Tuesday, February 21, 2012

НАМЕСТО НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА ДО СИТЕ БЛОГЕРИ

Posted on December 30, 2008 - РЕПРИНТ

Враќајќи се од работа уморен и нервозен, еден татко го најде својот петгодишен син како го чека пред вратата на нивниот дом.


СИНОТ: Татто, смеам ли нешто да те прашам?
ТАТКОТО: Да, секако, кажи, што е?
СИНОТ: Тато, колку заработуваш за еден час?
ТАТКОТО: Ич да не ти е гајле, зошто тоа ме прашуваш? Му се развика гневно.
 СИНОТ: Само сакав да знам. Те молам кажими колку заработуваш за еден час?
ТАТКОТО: Ако веќе мора да знаеш, заработувам 100 денари за еден час.
СИНИТ: Ох, одговори момчето со спуштена глава.
СИНОТ: Тато, те молам, можеш ли да ми позајмиш 50 денари?
Таткото, бесен. "Ако единствена причина за која ми ги бараш пеесте денари е да си купиш некоја играчка или некоја слична бесмислица, тогаш свртисе и правец во твојата соба за да размислиш зошто си толку себичен. Јас не работам како црнец секој ден за ти да можеш да купуваш такви детски глупости."
Детето тивко се сврти и отиде во својата соба затворајќи ја вратата позади себе.
 Таткото седна и се разлути уште повеќе поради прашањето кое му го постави синму…..како ли само се осудува да поставува такви прашања само да добие пари?"
 После еден час, малку се смири и размисли:
"Можеби навистина за нешто битно му требаа тие пеесет денари…..кога подобро ќе размислам и не бара толку често пари…."
 Таткото отиде до собата на синму и ја отвори вратата.
"Заспа ли сине?" Праша.
"Не Тато, буден сум." Одговори синот.
"Размислував, мислам дека бев престрог кон тебе пред малку. Имав тежок ден и целиот бес го истурив врз тебе. Еве ти ги пеесте денари кои ги бараше."
Детето се исправи, смеејќи се. "Ох, ти благодарам Тато", викна. Истовремено посегна под перницата и за миг во неговата мала детска рака се најдоа грст згужвани новчаници.
 Кога таткото виде дека синму веќе има пари, повторно почна да се лути.
Детето полека ги изброја своите пари и го погледна татко му.
"Зошто бараше уште пари кога веќе имаш?" Викна таткото.
"Затоа што немав доволно, а сега имам." Одговори момчето.
"Тато сега имам 100 денари, може ли да купам еден час од твоето време? Те молам утре да дојдеш порано дома, сакам да вечерам со тебе."
Таткото за момент се скрши од болка, силно го гушна синаси и го замоли да му прости.
Оваа кратка приказна е само подсетник за сите нас кои напорно работиме. Несмеме да дозволиме времето да проаѓа покрај нас, без барем дел од тоа исто време не  споделиме со своите најблиски, со луѓето кои многу ни значат и ни лежат при срце. Сети се да ги поделиш тие 50 денари со некој кој го сакаш. Зошто и да умреме утре, фирмите за кои работиме лесно ќе не сменат со некој друг. Ама на фамилијата и пријателите кои ќе ги оставиме позади нас, ќе им недостасуаме до крајот на нивните животи.
Овој текст кој го најдов по нетов го постирав како честитка за нова година до сите блогери а нарочито до моите виртуелни блог пријатели.
Среќна нова 2009 година драги мои.

МОЖНО ЛИ Е СЕКСУАЛНО ДА ЗАДОВОЛИШ ЖЕНА?

Posted on December 30, 2008 - РЕПРИНТ

Неколку жени допатувале на одмор и влегуваат во хотел на чии врати пишува " САМО ЗА ЖЕНИ ". На рецепција симпатично момче им објаснува на присигнатите гостинки:
- Хотелот има пет спратови. Одете спрат по спрат нагоре и изберете го оној кој Вам Ви одговара и собите на него. Но мора да знаете едно – кога веќе еднаш ќе прејдете на повисок спрат, веќе неможе да добиете соби на пониските спратови.
Тргнале жените по степеници и на првиот спрат стои натпис "НА ОВОЈ СПРАТ ЌЕ ВЕ СЛУЖАТ МАЖИ СО КРАТКИ И ТЕНКИ". Ха, рекле жените иронично и тргнале понатака. На вториот спрат стоел натпис: "ОВДЕ ЌЕ ВЕ СЛУЖАТ МАЖИ СО КРАТКИ И ДЕБЕЛИ". Сватиле они дека работите тргаат кон подобро и продолжиле понатака. На третиот спрат стоел натпис: "ОВДЕ ЌЕ ВЕ СЛУЖАТ МАЖИ СО ДОЛГИ И ТЕНКИ". Уште подобро, си рекле, но сепак тргнале кон четвртиот кат каде ги дочекал натпис: "ОВДЕ ЌЕ ВЕ СЛУЖАТ МАЖИ СО ДОЛГИ И ДЕБЕЛИ". Тука жените се воодушевиле и почнале да си нагаѓаат каква убавина ги чека на последниот спрат. Се качиле на петтиот спрат а таму ги чекал натпис на кој пишувало:
"НА ОВОЈ СПРАТ ВООПШТО НЕМА МАЖИ, ТОЈ Е ПОДИГНАТ САМО КАКО ДОКАЗ ДЕКА ЖЕНАТА Е НЕВОЗМОЖНО ДА СЕ ЗАДОВОЛИ".

ДОКТОР ПО МЕРКА

Posted on November 29, 2008 - РЕПРИНТ

Ова докторов и неговиве изјави се ептен по мерка за балканскиве пациенти.
Делуваат смирувачки и охрабрувачки, ако е да му се верува на изјавите ова западњациве само не лажат кога ни викаат дека нездраво се храниме и живееме.
Значи не лажеле само комунистиве туку истат тактика ја применувале и капиталистите, мајку им империјалистичку, не лажат само да не наведат на погрешен стил на живеење и да не умрат што побрзо.
Ако не ми верувате повелете читајте, да видите што лафи ова империјалистичкиов доктор.
I love this Doctor
Q: Doctor, I’ve heard that cardiovascular exercise can  prolong life; is this true?
A: Your heart is only good for so many beats, an
d that’s it… don’t waste them on exercise.  Everything wears out eventually. Speeding up your heart will not make you live longer; that’s like saying you can extend the life of your car by driving it faster. Want to live longer? Take a nap.
Q: Should I cut down on meat and eat more fruits and vegetables?
A: You must grasp logistical efficiencies. What does a
cow eat? Hay and corn. And what are these? Vegetables. So a  steak is nothing more than an efficient mechanism of delivering vegetables to your system. Need grain? Eat
chicken. Beef is also a good source of field grass
(green leafy vegetable). And a pork chop can give you 100% of  your
recommended daily allowance of vegetable products.

 
Q: Should I reduce my alcohol intake?
A: No, not at all. Wine is made from fruit. Brandy is distilled wine, that means they take the water out of the fruity bit so you get even more of the goodness that way. Beer is also made out of grain. Bottoms up!

Q: How can I calculate my body/fat ratio?
A: Well, if you have a body and you have fat, your ratio is
one to one. If you have two bodies, your ratio is two to one, etc.

Q: What are some of the advantages of participating in a regular exercise program?
A: Can’t think of a single one, sorry. My philosophy is: No Pain….Good!

Q: Aren’t fried foods bad for you?
A: YOU’RE NOT LISTENING!!! …. Foods are fried
these days in vegetable oil. In fact, they’re permeated in it. How could getting more vegetables be bad for you?

Q: Will sit-ups help prevent me from getting a little soft around the middle?
A: Definitely not! When you exercise a muscle, it gets bigger. You should only be doing sit-ups if you want a bigger s  stomach.

Q: Is chocolate bad for me?
A: Are you crazy? HELLO Cocoa beans! Another vegetable!!! It’s the best feel-good food around!

Q: Is swimming good for your figure?
A: If swimming is good for your figure, explain whales to me.

Q: Is getting in-shape important for my lifestyle?
A: Hey! ‘Round’ is a shape!

Well, I hope this has cleared up any misconceptions you may have had about food and diets and remember:  Life should NOT be a journey to the grave with the intention of arriving safely in an attractive and well preserved body, but rather to skid in sideways – Chardonnay in one hand – chocolate in the other – body thoroughly used up, totally worn out and screaming ‘WOO HOO, What a Ride’

A
ND….
For those of you who watch what you eat, here’s the final word on nutrition and health. It’s a relief
to know the truth after all those conflicting nutritional studies.


1. The Japanese eat very little fat and suffer fewer heart attacks than Americans.
2. The Mexicans eat a lot of fat and suffer fewer heart attacks than Americans.
3. The Chinese drink very little red wine and suffer fewer heart attacks than Americans.
4. The Italians drink a lot of red wine and suffer fewer heart attacks than Americans.
5. The Germans drink a lot of beers and eat lots of sausages and fats and suffer fewer heart attacks than Americans.

 CONCLUSION:
 Eat and drink what you like.
Speaking English is apparently what kills you.

ДАН РЕПУБЛИКЕ

Posted on November 29, 2008 - РЕПРИНТ

Денеска е 29-ти ноември некогаш празник а сега само обичен ден од ноември или можеби не толку обичен бидејќи има уште два дена до плата, а пустата ја чекам како лебче, ама тоа има значење само за мене, така да сепак овој 29-ти е само уште еден ден од ноември.
Како и да е кога и да дојде овој ден секогаш прво што ми доаѓа на памет е ЗАБРАњЕНО ПУШЕњЕ и ДАН РЕПУБЛИКЕ.


А следно што ми паѓа напамет е пак ЗАБРАЊЕНО ПУШЕЊЕ и ОД ИСТОРИСКОСГ АВНОЈА

Незнам зошто ама овие две песни по дифолт ме преокупираат на овој ден. Помладиве што евентуално ќе го читаат овој пост можеби ќе си помислат дека само булазнам, за нив препорака добро да ги послушаат стиховите на овие две песни, можеби тогаш нешто и ќе им се разјасни. А за постариве блогери како ЗОРИВ или ВОЛАН , нема што да објаснувам на нив се им е јасно.
А на крајот на краиштата и не ми беше намера да објаснувам нешто туку само да Ви постирам две прекрасни песни од еден легендарен бенд.
Уживајте.

СНЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕГ КОНЕЧНООООООО!!!!

Posted on November 22, 2008 - РЕПРИНТ

Еве конечно и во Скопје снег. Како Што тргна мислев дека оваа зима тешко дека ќе видиме снег, ама очигледно се излажав. Надвор врне па истура.
А сабајлево во пет часот кога тргнав на работа беше права пролет цели 15 степени целзијусови и мене како некоја стара мечка ме излажаа тие 15 степени и си тргнав со точачето на работа, арно ама како наближував кон градов времево почна драстично да се менува и некаде на Гоце Делчев мостов ме фати дождот ама пошто бев близу до работа не ме направи бербат, куртулив за малку.
Кога почна да го врти од дожд на снег, отпрвин ептен ми направи ќејф, ама кога ми текна дека сум со точак малку се подзадумав, ама белки ќе преврне до три часот попладне, па нема да морам да се возам со ова хорорбусите на ЈСП.
Инаку ако ве интересира лани снег заврна на 11.11.2008 год некаде околу пет часот наутро , значи цели 11 дена порано.
Е па скопјани и драги блог пријатели кои сте по снегот, нека Ви е честит првиот снег во Скопје.

АФЕРИ – (ама не се залетувајте не се политички)

Posted on October 24, 2008 - РЕПРИНТ

Со постоф подолу уште еднаш по незнам кој пат ми станува јасно дека ако за нешто треба да им се признае на ова Србиве тоа е смисолот за хумор.
Читајте , уживајте и смејте се што почесто.
П.С.
Ќе ми извините што текстовиве се во оргинал, ама како што сум кажал некаде во предходниве текстови, било каков превод ќе ја намали вредноста на оргиналот, едноставно тоа нема да биде она вистинското.
 
Prva afera 
Oženjen muškarac je imao aferu sa svojom sekretaricom. 
Jednoga dana otišli su u njen stan i vodili ljubav celo posle podne. 
Iscrpljeni, zaspali su i probudili se tek oko 8 uveče.
Muškarac se brzo obukao i zatražio od svoje ljubavnice da iznese njegove cipele napolje i zaprlja ih travom i prljavštinom.
Obuo je svoje cipele i pošao kući.
"Gde si bio celoga dana?" na vratima ga je dočekala žena.
"Ne mogu da te lažem" odgovorio je on.
"Imam vezu sa mojom sekretaricom i vodili smo ljubav celog popodneva."
Ona je pogledala dole u njegove cipele i rekla:
"Lažovčino jedna! Opet si igrao golf celog dana!"
Druga afera 
Sredovečni par je imao dve ćerke, ali su uvek razgovarali kako bi bilo lepo imati i sina.
Odlučili su da probaju još jednom da dobiju sina.
Žena je zatrudnela i rodila zdravo muško dete.
Presrećni otac pohitao je u porodilište da vidi svog novorođenog sina.

Kada je video najružnije dete ikada, prestravio se.

Nema šanse da sam ja otac ovog nesrećnog deteta – rekao je ženi.
Pogledaj ove dve prelepe devojčice kojima sam roditelj!
Mora da si ti švljala iza mojih leđa!
_
Žena se osmehnula i odgovorila:
‘Ne ovoga puta!’ 
Treća afera
Grobar je radio kasno jedne noći. 

Pripremao je telo gospodina Drljače,
koji je trebao biti kremiran,
i ustanovio frapantnu činjenicu. 
Drljača je imao najveći privatni deo tela koji je ovaj ikada video!
‘Izvinjavam se gospodine Drljača,’ komentarisao je grobar, ‘Ne mogu da dozvolim da tako impresivan primerak bude kremiran, to mora da bude sačuvano za potomstvo.’
Potom je odstranio cenjeni primerak, spakovao ga je u torbu i poneo kući.
‘Imam nešto da ti pokažem, nećeš verovati svojim očima,’ rekao je ženi otvarajući torbu.
‘Gospode Bože!’ žena je uzviknula prestravljeno,
‘Drljača je mrtav!’ 
Četvrta afera 
Žena je bila u krevetu sa ljubavnikom kada je začula muža koji je ulazio u kuću.
‘Požuri,’ rekla je, ’stani u ćošak.’ 
Nauljila ga je bebi uljem i potom zasula talkom.
‘Ne pomeraj se dok ti ne kažem,’
rekla je. ‘Pretvaraj se da si statua.’
‘Šta je ovo?’ pitao je muž kada je ušao u prostoriju.
‘To je statua,’ odgovorila je.
‘Petrovićka je kupila jednu, meni se svidela pa sam i ja nabavila sličnu.’
Bez daljeg komentarisanja otišli su u krevet na spavanje.
Oko 2 po ponoći, muž je izašao iz sobe i nedugo posle se vratio sa pivom i sendvičem.
‘Evo,’ rekao je statui, ‘uzmi ovo.
Ja sam tako dva dana stajao kod Petrovića, mogao sam da crknem od gladi.’ 
Peta afera 
Muškarac je ušao u bar i naručio pivo.
‘Izvoilte gospodine, to će biti 20 para.’
‘Dvadeset para?’ ponovio je čovek.
Pogledao je u jelovnik i pitao:
‘A koliko bi koštala karađorđeva i buteljka prošeka?’
‘Dinar i 10,’ odgovorio je barmen.
‘Dinar i 10?’ ponovio je čovek.
‘A hoćeš da mi kažeš gde je vlasnik ove kafane?’
Barmen ga je pogledao:
‘Na spratu, sa mojom ženom.’
Čovek ga je upitao ‘A šta radi gore sa tvojom ženom?
‘Isto što i ja ovde sa njegovom kafanom. ‘
Šesta afera

Paja je umirao a njegova žena je sedela pored njega. 
Pogledao je gore ka njoj i slabim glasom rekao:
‘Moram nešto da ti se ispovedim.’ 

‘Nemoj sada da se zamaraš pričajući, ‘ odgovorila je ona. 
‘Ne,’ insistirao je,
‘Hoću da umrem u miru.
Spavao sam sa tvojom sestrom, tvojom najboljom drugaricom, njenom prijateljicom i tvojom majkom!’ 

‘Znam,’ odgovorila je,
‘Sada se samo opusti i pusti da otrov deluje.’

ОТВОРИ – ГАРАНТИРАМ ДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ (каде е мојот чипс?)

Posted on October 11, 2008 - РЕПРИНТ

Да недолжам многу само погледнете го клипчево подолу и се ќе Ви стане јасно.
Уживајте и смејте се што почесто, велат тоа го продолжувало животот.

ПО ТРАГИТЕ НА ДРАЧЕВСКИТЕ БОРЦИ НА ПИКОЛОМИНИ

Posted on September 29, 2008 - РЕПРИНТ

Постои едно предание или легенда која кружи помеѓу Драчевци, за некои од нив дури тоа е и историска вистина.
Кога викам Драчевци мислам на оние староседелци кои со векови наназад битисуваат на овие простори под Китка, а не на разните доселеници кои во поново време се имаат доселено во Драчево и околината.
Нејсе, за што всушност станува збор.
Познато е дека за време на Австриско – Турската војна кон крајот на 17-ти век на овие наши простори претстојувал заедно со својата војска и австрискиот Генерал Пиколомини. Повеќето од нас знаат доста за неговиот престој во Скопје и регионот од историските читанки, но тоа што не го знаеме големиот дел од нас, тука вклучувајќи ја и  мојата маленкост е врзано со погореспоменатото предание кое кружи помеѓу Драчевци.
Приказната оди вака, кога Пиколомини пристигнал во Скопската котлина со својата војска, голем дел од тогашното рисјанско население кое живеело во Драчево и околината се приклучило во редовите на неговата армија со цел активно да учествува во истерувањето на Турците од своите дедовски огништа. Но откако Австриската војска била поразена и почнала да се повлекува, Турците почнале да им се светата на Драчевци за нивната дрскост. За да се спасат себеси и своите семејства Драчевци биле приморани да побегнат високо во планините кои ги опкружуваат.
Така бегајќи пред турскиот аскер стигнале и се населиле на Салаковска Планина на местото наречено Салаковски Езера.
Месноста Салаковски Езера, која патем речено името го има добиено по двете мали прекрани планински езерца, се наоѓа на некои 2,5 часа пешачење северозападно од подножјето на Солунска Глава, поточно од местото викано Бегово Поле.
Приказната вели дека Драчевци предстојувале во тој планински предел кој е на некој 2300 метри надморска висина, цели стотина години, односно се додека Турците не го заборавиле нивниот ангажман во Австриско – Турската војна на страната на Австриците.
Е сега колку вистина има во оваа приказна јас незнам, можеби некој по упатен кој ќе го прочита овој мој текст ќе може да ни каже нешто повеќе околу сето тоа, но приказнава беше повод за еден прекрасно поминат викенд, и за запознавање на уште еден малку истражен дел на оваа наша прекрасна Македонија.
Како што некаде веќе по текстовиве сум спомнал, јас сум драчевски зет а баџото ми е по дедо – прадедо Драчевец.
На негова и на иницијатива на неговите другари, исто така родени драчевци, во саботата во шес часот науто од Драчево со две ЛАДИ НИВИ тргнавме да ги бараме огништата на ДРАЧЕВСКИТЕ БОРЦИ НА ПИКОЛОМИНИ.
Патот не водеше преку Долно и Горно Количани, Китка, Преслап, Мала Река се до Планинарскиот Дом на Караџица, каде беше планирано да ни биде базата од каде ќе тргаме кон нашата конечна цел а тоа беа Салаковските Езера. 


Пристигање во базата на Планинарскиот Дом КАРАЏИЦА, во сабота на 13.09.2008 година во 08-часот.


Првото утринско кафе и по некоја жта за пред пат на тераста на Планинарскиот Дом Карџица.


На БЕГОВО ПОЛЕ, со СОЛУНСКА ГЛАВА во позадина.


СОЛУНСКА ГЛАВА, една од Македонските планински убавици, сликана од Бегово Поле.


Случајна средба со екипа на Словачки спелеолози кои се враќаа од истражување, на како што рекоа досега најголемата откриена пештера во Европа, која се наоѓала некаде после Салаковските Езера. Многу пријатни и дружељубиви луѓе.


Групна фотка со дел од Словачката експедиција, за спомен и долго сеќавање.


Цела група на окупу, онака за дојам фотка, мислам уметнички де.


До тука со нашите ЛАДИ НИВИ, од тука ауто пешки. Не чека 2,5 часа пешачење во еден правец.

Пристигање на изворот на КАДИНА РЕКА.


На изворот на КАДИНА РЕКА.


Тешко за нозете, мака за градите ама убавина за душата. Храбро напред кон целта.


Салаковска Планина, 2360 метри надморска висина. Сосема блиску до целта, со Солунска Глава веќе далеку позади нас.


Малку одмор во заветот на карпите (ветерот страшно дуваше), пред финалното спуштање кон целта.


Конечно, нашата цел – Салаковските Езера долу пред нас, прекрасен поглед и неопишиво чувство на восхитеност.


Уште една панорамска фотка за спомен и долго сеќавање.


Покрај езерцата. Сите сетила се полни со впечатоци, на човек буквално не му се мрда од ова место, арно ама времето немисли така. Почнува дож и на наша голема жалост ќе мора да се пакуваме и да бегаме назад. Овде нема шега со временсските прилики.


Се враќаме назад кон нашите магариња на четри тркала, малку уморни ама полни со впечатоци.


Уште едно чудо на природата, живо блато на 2200 метри надморска висина.


ЈУРУКОВА КАРПА, доминира со околниот пејсаж и како да сака да не подсети дека природата може да биде и дива и недостапна за нас луѓето. Тука ги видовме и правите господари на оваа карпа, еден пар на белоглави орли кој надмоќно и со леснотија ја надлетуваа оваа огромна карпа, како да сакаа да ни кажат дека тие се господари на ова место а ние само случајни минувачи.


Повторно на изворот на Кадина река. Пауза за ручек. Ручекот, леб и паштета ама нам ни се чинеше дека јадеме пиле печено. Ќе да беше до уморот а и опкружувањето имаше влијание на вкусот. Нашиот богат ручек го заливме со студена вода директно од изворот на Кадина.



Повторно назад кај нашите магариња на четри тркала се пакуваме за назад. За крај едно Македонско машко оро ПАЛАНЕЧКА ТРОЈКА. Назад во домот на Караџица.

Повторно на терасата на планинарскиот дом Караџица, со кафенце и по некоја жта се сумираат впечатоците.




Малку спорт и рекреација додека ја чекаме вечерата.


А за вечера едно гуде печено, так нормално нели, мајсторски расчеречено од Газда Иве, а сето тоа залиено со бунар без дно направен по рецепт на Мајстор Бубе, а тука е и неизбежната песна, се разбира изворна македонска, така да расположение на највисоко можно ниво.


По бурниот и полн со возбудувања поминта ден и уште по бурната и добро залиена со бунар и жта вечер, време е за малку одмор. Утре не чека нов ден, старите викаат и нова нафака. Конфорот во ПЕШТЕРА (собат во која спиеме се вика така) не е нешто посебно, наликува на војничка спаваона, ама за 100 денари и неможеш да очекуваш повеќе од чиста постелнина и кревет.



Недела 14.09.2008. Не осамна дождливо и магливо утро кое ни го расипа планот за правење скара надвор, ама утринското кафе, ракиичка и салата легнаа баш онака потамански, таман да ни ја подобрат циркулацијата.


Нема скара ама има тава и тоа турли, со еден куп свинско месо и разно-разни зарзавати, комплимент од Мајстор Бубе, Фрау Инге и мојата маленкост.


Додека турлитавата се крчка во шпоретот на дрва ние уживаме во прекрасниот крајолик на кој маглата му дава една мистична нота.


И би ручек, и тоа каов ручек, прсти да полижеш што викав кумановци, а би и бунар без дно и по некоја песна, ама немаше расположение како вчера, веројатно сознанието дека се ближи времето за одење дома и напуштање на ова прекрасно место делуваше погубно по нашето расположение.


Живели за крај и ветување дека викендов ќе го повториме.


На крајот сме всушност на почетокот, во дворот на Сале, местото од каде и почна ова наше патешествие.
Прекрасен викенд, еден од најдобрите во мојот живот.
Иако не најдовме цврсти докази за легендава од постоф погоре сепак проводот беше луд и незаборавен, а легендата за ДРАЧЕВСКИТЕ БОРЦИ НА ПИКОЛОМИНИ ќе продолжи да живее во срцата на Драчевци а верувам и помеѓу Вас драги мои кои имавте доволно трпение да го пролистате овој мој пост.
Сите Вие што случајно или намерно ќе го прочитате овој пост а не сте биле на Салаковски Езера, Ви препорачувам обавезно да го сторите тоа, верувајте нема да зажалите.
Од мене толку, единствено ми остана да им заблагодарам на Драчевци, пред се на мојот Баџо Бубе кој ме повика на ова патување, а потоа и на сите останати од екипата: Сале, Зоки, Жаре, Влатче, Саше, Иве, Горан и секако и на најмладиот член на екипата, Никола синот на Влатче.
Благодарм момци од се срце.


DETEKTOR ZA LAGA

Posted on May 6, 2008 - РЕПРИНТ

ЕВЕ ЕДЕН ЕПТЕН ДОБАР ВИЦ ЗА ДА ВИ ГО ПОДОБРИ РАСПОЛОЖЕНИЕТО.
John was a salesman’s delight when it came to any kind of unusual
gimmick
.   His wife Marsha had  long ago given up trying to get him to
change. 
One day, John came home about noon and told Marsha that he had gone to
a nearby city and purchased a Robot. It was no ordinary robot, but it
was in fact a Lie Detector. He said it had to charge 4 or 5 hours, and
then he would show her how it worked.
At 5:30 that afternoon, Tommy, their 11 year old son, came in from
school, nearly 2 hours and 15 minutes late. Both parents were
understandably angry.

‘Where have you been? Why are you over 2 hours late getting home?’,
they asked.

‘Several of us went to the library to work on an extra credit
project,’ said Tommy.

The Robot walked around the table and slapped Tommy, knocking him
completely out of his chair.

‘Son, this robot is a lie detector, now tell us where you went after
school.’

‘We went to Bobby’s house and watched a movie.’

‘What did you watch?’, asked Marsha.
The Ten Commandments.’

The Robot went around to Tommy and once again slapped him, knocking
him off his chair.
With lip quivering, Tommy got up, sat down and said, ‘I am sorry I
lied.   We really watched a tape called Sex Queen.’ 
‘I’m ashamed of you Son,’ said John. ‘When I was your age, I never
lied to my parents, never tried to see dirty pictures much less dirty
movies, told dirty jokes, nor did I misbehave.’
 The robot walked around to John and delivered a roundhouse right that
not only knocked him out of his chair, but out the back door and half
way across the patio.
When he came back inside, Marsha was bent double laughing, almost in
tears. ‘Boy, did you ever ask for that one! And you can’t be too mad
with Tommy. After all, He is your son!’ 
 
The Robot immediately walked around to Marsha, and literally slapped
the shit out of her, not once, but three times.

БАРАМ ПРОШКА!!!

Posted on April 30, 2008 - РЕПРИНТ

Со песнава барам прошка од мојата сакана женичка и нејзините црни очи, кој синоќа ги насолзив заради една тривијална причина, МАНЧЕСТЕР – БАРСЕЛОНА.
Простете ако можете.
Го молам во прошкава да ми помогне и големиот ИВАН РЕБРОФ!
Па маестро, сега од Вас зависам.


СЕЛО ГОРИ БАБА СЕ ЧЕШЛА

Posted on April 17, 2008 - РЕПРИНТ

Сигурно сте чуле за поговорката – СЕЛО ГОРИ БАБА СЕ ЧЕШЛА -.
Е оваа поговорка ептен легнуе за активностите што последниве денови ги презима Градоначалникот на Општина Гази Баба, Г-динот Коце Трајановски.
А бе незнам што му е на човеков, луд ли е, чорапите му смрдат или незнам?
Општинава има миљон, пред се комунални и инфраструктурни проблеми кои со години стојат и чекаат некој од општинскиве татковци да се смилува и да ги реши а тој се фатил да си игра ЗЕЛЕН СЕМАФОР.
Мислам дека така се викаше тоа кога јас бев основец и кога наставникот по ОТО (општо техничко образование) не тераше во дворот на училиштето да цртаме сообраќаен полигон, за да после тоа на истиот тој полигон ние децата се натпреваруваме со нашите ПОНИ велосипеди во натпревар по сообраќајна култура.
Што ми е буабетот.
Живеам во населба ХИПОДРОМ, за тие што незнаат, тоа е една мала приградска Скопска населба која се наоѓа на северо-источниот дел на Скопје на излезот према Куманово.
Населбата е од понов тип, испреплетена со мрежа од десетина локални улички, покрај кој се наредени дваесетина згради за живеење (висококатници), еден мини трговски центар, неколку приватни куќи, една градинака, едно основно училиште, неколку гранапчиња и троа паркови и зеленило. Се на се, ништо посебно, една обична скопска спална соба.
Вчера се враќам од работа некаде околу 16 часот и по вообичаената рутина, туш, ручек, играње со близначките, реков ај троа ќе дремнам колку да одморам очи.
Арно ама ко за беља, тамам затворив очи ѕвони телефон.
Да ти ибам среќата, да ти ибам, јас решив да одморам едно после пладне и одма ѕвони телефон, си зборам сам со себе и одам да кренам слушалка.
На телефон чичко Борче комшијата,
Дуле искачај надвор кај колана иначе дечиштана со топкана ќе ти ја направат колата се со бели флеки од мрсана боја!
Иако не го разбрав баш добро  што сакаше да ми каже,
Какви бели флеки?
Каква мрсна боја?
поради тоа што добро се знам со човекот и знам дека не паничи бадијала, зедов клучевите од колата, натнав тоа влечките и набрзина излегов надвор да видам што се случува.
Кога излегов на улица имав што да видам, а бе тоа ЗЕБРИ на секој пет метри, ова под ЗЕБРИ, да нема забуна, мислам на ПЕШАЧКИ ПРЕМИНИ. Неколку чичковци во флуоресцентни одела си прават сообраќајен полигон и една дузина дечиња се вртат околу нив и шлапаат со тоа топките по тазе варосанат улица. Тогаш ми стана јасно што сакаше комшијата да ми каже со тоа белите флеки и мрсната боја.
Си викам со умов, а бе што им е на луѓево, нормални ли се, што прават, што туку си црткаат зебри на уличкава и што туку редат шума од сообраќајни знаци? А бе волку сообраќајни знаци и пешачки премини нема ни на ПАРТИЗАНСКА и тоа да земам да ги бројам од порта влае до порта буњаковец, а не на уличкава која едвај мери стотина метри.
Целиот во прашалници тргнав да прошетам низ другите улици во населбата, кога, има што да се види, свежо офарбани зебри на секој пет метри, мислиш некој ватрени фанови на ЈУВЕ и ПАРТИЗАН земале си ја бележеле клупската територија. Знаци за ограничување на брзината на секој три метри, мислиш се наоѓаш на афтопатот Софија – Пловдив, за времето на Тодор Живков.
 А бе си викам во паметов, да не решиле луѓево заобиколницава што се гради колку што ни е стара државата, да и го сменат правецот, па место Стајковци, Бутел, Куба, Визбегово, Лепенец, Ѓорче, да ја вртат низ Хиподром, Дифтар Маало, Долно Лисиче Драчево, Усје , Срт на Водно, Матка, Сарај па накај Тетово?
Ќе мора да е тоа, инаку чуму волкава сообраќајна сигнализација во една од најмалите станбени населби во градов.
Чудејќи се така, налетав на локалниот шеф на ВМРО.
Добар ден комши, а бе да не знаеш што е работава со ова цртањево на улициве? Аааа, вели тој, целиот насмеан и гордо истопорен, мислиш се гради забавен парк за децава од населбата за да не играат на улица , гледш што ти се вика градоначалник, а не како оние пред него што ништо не работеа.
Не искоментирав ништо, подбрав опашката и ифрит љут си се вратив дома.
Па добро бе мајкуму, што не мислат ова политичариве нас обичнава раја, овци, трева пасеме, или????
Основното школо во населбата, кое го споменав погоре, ги нема пола од прозорците, школските вециња се полоши и од кочини, пола од паркетот во спортската сала во училиштето го нема или е расклатен, а да незборам за школслите клупи и столчиња, кои остај што не се променети откога јас учев тука, туку ги нема и во доволен број.
Да незборам за другите работи кои фалат во населбава, детски игралишта, паркови, кино сала, која патем речено ја имаше кога јас бев дете, зелено пазарче, да се асфалтираат дупките по улиците, да му се врати барем некогашниот сјај на Хиподромот и миљон други дрндупки.
Ама не, наш Селоначалник решил парите да ги троши или подобро да кажам да ги испере во правење еден огромен сообраќаен полигон за деца.
Браво бе Коце!
Ама не си ти виновен, него ние сме за една суроица некрастена, што не ти дојдеме таму во тоа канцеларијата и не ти го направиме грбот како мевот, па тогаш да видиш како двапати ќе промислиш како и каде ќе ги трошиш НАШИТЕ пари.
А бе тоа исаф да се немало, па после јас будала се чудам, зошто на секое петметарско тротоарче од пауер елементи што се направи во населбава за време на Коце наш, стои табала на која пишува, ОВА ГО НАПРАВИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ ТАА И ТАА ГОДИНА, мислиш тротоарчето ЗАДУЖБИНА ЦАРА ДУШАНА, у најамња рука, ако не и КЕОПСОВА ПИРАМИДА.
СРАМОТА!!!!
П.С.
Бидеќи јас сум еден од оние кој гласаа за истиов овој КОЦЕ, еве тука пред сите јавно кажувам дека мене избори веќе не ме гледаат, ако ништо друго, тогаш барем нема да бидам соучесник на вакви лоповлуци од најдолен вид.

БОЛКИ ВО КИЧМА

Posted on April 13, 2008 - РЕПРИНТ

Прочитав некаде по ова интернетов дека скоро 80% од човечката популација пати од проблеми со кичма.
Колку и да овој податок ми дојде како утешителен, бидејќи еден од тие 80% сум и јас, истовремено ми заделуе и страшно поразително. Си помислив, > у, јеботе, па ние како вид страшно сме дегенерирале и тоа се како последица на модерниот и се полагоден начин на живот<.
Нејесе, ама не ми е тоа муабетов.
Од проблеми со кичма патам, и тоа онака сериозно, можеби веќе едно четри години.
Првпат силно ме закачи некаде април 2004 година, беше толку заебано, што дојдов до стадиум да ми простите, да неможам сам да си ги облекувам гаќите. Болките беа не издржливи а полека почнав и да не ја чуствувам левата нога.
Во тие едно пет месеци додека ми  траеше оваа голгота, за да се опраам, пробав буквално се, од се што во тој момент нудеше актуелната медицинска наука, (а таа кај нас, морам да признаам не нуди многу) значи едно стотина инекции некоја т.н. физикална терапија и многу попатни нервози оти состојбата не се оправаше, па се до баби бајачки. А во целиот тој меѓу простор, разно разни, алтернативни пристапи кон актуелнава медицина, од кои некој имаа баш АЛТЕРНАТИВЕН пристап и повеќе наликуваа на средновековни справи за измачување на вештерки и еретици, ова не се шегувам, мртов озбилен сум. И се така до стадиум кога почнав да мислам дека ми нема спас и дека ќе мора да одам под нож, што како што ми објаснија еминентни стручњаци, е нешто како лутрија, 50% – 50%, ситуација, ја ќе се опраам, ја инвалидска количка.
За цела среќа, случајно, по препорака на една моја бивша колешка дојдов до Благоја Велкоски од Прилеп.
Тоа е еден, по наравот, типичен Прилепчанец, инаку човек кој се занимава со акопресура и кој, понатака се испостави е лекот кој очајно го барав.
Но првиот впечаток кога првпат го видов човекот а и просториите во кој ординираше, морам да бидам искрен, беше во најмала рака поразителен.
Елем, изгледот и пристапот кон пациентите му беше брате мили ко да си дошол кај некој физикалец а не кај човек кој лечи со своите раце, а просториите во кој примаше пациенти се приказна за себе и би ми одземало многу време и простор да ги опишам.
За цела моја среќа мојот прв впечаток за човекот ме излажа, па така после месец ипол и три пати одење во Прилеп на третмани, за дивно чудо успеа да ме опраи и да ми го врати нормалното функционирање.
Бидна што бидна, но после тие третмани јас цели четри години немав проблеми со кичмата, или барем не сериозни проблеми.
Ова се одвиваше вака се до пред три недели, кога навидум од ич ништо, поточно наведнувајќи се да и ја обујам чевлата на ќерками, ме пресече една остра болка во половината која по интензитет беше иста како болките од пред четри години.
Уште истиот момент ме изеде јанѕата, и веднаш мислите ми се вратиа четри години наназад.
Прво нешто што ми панда на памет е да му се јавам на Благоја и да го ебам патот за Прилеп.
Арно ама, бабами викаше ѓаволот ни ора ни копа, туку само мисли како да им го направи животот на луѓето потежок. Така и во оваа ситуација, ѓаволот сакаше баш во тој период еден од колегите да биде на боледување заради операција на хернија илимити кила, па ние си вртевме кругови на работа без слободен ден, така да колку и да сакав, неможев да одвојам еден ден да отидам до Прилеп.
Пробав да се опраам со некој кетонали и слични апои ама како што врвеше времето, се повеќе ми стануваше јасно дека апоите нема да ми ја опраат ситуацијата.
Се повеќе ми одеше умот дека пофторно ќе ја кркам истата голгота како пред четри години.
Искрено не мина долго време и паднав во страшна депресија предизвикана од помислата дека сум половина човек, па и помалку од тоа.
Ама и овој пат имаше Господ.
По препорака на еден мој добар другар дојдов до Др. З. Врчаковски, специјалист физијатар.
Имено, другаров беше бил веќе кај него на третмани и беше исклучително задоволен од резултатите пред се, но и од самиот пристап и професијоналноста на Др. Врчаковски.
Бидејќи бев во безизлез и имав страшни болки кои тотално ме спречуваа нормално да функционирам, му реков на другаров веднаш да ми закаже термин.
Олеснителна околност беше што Др. Врчковски ординира во Скопје, поточно во Пржино над Црквата Св. Петка, така да не ми требаше цел ден да изгубам за да отидам на третман.
Нејсе, бидна што бидна, другаров закажа и заедно со него отидовме кај Др. Врчаковски во ординација.
За разлика од Благоја од Прилеп, Др. Врчаковски а посебно неговата ординација и сета апартура во неа веднаш ми дадоа до знаење дека немам работа со шаралатан туку дека е во прашање сериозен стручњак кој најверојатно многу добро си ја познава работата.
Овој пат, како и во случајот со Благоја, мојот прв впечаток повторно ме излажа, ама за среќа повторно во позитивна насока. Имено Др. Врчаковски е се она што го издава неговиот надворешен изглед и просториите во кој ординира и многу повеќе од тоа.
Што сакам да кажам, човекот е исклучителен стручњак со одлично опремена ординација, прекрасен пристап кон пациентите, во смисол да ти го подигне моралот и да ти ја врати вербата во брзо решавање на твоите проблеми, достапен на мобилен телефон буквално 24 часа во денот и што највеќе ми остави впечаток, човек кој со огромна љубов ја работи својата работа.
За час и половина, колку што трае еден третман, не престануваше да зборува и да ми објаснува и тоа напати и сликовито, вадејќи разно разни медицински книги и анатомски аталаси, што точно во моментот прави со ласерот со ултарзвукот, електродите и  сите останати апарати кои ги употребуваше при третирањето на мојот проблем и сето ова го правеше без да прекинува со третманот, што ќе рече работејќи.
Таква љубов и посветеност на работата не бев видел оддамна кај еден човек а посебно не кај еден лекар.
Сето тоа толку многу ме фасцинираше и ме воодоошеви, што уште додека одев на тие три третмана кај него, кои патем речено беа доволни да ме опраи и да ме врати во нормала, решив дека ќе пишам еден пост, со намера да на сите паталци како мене им го препорачам овој исклучителен стручњак но пред се прекрасен човек.
Можеби некој од вас ќе помисли дека со постов му правам рекалама на Др. Врчаковски, О.К. се слагам, да му правам реклама, но бесплатна и не заради тоа што ќе му го зголемам бројот на пациенти, тој и онака ги има и отповеќе од што реално може да постигне кога би работел нормално 8-10 часа дневно 6 дена во неделата, туку ќе пофторам, рекламава му ја правам за да дознаат за него сите оние паталци кои како мене очајно бараат лек за своите маки.
Инаку неспомнав за цените на неговите услуги, првиот третман кога  се вршеше и дијагностицирање на проблемот, ме чинеше 1,000.00 МКД а секој нареден 500.00 МКД.
Значи да заклучам сите оние што патат од
-Лумбоишијалгија
-Дископатија
-Спондилоза
-Артроза
-Остеопороза
-Ревматски Заболувања
-Цефалеа, Мигрена
-Невралгија
-Парези, парализи на периферни нерви
-Фрактури, контузи
-Дисторзии, Контарктури
-Спортски повреди
или пак едноставно сакаат да отидат на еден третман за релаксирање и регенерирање, најтопло им ја препорачувам ординацијата на Др. З. Врчаковски, која се наоѓа во Пржино над Црквата Св. Петка а бројот за контакт е 2734-193.

ОНАКА ЗА ДУША

Posted on April 13, 2008 - РЕПРИНТ

Една прекрасна песна од една легендарна група!
АТОМСКО СКЛОНИШТЕ
и
за љубав треба имат душу
Страшно многу вистина во насловот на оваа песна!
Уживајте драги блог пријатели.
Вакви песни и групи има се поретко и поретко.
Или тоа мене само ми се причинува?
А можеби само полека стареам.
Ај доста зборувам, впрочем не ми беше тоа идеате на постов, туку да споделам со вас една прекрасна песна.


ЗА ПОСТАРИТЕ БЛОГЕРИ, кои се фалат со своите љубовни подвизи!

Posted on March 28, 2008 - РЕПРИНТ

Овој виц го посветувам на сите постари, да неречам дедовци, блогери кои имаат обичај (некој експлицитно, а други малку по притаено) да се фалат со своите љубовни подвизи во нивните позни години!
 
Hvali se devedesetogodišnji deda svom doktoru kako mu je žena koja je 65 godina mlađa od njega ostala trudna i da će ubrzo postati otac. Doktor potapša starog dedu po ramenu pa reče:
• Da ja tebi, deda, ispričam jednu malu priču. Bio jedan lovac i jedno jutro ode on u lov na medvede. Kad je naleteo na velikog medveda on potegne za puškom i tad primeti da je umesto puške poneo kišobran ali on svejedno uperi kišobran u medveda i na njegovo čudo kišobran opali i ostade medved na mestu mrtav…
• To je nemoguće! – prekide ga deda – mora da je tu bio još neko. Sigurno je neko opalio iza njegovih leđa a da on nije ni znao!
• Upravo tako, deda – reče doktor – upravo tako!
Па дедовци, пазете кога се фалите, немојте и Вие да претерувате како рибарите.

ЕД(БА)НА МЛАДОСТ!

Posted on March 20, 2008 - РЕПРИНТ

Ова е една од песните што ја одбележа мојата а верувам и младоста на повеќето луѓе од мојата генерација.
Утрово ми текна дека ова лето се прават точно 20 години од матурирањето на мојата генерација и некако песнава ми беше нај прикладна за честитање на дваесетгодишнина на моите генци!
НЕДАЈСЕ ГЕНЕРАЦИО!
Само за мене и мојата генерација, " Забрањено Пушење и Пишоња и Жуга".
Уживајте и сетете се на едни убави времиња кога сеуште бевме млади и полни со живот и соништа како да го живееме истиот.
Поздрав!
П.С.
Знае ли некој дали генерацијта 87/88 од БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ – Скопје отрганизира некаква прослава по повод дваесет години од матура?

КОЈ Е ЗА ВО “ЕУ”?

Posted on February 27, 2008 - РЕПРИНТ

Еве едн виц да Ви го разубави денот и да Ви покаже дека ни во западна Европа не е се така бајно.
Уживајте и смејте се почесто.
А, да, и се гледаме вечер на ПРОТЕСТ!
 
Umrli Srbin i Hrvat, te dodju kod Sv. Petra.
"Odakle ste vi momci?", pita ih on.
"Srbija."
"Hrvatska."
"Auuuuuu… ma ne morate nista vise da govorite, vi ste nevernici,
gresnici…, idete u pakao obojica. Samo, Balkan je malo
nedefinisano podrucje, pa imate izbor, hocete li u zapadnoevropski ili
istocnoevropski pakao?" rece Sv. Petar.
"Kakva je razlika?" pitaju oni.
"Pa u zapadnoevropskom ujutru pojedes kasicicu govana, i posle si
slobodan, a u istocnoevropskom isto to samo sto pojedes kantu govana."
"Ja sam uvek bio zapadno orijentisan, ja cu u zapadni." – kaze Hrvat.
"Ma, ja necu na taj zapad majke im ga spalim; daj istok". – kaze Srbin.
I odu oni tako, i sretnu se posle godinu dana.
"Pa, kako je?" – pita Srbin.
"Ma nije lose, onako, ujutru pojedes ono… Jedva se guta, nije
lepo…, al’ sta ces, to ti je, sto ti je. Ma, dan i nekako, al kad
pomislim sta me ujutru ceka… A kod tebe?" kaze Hrvat.
"Ma, sta da ti pricam, istocna Evropa k’o istocna Evropa. Nekad nema
govana, nekad kasni kamion, nekad nema kanti, nekad strajkaju ovi sto
dovoze… Nisam ih dosad ni probao.
POUKA: Ko je za EU?

ЗОШТО БЕ БРАЌО СРБИ!

Posted on February 22, 2008 - РЕПРИНТ

Зошто бе браќо СРБИ?
Што ви требаше сета оваа ѓурултиа?
Зошто им правите ќејф на ова лешинариве гладни за крф и месо?
Зошто им пополнувате програма на тоа педерите од CNN?
А тамам добро Ви тргна.
Тамам  заборавиа да Ве ставаат како дежурни кривци на сите божји вести.
Тамам почнаа да Ве спомнуваат по добри работи.
Ѓоковиќ го растури она швајцарсконо педерче.
Победивте на она панаѓурот на суети наречен ЕВРОВИЗИЈА.
Кога евеве пак на ударни вести како Ве прикажуваат, како малтене да сте првите братучеди на она ЛАДНИОТ.
Што ви требаат сите овие гомнарии?
Ве сваќам ја дека Ви е мака, не дека не Ве сваќам, ама не постигнувате ништо добро за Вас со овие пиздари што ги направивте денеска.
Подобро ќе беше да соберевте тоа војската и правац за Косово и онака мушки како што знаете таму да си го искалевте бесот и да ја баравте правдата.
Па после тоа, КОМ ОБОЈЦИ КОМ ОПАНЦИ, Што викате Вие.
А не вака, ем на Шиптарите ни влакно не им фали од под тоа кечињата, ем па Вие кабает.
Ова само како реторичко прашање, не дека некој србин ќе го прочита, туку онака да си олеснам на душата.

МАЛЦЕ ХУМОР ЗА ВЕСЕЛ ВИКЕНД

Posted on February 1, 2008 - РЕПРИНТ

Еве малку хумор колку да Ви го разубавам викендов.
I mi Cigani dušu imamo..

 ZAŠTO-ZATO

 Sećate li se emisije "Zašto-Zato" na RTV Pink u kojoj je blesavi  Pile maltretirao ljude po pijacama i ostalim aktuelnim mestima? Ovde su  najbolje   izjave dobijene na neka pitanja, dali su ih kao što se da
videti -  cigani…

 Koje je vaše tajno oružje?
 Odgovor1: Moje tajno oružje je kad ja radim a komšije me zovu na kafu.
 Odgovor2: Moje tajno oružje je moja keva Džurdža koja ima treći dan crni pojas.

 Šta je za vas ljubav?
 Kada vaćaram devojku za guzu preko farmerkama.

 Šta su to dijabole?
 Dijabole? To je vrsta ljudi koji noću juru slepi mišovi.

  Šta znači izreka sto ljudi sto ćudi?
 Sto ljude sto ćulo? Paz’ da ti kažem. Sto ljude to mora da bude sto ljude, a sto ćulo to mož da bude sto ćulo a i ne mora da bude  sto ćulo.

 Koliko lubenica ima u 1kg?
 Lubenica? Pa vi ste sigurno mislili na krastavce.

  Da li će da dođu vanzemaljci?
 Vanzemljaci? Ako hoćeju da dođeju nek dođeju ako nećeju ne moraju.

 Koja je najveca gradjevina na Svetu?
 Odgovor1: Hala sportova na Novi Beograd .
 Odgovor2: To je gradjevina koju je izgradilo preduzece iz Leskovac.

 Kako se zove vaš orkestar? (pitanje je postavljeno grupi Cigana sa   plehanim instrumentima)

Džudi.
 Zašto?
 Zato što smo svi džudiste.

  Šta radiš kad ništa ne radiš?
 Čitam stripovi, gledam pornići i živim za fajt.

 Zašto se muškarci ne šminkaju?
  Zato što se znoje pa da im ti otrovi ne bi došli u usta.

 Koji je vas hobi?
 Odgovor1: Đudo, đudo od malena. Terali su me da treniram k’o neka   životinja e.
 Odgovor2: Bebe sam pravila.

 Koja je vaša omiljena igračka?
 Cigančica koja stoji iza: Barbika
 Cigančica koja odgovara: Ćuti ti, Barbika…

 I naravno the best of:
 Da li su žene emancipovane?
 AaA?!


 Q: Koja životinja bi hteli da budete ?
 A: Pčela
 Q: A zašto pčela ?
 A: Pa pčela je marljiva, vredna … pravi đem

 Q: Ko je vaš idol?
 A: Majkl Džekson
 Q: A zašto?
 A: Pa dečko se lepo oblači, ima fine bele čarape, puno dobrih riba, I vidi  se da živi za fajt.

 Q: Šta vam je cilj u životu ?
 A: Da jedem sendviči na sprat

 Q: Koju boju očiju biste voleli da imate ?
 A: Pa … volela bih da imam … oči boje ka pamarandža

 Q: Koji je vaš tip muškarca ?
 A: (baba crveni, gleda levo desno i kaže …) Eve ga onaki brka

 Q: Šta je to dobra riba ?
 A: Pa ono, da bude dobro gradžena, da se tušira svaka tri četiri dana…

 Q: Da li se brže trči u braon ili u crnim cipelama?
 A: U braon, bolje prijanjaju uz zemlju.

  Q: Kako se vi udvarate devojci?
 A: Ja se predstavim da sam iz Nemačku!

 Q: Da li vam se sviđa Bebi Dol?
 A: Odlično je. Koristim ga i za lice i za telo.

 Q: šta vas najvise nervira u životu?
 A: ma mlatu nas ovi snikersi oče da nas poludu

  Q: šta biste rekli da vas žena vara?
 A (Cigan koji stoji pored ciganke): Ko bre da me vara? Ona? Pa vidiš kaka  je šugava

  Voditelj: šta biste poručili vanzemaljcima?
 Osoba: Zemljacima?
 Voditelj: ma ne, vanzemaljci su oni koji ne žive na našoj planeti
  Osoba: Aa, pa ako neće da živi ne mora, gde mu bolje široko mu polje.

НАПРАВЕТЕ ИЗБОР!

Posted on February 1, 2008 - РЕПРИНТ

Живо ме интересира што Вие би избрале кога би морале да бирате помеѓу подолниве две опции!

РАБОТА ИЛИ ЗАТВОР!

Во затвор: седиш во ќелија 2x3 м

На работа: седиш во бокс 2x2 м.

Во затвор: трипати дневно добиваш оброк.

На работа: добиваш само една пауза за ручек, а тоа што ќе го изедеш мора сам и да си го платиш.

Во затвор: ако сте добри, ќе Ве пуштат на викенд.

На работа: ако сте добри, ќе Ви дадат уште повеќе работа.

Во затвор: чуварот Ви ја отвара и Ви ја затвара вратата.

На работа: мора да носите цел новчаник со картички и клучеви и сами си ја отварате вратата.

Во затвор: можете да гледате TV и да играте игрици.  

На работа: штом Ве фатат дека гледате TV или играте игрици – одма срање.

Во затвор: имате сопствено WC

На работа: WC-то мора да го делите со еден куп идиоти кои мочаат по даската од шољата.

Во затвор: роднини и пријатели може да Ви дојдат во посета.

На работа: нема визити, единствен контакт со фамилијата е по пат на e-mail.

Во затвор: сите трошоци околу Вашето издржавање ги плаќаат пореските обврзници, а Вие немора ниту да работите.

На работа: мора сами да си ги подмирите трошоците врзани околу Вашето доаѓање на работа, а како капак на се од платата Ви одбиваат порези, прирези и разно-разни давачки како би ги покриле трошоците за одржување на затворите и затворениците.

Во затвор: морате да се справите со садистички настроениот управител.

На работа: овде ги викаат менаџери.

И ЈАС НЕШТО ДА КАЖАМ!

Posted on January 31, 2008 - РЕПРИНТ

Е, значи што сорта од народ ќе бевме, навистина незнам?!
А бе толку по битни работи ни се случуваат во државава и тоа под нашите носеви, а ние како да сме оперирани од смредеа па ништо не чуствуваме и оставаме сета таа смрдеа од настани да пројде онака не забележана.
Арно ама сите од ред на блогерајов, а не само на него, имаме нешто да кажеме за идеата дали да се гради православна црква на плоштадот Македонија или не, ко од тоа да ни зависи дали утре ќе земееме плата, ќе ни опстанат и онака скапаните мали приватни бизниси или дали ќе имаме на децата дома да им принесеме нешто да каснат а да не зборам за нешто повеќе.
И немојте да ме разберете погрешно,( макар што знам дека некој ќе го направат тоа) не сум јас нешто посебно ЗА па ниту ПРОТИВ, градењето на црква на плоштадот, туку едноставно ме нервира целата таа хистерија која се дигна околу ова прашање.
Имам чуство дека сето ова е некако оркестрирана само да ни го одвлече вниманието од многу по битни работи кои нио се случуваат во државава, (данок од вкупен приход кој ќе ги уништи малите фамилијарни бизниси, фактот дека се повеќе се одалечуваме, наместо да се приближуваме кон евро-атланските интеграции, галопирачката инфлација која лажно се прикрива со изнасилената монетарна политика и да не редам повеќе зошто навистина ќе ми треба многу време и простор)ама не, ние овие проблеми не ги ни гледаме а камоли да ги коментираме, но затоа за прашањето околу изградба на црква на плоштадот Македонија сите имаме нешто да кажеме.
Е стварно не ве разбирам.
После ЦАЦКО бил крив што ни оди вака како што ни оди.
Ова беше наменето да оди како коментар на блогот РЕФЛЕКСИИ, ама поради тоа што малце се заборавив со пишуванкава, решив да не и узурпирам толку простор на колешката и да го поставам како пост кај мене на блог.
Поздрав до сите и ви посакувам убав ден.