Friday, March 2, 2012

МЕЧКА ЗАШТИТЕНА СО ЗАКОН


Ви текнува нели!?
Ќе ги заштитиш мечкиве со закон а они толку многу ќе се накотат и ќе се осилат, што ќе почнат да ти влегуваат во пчеларникот и да ти прават лом. А ти, поради тоа што ги штити законот, не смееш да го извадиш чивтето ниту за да пукнеш во воздух, колку да ги уплашиш, а камоли, недајбоже да ги повредиш. Ќутиш, трпиш и се снаоѓаш како знаеш и умееш, зошто ако се осмелиш со сила да го заштитиш она што е твое и што со судни маки си го стекнал и одгледал, си го наебал ко жути!
Дури тогаш ќе ја видиш правната држава на дело, пропратена со сите знајни и незнајни невладини организации за заштита на овие „мили“ ѕверови.
И додека ти ќе се прашуваш, каде била таа иста правна држава кога мечките ти го растурале пчеларникот, каде биле тие невладини заштитници, кога мечките ти го изеле коњот и единствената крава молзница со која си ги поел дечњата со млеко, ќе го кркаш стапот и тоа така дебело, што и црното под ноктите што го имаш, ќе ти го земат.
И зошто!?
Само заради тоа што си сакал да го заштитиш својот имот и својата стока.
И најстрашно од се е, што и твоте блиски, твоите комшии, наместо да те бранат, ќе те осудуваат. Како ли само си се осудил да повредиш едно такво загрозено животинче!?
А незнаат сиротите, дека штом мечкава дошла да игра во мојот двор, не е далеку денот кога истото ќе го направи во нивниот.
Ама тогаш за жал ќе биде доцна.

1 comment:

  1. Тошо у право се за мечкава у комшиите и за нејзините права , а замисли ти ко сопстеник на својот дома да немаш право да се заштитиш себе си...За жал наша но не и на...меечката така беше и 2001 сите мислеа дека е далеку Тетово таму играше мечката кога дојде навака тогаш се криеја бегаа во своите прибежишта, по соседството.Најжално што ние и да ги баравме правата и што ги баравме што ни слеедуваат не ги добивме но мечата пак имаше право шо сака да прави и денес е исто така , ништо нее сменето...позз...;)

    ReplyDelete