пробуваат да ги покријат предходните. А со кал прљавштина не се мие, туку само уште повеќе се гнаси. За да се измие треба чиста вода и сапун.
Јас искрено се надевам дека ти лично не си од овие вториве и дека некаде длабоко во тебе сеуште постои тронка совест и чесност која нема да ти дозволи да го реализираш до крај ова ремек дело на будалаштината во која се претвори овој проект Скопје 2014.
Ако навистина ги истопориш овие смешни сплавови ГАЛИИ на брегот на Вардар во самиот центар на градот, тогаш дефинитивно ќе го достигнете врвот на глупоста со Скопје 2014-та.

Ааа, да, уште нешто ќе заборавев!
Немој бе Коце, остај што Скопје ќе се унакази со оваа идеја, туку може на тебе да се угледа и твојот партиски колега, Градоначалникот на Битола, Г-динот Владимир Талески.
Ако е смешно вакво чудо да се стави на Вардар, можеме само да замислиме како истиве би изгледале во Драгорот.







Со почит.......
Еден од многуте кој те гласаше и те донесе на оваа функција на која си сега..
Ако тоа воопшто нешто ти значи?

Saturday, March 3, 2012

ПЕРАЛНА НА МОЗОЦИ


Нема друга песна која подобро ја објаснува моменталната ситуација во Македонија.........
А и Библијата не учи дека, ... Блажени се бедните по дух зошто нивно е царството небеско. ....
Затоа драги мои, ако не Ве бендисува тоа што нашите лидери Ви го сервираат како имитација на животот на овој свет, не мудрувајте многу и не мачетесе да ја сфатите нивната возвишена цел, туку заглупавете што повеќе можете додека сеуште ја газите земјава и очекувајте ја наградата кога ќе стигнете во царството небеско. 

ПРИЈАТЕЛСТВО


Пријател...........
Пријателство............
Некој велат дека правите пријатели се стекнуваат во детството или најдоцна во тинејџерските денови, кога човечката душа е сеуште чиста и не корумпирана од животот и предизвиците што тој ги носи сосебе.
Мажите често знаат да кажат (ова за оние кои служеле војска), дека право и искрено другарство - пријателство се доживува само во војска.
Незнам..........
На прва топка, без многу размислување, склон сум да се сложам и со двете мислења.
Не заради друго, ами, кога ќе прочепкам низ сеќавањата од минатаото, ми навираат спомени на прекрасни пријателства од детството, а поради тоа што служев ЈНА, се сеќавам и на исти такви ако не и уште појаки спомени за незаборавни пријателства од таа година дена помината во SMB униформа.
Но кога ќе размислам подобро, повеќето од нив, ако не и сите, веќе не се тоа.....
Пријатели мислам....
Ами само убави спомени на едно одамна минато време.
Повеќето од тие луѓе кој некогаш ми значеле повеќе и од најродените, не сум ги видел со години. Незнам ако денес некаде ги сретнам, ќе ги препознаам ли воопшто?
До неодамна веќе се имав и помирено со мислата дека повеќето од нив, без разлика колу ми значеле во некој период од мојот живот, веќе никогаш нема да ги сретанам, а камоли да скршиме кафе муабет.
Но, се случија социјалните мрежи, поконкретно FACEBOOK-кот.
И одеднаш, старите и веќе закопани надежи за повторна дружба со пријателите од детството, од училиште, од ЈНА, како повторно да испливаа на површина.Заживеаа во мене толку силно, што станаа главен мотив кој ме тераше да го совладувам facebook-от и начините за негово користење.
И глеј чудо, тие, моите пријатели, барем поголемиот дел од нив, навистина беа таму, мислам на екранот.
Доволно беше да се напише нивното име и презиме и facebook ги пронаоѓаше за мене.
Прекрасно чувство.........
Повторно да се сретнеш, макар и виртуелно, со другарите.
Да промуабетиш.
А на муабетите им нема крај.
Незнаеш што попрво, да евоцираш спомени или да си раскажеш се што ти (ни) се случувало од последното наше видување.
И така, што повеќе пријатели facebook, пронаоѓаше за мене, така во мене се создаваше чувство дека се обновуваат старите пријателства и се зацврстуваше мислењето дека вистинските пријатели и пријателства кои се создавале додека сум бил дете, биле толку силни, што всушност никогаш не згаснале, ами за цело време тлееле и само чекале некое поволно ветерче повторно да ги распали.
И се така до едно утро кога, како впрочем и скоро секое друго утро се логирав на facebook.
Гледам тоа икончето за Friend Requests ме известува дека некој го прифатил моето барање за дружба. Се израдував кога видов дека тоа е една моја другарка од средно со која на времето ептен дружевме и бевме блиски а која одамна, мислам од утрото по матурата, ја небев видел ниту чул. Едноставно ни се разидоа патиштата и никогаш веќе не се сретнавме.
После ова утро, секогаш кога ќе се приклучев на facebook, гледав да ја начекам online и да си направиме муабет.
Едно утро се случи и тоа...
Ја гледам мојата другарка online и веднаш почнав да и муабетам. Но, за жал, од муабетот се испостави дека тоа не е мојата школска ами некоја друга девојка, со исто име и презиме, од Вараждин, Хрватска.
Нејсе, бидна, се запознавме со девојчево. Се испостави дека е бајаги помлада од мене, 15-ина години и дека никогаш небила во Македонија.
Но сознанието дека имаат исто име и презиме со мојата школска и дека тоа не е некое вообичаено име како Александра Тодоровска пр., а и фактот дека таткои на школската беше од Хрватска и тоа баш од тој дел околу Вараждин, го отера муабетот со девојчево дотаму, што она дента се распрашала по нејзините да не случајно имаат роднини во Македонија и дознала работи кои утре дента, кога повторно се сретнавме на facebook, ми ги раскажа.
Имено, се испостави дека, не само што имала роднини во Македонија, туку испадна дека мојата школска и е роднина.
Што ти се вика да е мал светот!
А!? Што велите на ова?
Ми раскажа, дека мојата школска се омажила и дека го сменила своето презиме.
Дека родила две деца и дека едното и починало на 10 годишна возраст од некоја врста на акутна леукемија и дека во моментов школската со вторто детенце, кое имало осум години, била во Германија на лекување, поради тоа што и оно боледувало од истата болест.
Од убава, поубава вест...........
Сто пати се покајав што воопшто ја побарав по нетов.......
Нејсе, бидна...........
Од тоа утро немаше ден да не помислам на школската и нејзината трагедија.
Се чувствував беспомошно.
Си велев,
Каков другар си ти кога неможеш да и помогнеш на другаркати кога и е најтешко?
Се молев барем второво детенце да и оздрави.
Една вечер гледајќи телевизија на екранот во паузата за реклами, читам известување (иако скоро никогаш не ги читам ваквите известувања, не за друго, ами после тоа ми е мака од сознанието дека неможам ништо да сторам за да им помогнам на тие луѓе) во кое некој родители бараат парична помош за лекување на нивното осумгодишно дете кое боледува од некоја врста на леукемија и на кого итно треба да му се изврши трансплантација на коскена срж во Германија.
Во моментот додека го читам известувањето ми станува јасно дека се работи за детето на мојата школска.
Просто неможев да  поверувам што се’ се  случува.
Не помина многу време, девојката од Хрватска со исто име како мојата школска, ме извести дека за жал, детето на мојата другарка ја изгубило битката со болеста. Не успеале навреме да соберат доволно пари за да се направи операцијата која би го спасила детенцето.
Оваа вест просто ме обори, неможев да се соземам со денови.
Чусвството дека моја блиска другарка, иако се немаме видено скоро четврт век, го изгубила своето чедо, не ме напушта ни ден-денеска.
Има нешто во тоа вистинско пријателство, во тоа искрено другарство, меѓу двајца луѓе. Нарочито во она стекнато во детството, што без разлика на километрите и годините кои се исправаат помеѓу вистинските другари, го одржува живо.


Friday, March 2, 2012

МЕЧКА ЗАШТИТЕНА СО ЗАКОН


Ви текнува нели!?
Ќе ги заштитиш мечкиве со закон а они толку многу ќе се накотат и ќе се осилат, што ќе почнат да ти влегуваат во пчеларникот и да ти прават лом. А ти, поради тоа што ги штити законот, не смееш да го извадиш чивтето ниту за да пукнеш во воздух, колку да ги уплашиш, а камоли, недајбоже да ги повредиш. Ќутиш, трпиш и се снаоѓаш како знаеш и умееш, зошто ако се осмелиш со сила да го заштитиш она што е твое и што со судни маки си го стекнал и одгледал, си го наебал ко жути!
Дури тогаш ќе ја видиш правната држава на дело, пропратена со сите знајни и незнајни невладини организации за заштита на овие „мили“ ѕверови.
И додека ти ќе се прашуваш, каде била таа иста правна држава кога мечките ти го растурале пчеларникот, каде биле тие невладини заштитници, кога мечките ти го изеле коњот и единствената крава молзница со која си ги поел дечњата со млеко, ќе го кркаш стапот и тоа така дебело, што и црното под ноктите што го имаш, ќе ти го земат.
И зошто!?
Само заради тоа што си сакал да го заштитиш својот имот и својата стока.
И најстрашно од се е, што и твоте блиски, твоите комшии, наместо да те бранат, ќе те осудуваат. Како ли само си се осудил да повредиш едно такво загрозено животинче!?
А незнаат сиротите, дека штом мечкава дошла да игра во мојот двор, не е далеку денот кога истото ќе го направи во нивниот.
Ама тогаш за жал ќе биде доцна.

Thursday, March 1, 2012

БЛОГЕРСКА СРЕДБА-04.02.2012

Posted on February 5, 2012 - РЕПРИНТ

Ете бидна и тоа, го скршив мразот и по скоро цели пет години блогирање присуствував на една блогерска средба.
И веднаш да Ви кажам на сите, а посебно на оние кои досега не присуствувале на ваков настан……………., ништо страшно, не тепаат………, а ќе те почестат………, со некое пивце, троа , ма што троа, малку повеќе од троа кикирики со лушпа и што е најбитно со еден куп насмевки и пријателски муабети, чиниш те знаат векови.
А како викаат нашите стари………, кога ти даваат, земај, кога те тепаат, бегај.
Така да драги мои блогерки и блогери на следната средба слободно можете да дојдете, еве уште еднаш Ви гарантирам дека натепани нема да си отидете.
Е сега да не се правам и јас толку храбар, и јас отидов со троа резерва, зошто да бидам искрен, незнаев дали виртуелнава дружба ќе се повтори и во реалниот свет или????
Ама си реков, мечка страв мене нестрав, запалив аутцето и правец ПИАЦА.
А никого не познавав лично во реалниот свет и се прашував како ќе ги препознаам блогериве помеѓу останатите гости, кои сигурно ќе ги има во локалот, нарочито што немаше договорено некој знак на распознавање.
Пр: црвени каранфил у реверу ;-) .
Арно-ама, како што ми рече некој по нетов пред да тргнам, БЛОГЕРИ секогаш си се препознаваат. И вистина така, штом се качив на вториот кат на ПИАЦА веднаш го препознав малото ама одбрано друштво.
Е сега да бидам целосно искрен, ми помогна и фактот што овие денови за разлика од порано, блогериве, барем поголемив дел од нив, преку ова суратефтерот излегоа од тотална анонимност. Ама тоа не го менува фактот дека маста на која седеа  веднаш ми го привлече вниманието, просто како некој магнет да ми го влечеше погледот натаму.
После првото здраво-живо, муабетот продолжи ко да сме го прекинале вчера на кафепиење а не ко да првпат ги гледам луѓево во живо.
И се така, додека келнерите од ПИАЦА не рекоа фајронт.
Супер дружба, штета што бевме малку, верувам дека во некој поголем состав ќе биде уште позабавно.
Благодарам на ЏАМАН, кој ја организираше средбата а и на сите останати кои можете да ги видите овде.

НЕ СИ СТОЈАМ НА ЗБОРОТ

Posted on February 9, 2012 - РЕПРИНТ

Пред извесно време другарми Игор ми даде да погледам еден шведски филм со препорака дека ептен го бива и истовремено ко да ми кажа дека е дел од некоја трилогија. Арно ама тогаш бевме замуабетени за нешто друго и ова со трилогијата го сејфував некаде длабоко во некој зафрлен фајл и скоро заборавив на тоа инфо.
Што е право, помина и долго време додека решив да го погледнам филмчево, го вчелев на USB-то, можеби два месеца пред да најдам време, а да Ви кажам право и расположение да го ѕирнам.
Нејсе, се погоди и времето и расположението и го погледнав филмот и да Ви кажам, ептен ме бендиса. Всушност толку ме бендиса што седнав на нет и го побарав на www.imdb.com. И сега да не Ви раскажувам ко ЦАЦКО за што се работи во филмот, ја ѕирнетего трејлерчето.


Дури кога го најдов на www.imdb.com, ми се врати информацијата за трилогијата што ми ја спомна Игор кога ми го даваше филмчето и најстрашното беше што всушност, ова што јас  го гледав да ти бил последниот, третиот дел  од трилогијата.  Е хебига, така ти е тоа кога нетураш еднаков дикат на секоја информација што ќе ти ја дадат луѓето.
Барајќи понатаму по нетов, испадна дека оваа трилогија која се состои од следниве филмови :
1. The Girl with the Dragon Tattoo
2.The Girl Who Played with Fire
3.The Girl Who Kicked the Hornet’s Nest
е всушност направена по книгите на шведскиот автор Stieg Larsson и дека во Шведска и др. нордиски земји биле прикажувани како минисерија во шес продолженија.
Да биде бељата уште поголема се испостави дека дома ја имам првата книга од трилогијата односно ДЕВОЈКАТА СО ТЕТОВАЖА НА ЗМЕЈ, ми ја подарил некој некогаш или пак ја бев купил, и за тоа небев сигурен. Како и да е, решив да ја прочитам. Во меѓувреме додека ја читав книгата од нет го спуштив и вториот дел,  The Girl Who Played with Fire и го изгледав. И овој дел ептен ме бендиса.


Толку многу бе бендиса, што повторно си го погазив зборот за тоа дека нема да гледам филм откако предходно ќе ја прочитам книгата по која е правен, го симанв од нет и првиот дел The Girl with the Dragon Tattoo и го изгледав.


И!?
И по незнам кој пат се зезнав што не си стојам на зборот.
Секоја чест на режисерот Daniel Alfredson , професионално си ја завршил работата човекот, арно ама кога јас би имал режисерско знаење  малку подругачије би ја усликал книгата што ја читав. Веројатно секој читател во својата глава различно ја слика – филмува книгата што ја чита, што е и нормално, сите сме различни личности со различна перцепција на нештата и на крај на краиштата со различна имагинација. Ама колку и да ни работи имагинацијата, колку и да сме, под претпоставка дека сме, добри режисери, мислам дека е страшен предизвик да се филмува добар роман.
Можеби сликата вреди илјада зборови, арно ама, еднен одломок, една реченица, па дури некогаш и само еден збор од некое прозно дело, во главите на миљони различни читатели, може да предизвика исто толку, ако не и повеќе слики.
Така да, лошо е кога човек не си стои на зборот и не учи од своите грешки. :(
Инаку да, ептен Ви ги препорачувам сите три филма или сите три книги, кој како милува, но послушајте ме и немојте да ја правите истата грешка што ја направив јас и тоа незнам по кој пат веќе, ако прво ги прочитате книгите немојте да ги гледате филмовите, зошто ќе се разочарате и неправедно ќе ги оцените со ниска оценка.
Сите други опции играат, односно може да ги погледате филмовите па да ги прочитате книгите, или само да ги погледате филмовите, или пак, само да ги прочитате книгите.
Верувајте ми на збор, нема да згрешите. :)
П.С.
И уште нешто што не го споменав во постов погоре, од првиот дел, односно од ДЕВОЈКАТА СО ТЕТОВАЖА НА ЗМЕЈ и американците имаат направено филмче и мислам дек веќе игра и кај нас во кино МИЛЕНИУМ, не сум го гледал, арно ама јас секогаш навивам за европскиот филм, така да, моја препорака е изгледајтего оргиналот прво па потоа може да го гледате и она што го направиле Америте.









УЧАТ ЛИ НЕШТО НАШИВЕ ДЕЦА?

Posted on August 27, 2011 - РЕПРИНТ

И да не ве држам во неизвесност, веднаш да Ви кажам……………, неучат ништо!
Ама буквално ништо!!!
Толку ништо незнаат што ситуацијава е АЛАРМАНТНА!
Ама вистински алармантна и ако уште завчера надлежните не преземат нешто да се смени истата, за генерација – две ќе станеме најнеписмената нација на планетава, ова со 100% сигурност го тврдам.
Е сега и да Ви кажам и како дојдов до ова сознание.
Пред некој ден по некоја пука случајност во рака ми дојдоа едно 250 TIMSS 2011 теста, кои ги решавале (пополнувале) наши осмооделенци. Инаку овие тестови се  интернационални и ги припремаат и издаваат луѓето од IEA.
Тестовите се поделени на два дела, во првиот дел се групирани прашања од природните науки, а во вториот дел прашања од математика.
Незнам што ми требаше и кој ѓаво ме тераше, арно ама отворив еден да видам што тест е тоа, како е конципиран и се разликува ли од тестовите што мене ми ги давале на училиште.
И се стори…………………
Отворив тестот и почнав прво да ги читам прашањата, без првично да обрнувам внимание на дадените одговори на истите, но бидејќи прашањата ми се видоа поприлично лесни, реков, ај да видам како одговориле децава.
И имав што да видам.
ПРИМЕР – 1, вели вака:
- На сликата подолу е прикажан синџир на исхрана : растение ; скакулец; гуштер; буф; орел.
Па следи прашањето: Во една земјоделска заедница, кој организам во синџирот на исхрана е најголем конкурент на луѓето и зошто?

Верувале или не, од 250 осмооделенци само еден имаше точно одговорено, уште еднаш САМО ЕДЕН!
Од дадените одговори можеше да се заклучи дека 80% од децата не го знаат значењето на зборот КОНКУРЕНТ.
ПРИМЕР – 2 вели вака:
-Бубрезите се органи од човековото тело. Еден човек многу млад заболел на едниот од двата бубрега, и бубрегот морал да го извади. Сега овој човек има син.
Па следи прашањето: Со колку бубрези се родил неговиот син, објасни?
На ова прашање точен одговор со објаснување зошто,  имаат дадено само 20% од учениците, а без објаснување (што по правилата на тестот се смета за неточен одговор), некаде околу 50%, а имаше и одговори од типот: три бубрега или пак четри бубрега.
Само двајца или тројца ја имаа спомнато генетиката и гените што според правилата на тестот е ептен пожелно да се спомне во одговорот.
ПРИМЕР – 3 вели вака:
Наведи еден пример за тоа како вулканските ерупции можат да влијаат врз животната средина?
Едвај 10% од децава успеале да склопат просто-проширена реченица која едвај да може да се категоризира како точен одговор на ова прашање.
И да нередам веќе примери зошто навистина ги има многу и од физика и од хемија.
А за прашањата по математика и да не Ви расправам, тука поголемиот дел од учениците кои ги решавале тестовиве не ни пробале да дадат одговор, нарочито ако истиот не  е понуден во листа од можни одговори, односно, ако самите морале да ја решаваат задачата.
Ги гледав тестовите и незнаев дали да се смеам или да плачам, ама навистина незнаев!
Ако е да се суди по овие тестови, нашиве деца не само што ништо неучат на училиште, туку немаат прочитано во животот ни еден Политикин Забавник или некој негов еквивалент, немаат погледано ниту една научнопопуларна емисија на безбројните ТВ канали, немаат сурфнато еднаш на сајтот на Википедија, да незборам за некој други посериозни сајтови и да нередам веќе, со еден збор, или пточно со четри збора, НАШИВЕ ДЕЦА СЕ НЕПИСМЕНИ, ама онака, тоталка.
Ако постарите генерации на нивни години знае колку жито произвела Аргентина во реколтата од 1968 година, денешниве осмооделенци за жал незнаат ни каде се наоѓа Аргентина а камоли да ја покажат на мапа или недајбоже глобус.
Тажно, навистина тажно……………

ЦИГАНСКА – РОМСКА КЛЕТВА

Posted on June 16, 2011 - РЕПРИНТ

На времето во комшии кај мене живееа две цигански илимити ромски фамилии, да бидам политички коректен. Кога ќе се степаа децата заради некоја детска тривијалност, често таа детска кавга преминуваше во сериозна караница помеѓу возрасните.
Една работа посебно ми останала во сеќвање од тие кавги, кога едната циганака (ромка де) на другата ќе и речеше: „Да ти га тури мој муж, да ти га тури, ама да не ти го става до крај, да не ти се слади!“
Е оваа циганска (ромска де) клетва е првото нешто што ми падна напамет кога Владата или поточно ВМРО ДПМНЕ вчера го ЕРЕКТИРАА споменикот на Ацета Наш, арно ама не го нарекоа АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ниту ВЕЛИКИ, туку споменик на НЕПОЗНАТИОТ ВОИН – КОЊАНИК.
Сега сигурно се прашувате каде е врската помеѓу циганската (ромската де) клетва и споменикот на НЕПОЗНАТИОТ ВОИН- КОЊАНИК. Е па еве каде е……….
Негативните последици од еректираниот споменик сите ги насетуваме па дури и веќе некој најави денеска и чувме за истите. Браќата од југ веднаш не поздравија и ни порачаа дека дури сега ќе дремеме под КОШУЛАТА НА НАТА сонувајќи за влез во НАТО.
А од друга страна, на споменикот нема да пишува АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ниту ВЕЛИКИ, ами споменик на НЕПОЗНАТИОТ ВОИН- КОЊАНИК, така да и тука нам како МАКЕДОНЦИ, задоволството ќе ни биде ускратено.
Што мене како Македонец, ми значи таму некој непознат воин и како тој ќе ми ги разбуди патриотските чувства во мене!?
Е баш во тоа е врската, драги мои, помеѓу ЕРЕКТИРАНИОТ СПОМЕНИК и ЦИГАНСКАТА (РОМСКАТА ДЕ) КЛЕТВА.Ниту Споменик на Ацета Наш, ниту затоплување на односите со цигаништана, (Грчиштата де) да бидам пак политички коректен.
ВМРовциве ни го „ТУРИА“ ама не ни го „СТАВИА“ цел и нам да ни се слади а не само ним.
Ееееееее, вмрОВЦИ, вмрОВЦИ, ептен сте егоисти, навистина нема смисла само вам да Ви се слади, дај помислете малку и за народецов кој повторно Ве устоличи на тронот. Па и ние сме гревчиња!
Навистина нема смисла. :(

ТЕЛЕФОНСКАТА СЕКРЕТАРКА НА БАБА И ДЕДО

Posted on December 2, 2010 - РЕПРИНТ

Постов сакам да им го посветам на сите Бабовци и Дедовци кои ептен ни се наоѓаат во нашиве животи.
Сте помислиле ли како би ви изгледал еден ден без Баба и Дедо, без помошта на Вашите родители.
Да бидам искрен, јас често. Незнам, можеби затоа што ја делам секојдневницата со нив, ги делам истите 64 м2.
Уште поточно речено, јас и моите, живееме со моите.
Конструкцијата на горнава реченица е малку чудна ама мислам дека сите разбирате што сакам да кажам.
Толку се чести поплаките на младите луѓе од своите родители, во стилот демек колку им се на терет, што истите веќе и во фолклорот се влезени. Како на пример „ЉУБОВТА“ помеѓу снаата и свекрвата или „КОЛКУ ДОБРО И МИСЛИ“ зетот на бабата и т.н.
Арно ама ако малку седнете и размислите не ќе да е се баш така црно, кога се работи за Бабовците и Дедовците, мислам дека таа медаља има и друга страна која е барем два пати, ако не и повеќе, посјајана од оваа првата.
Ако не ми верувате замислете Вашите родители на нивната ТЕЛЕФОНСКА СЕКРЕТАРКА да снимат ваква порака.
Добро утро. Во моментов не сме дома но, Ве молиме по звучниот сигнал да оставите порака. Тиииииииииииииит.
-Ако сте едно од нашите деца, притиснете 1.
-Ако сакате да Ви ги причуваме децата, притиснете 2.
-Ако Ви е потребна нашата кола, притиснете 3.
-Ако сакате да Ви ги испереме и испегламе алиштата, притиснете 4.
-Ако скате внуците вечерва да преспијат кај нас, притиснете 5.
-Ако сакате ние да Ви ги земеме децата од училиште-градинка, притиснете 6.
-Ако сакате да Ви подготвиме неделен ручек и истиот да Ви го доставиме до дома, притиснете 7.
-Ако сакате да дојдете да јадете кај нас, притиснете 8.
-Ако Ви се потребни пари, притиснете 9.
-Ако сакате да не поканите на вечера, или да не изведете во театар, продолжете да зборувате ние Ве слушаме!
Не би Ви било баш право, нели!?
Затоа Бабовци и Дедовци, едно ГОООООООООООООООООЛЕМО,  БЛАГОДАРАМ од мене, а мислам дека и поголемиот број мои блог пријатели ќе се придружат кон истото!

ЗОШТО СЕУШТЕ „29-ти НОЕМВРИ“!?

Posted on November 29, 2010 - РЕПРИНТ

Минатата недела пред да се случи калакурницата со А1 телевизија или како некој ја викаат „РАМКОВИЗИЈА“, тема што го преокупираше за информации гладното македонско пучанство беше една анкета, направена незнам од кого, која се занимаваше со феноменот на југоносталгичарството помеѓу Македонците.
Елем, ако е да и се веруе на дотичната анкета и уште пофиљан агенција за испитување на јавното мислење или мненеие беше на македонски, небитно, Македонците во огромен процент некде околу 65%, жалат за бившата ни држава и ситем, или се ЈУГОНОСТАЛГИЧАРИ.
Е сега, што ми е муабетот.
Сите релевантни и оние помалку релевантните фаци и фацички на ова г’с место простор, откако ги прочитаа „поразителните’“ резултати на анкетата фатија да се занимаваат и да ја коментираат последицата , т.е. Македонскиот Народ и онака својски, како строг родител дете, го искараа, некој дури беа во состојба и да го истепаат, доколку им се дадеше таква можност, затоа што бил југоносталгичарски настроен.
Истовремено на ниту еден од овие погореспоменатите „РЕЛЕВАНТНИ“, не му падна ни на крај на малиот мозок да се позанимава со ПРИЧИНАТА која довела до поразителниот резултат на дотичната анкета, односно која довела до ПОСЛЕДИЦАТА, во случајов ЈУГОНОСТАЛГИЧНИОТ Македонски Народ.
Кога подобро ќе размислам нема и што да се исчудувам, како можам да очекувам ПРИЧИНАТА САМА СО СЕБЕ ДА СЕ ЗАНИМАВА И ДА СЕ АНАЛИЗИРА.
Затоа нека ти е честит празникот моја мила ПОСЛЕДИЦО, зошто додека имаш вакви морони кој те водат, ќе бидеш само тоа, СТАТИСТИЧКА ПОСЛЕДИЦА!
Еве и две пригодни песнички кој добро ќе легнат со мојава честитка.


ИЗВРТЕНИ ВРЕДНОСТИ

Posted on November 25, 2010 - РЕПРИНТ

Е вчера кога не ме стрефи срчка, не ми треба Др. Ќаев ниту ЕКГ да ми каже дека ЧУКАВА ми е ОК!
А бе стварно ова животниве, а и општо вредности, се извртеа наглавачке у оаваа изопачена држава.
Завчера приметуем у тоа ФАБИЈАТА што уште година ипол па ќе биде моја, ми се вратил бројчаникот на километражата, онака од чиста мира едно десет тисуќа км. наназад, и ми се појавило она клучено на дисплејчето кое ме подсетуе дека треба да идам на редовен годишен сервис иако истиов го направив пред неполни пет месеци.
Си викам ај да отидам до кај сервисеров да видам да не е нешто сериозно.
И онака нешто требаше стариот да го вожњам низ градов на неколку локации, си викам ај ќе скокнам и до Мали Париз илимити Такозвана Шутка, кај КОЛКУ Е – ТОЛТУ Е.
Ојдов………….
Цуците на приемно што по везден пијат кафе и покажувајќи нозе се трудат да изгледаат убаво,
мада не секогаш им успева,
ако сум искрен, ретко им успева,
ми викнаа едно типче по име Данијел ( кога го чув имево одма почнав да ја певушам песнава) ,кој дојде ме ислуша што имав да му кажам околу проблемов и ми рече дека знае одприлика што би можело да биде и дека за оправка ќе треба едно три часа. Пошто немав толку време а аутцево ми требаше, се договоривме утре дента да им го донесам у сервис некаде околу девет часот изутрина.
Речено сторено, сабајлеечки во девет и петнаесет ја нацртан у ТОЛТУ и го барам Даниел. Излезе момчево ми направи прием на аутово, демек што има што нема (раткапни, радио, ланци и сл. тракатанци) ми ги зеде клучевите и ми рече дека за најдоцна четри часа ќе ме побарал по телефон за да дојдам да си го земам аутото. Добро му велам јас, ај кажи молимте што пари ќе чини оправкава да знам колку да носам со себе?
А бе незнам…….., ми вика. Треба да се ресетира компјутерот (ова под компјутер да не помислите кузнае што компјутер има ФАБИАТА од пред скоро пет години), тинтири, минтири, туц, муц и не ми кажа цифра. Ај си викам јас не ќе да биде поише од петстотче до илјадарка и престанав да инсистирам да ми каже цифра, туку остаиф аутото прошетав троа низ пазарот у Шутка (мала дигресија за сите заинтересирани, има добра и е фтина роба), се качив на 19-ка и му ја опраив дома.
Некаде кам четрнаесет часот ми ѕвони мобиљка, кога ететиго Даниел са друге стране, ми кажуе дека можам да дојдам по аутото пошто ми било готово. Викам добро еве тргам одма, него кажими молимте, пошто утрово не ми кажа, колку ќе ме чини оправкава?
Епаааа, видете вака,  почна нешто да ми пелтечи Даниелчо, го ресетиравме компјутерот ово , оно, изгубивме 3-4 часа, сето тоа ќе Ве чини 3.000,00 МКД ( и со зборови – три илјади македонски денари).
Е во тој момент дојдов до сознанието од првата реченица во постов!
Викам ај да препрашам, може нечув добро, кого оно пак Данијелчо ми ја кажува истата цифра.
Го прашувам, а бе да не мењавте некој дел?
Не ми вели тој, само го ресетиравме компјутерот.
И у тој момент тотално ми се стемни, спуштив слушалка натнав патиките и навистина незнам како од Хиподром до Шутка сум стигнал, до толку бев растроен у мислите.
Цело време додека патуев со пееска и со деветнаеска само едно прашање ми се моташе низ глава. Кој курац мајстор е тој чија дневница во оваа ебана джава каде 70% народ гладуе, е 100 ЕВРА?????
И кога стигнав у ТОЛТУ имав само една желба пред да платам и да си одам, а тоа беше да го видам тој фамозен мајстор. На моја голема жалост цурките кој се трудат да изгледаат убаво, не сакаа да ми ја исполнат желбата, така да не го видов човеко!
Јебига, „СЕ ЛА ВИ“ викаат Французите, палтив запалив аутцето и ко усран голуб си тргнав накај дома.
Еве поминаа два дена и јас сеуште неможам да се средам, неможам да си објаснам сам на себе како е можно, во Детската Градинка да им плаќам 3.000,00 МКД за цел месец да ми ги чуваат Близначките и притоа да им даваат по три оброка дневно, и истат цифра да ја платам за пола саат работа, ако воопшто ресетирањето на такозваниот компјутер на мојата, пардон, на скоро мојата ЕФТИНА ШКОДА ФАБИЈА стара пет години, може да се нарече работа.
Незнам, или јас сум ненормален или вредностите во оваа усрана држава скроз се испревртеле, инаку ова што го пишав во погорниов пасус не би било можно ниту кога јас би бил нормален, ниту кога вредносниот систем во усранава држава би бил во ред.
Нема ни теоретски шанси!!!

ЈЕБЕНО ДОБАР ЛЕК ЗА ТМУРНО ВРЕМЕ И МАМУРЛУК!

Posted on October 19, 2010 - РЕПРИНТ


Beli bubci i raznjici
to je ‘rana za mladici
opasno sam nezno bice
volem zene volem pice
‘ocu da se ovo zna
Zivot ce ti brzo prodje
zato kresni sve sto dodje
cim je mufte ja ne prezam
samo da se dobro zezam
jer sam opak dasa jaааа
ИСЦЕПАСМО ТАНГО ШОЈИЌ!
Ај убав ден на сите!

МИСЛА НА ДЕНОТ

Posted on October 1, 2010 - РЕПРИНТ

Пред да остарете, потрошете ја сета младост.
Многу старости имаат огромни залихи на неостварени младешки желби.
Душко Радовиќ
Значи човеков е цар!
А бе не џабе се рекло, од кал да е, само Душко нека е!

ЕДНО УБАВО ЛЕТО

Posted on May 22, 2009 - РЕПРИНТ

Се ближи лето а со него и летните одмори.
Тоа ме подсети на едно прекрасно лето и летен одмор.
Албена 2005, јас мојата (тогаш уште) идна сопруга и неколку пријатели.
Море, сонце, прекрасни плажи, одлична услуга.
Да не должам многу и онака не сум баш многу вичен на зборови па затоа ќе ви постирам неколку фотки, колку да видите за што зборувам, а истовремено да се испробам во постирање на фотки на друг начин освен преку фората НАПРЕДНИ ОПЦИИ!
Поздрав до сите и уживајте.
П.С.
Посебно благодарам до Андреј кој ми помогна околу ФЛИЦКР и постирањето на фотки преку него.
 

Биба и Дуле пред рајските порти.


Биба по дождот
Биба по дождот.
На плажа
На прекрасната плажа во Албена.
На плажа 2
Биба на златниот песок во Албена.
Разгледница од Балчик
Разгледница од Балчик.
Во ботаничката градина во Балчик
Во ботаничката градина во Балчик.
Биба во ботаничката градина
Биба во ботаничката градина.
Мојата сакана
Мојата сакана.
Малку пустина во оазата
Малку пустина во оазата.
Мојата сакана во рајските градини
Биба во рајските гардини на Балчик.
Парковите на Албена
Парковите на Албена.
Каменица за освежување
Ладна Каменица за освежување.
Место за трошење на пари
Место за трошење пари.
Осамен галеб
Осамен галеб.
Јас и Биба по дождот
Јас и Биба по дождот.
Каменица и за на плажа
Каменица и за на плажа.
Черното море на изгрејцонце
Черното море на изгрејсонце.
Ај доста беќе.
Почна да ме фаќа некоја сета.
Ми текнуе на песната “ЕРГЕН ОДЕВ МАМО”.