Monday, February 20, 2012

БЕВТЕ ЛИ НА ПОКРСТИ ВО ДРАЧЕВО?

Posted on април 12, 2007 - РЕПРИНТ

Бевте ли на Покрсти во Драчево?
Јас бев.
Ако не сте биле сте пропуштиле една прекрасна светковина која се случува во скопско и која влече корени од дамнешни вермиња.
За што всушност се работи?
Покрсти е верски обичај кој се практикува во Драчево секоја година на втор ден Велигден.
Светковината како што реков погоре влече корени од дамнина но не се практикувала цели пеесетина години односно за време на едноумието од 1945 – 1991 година, кога била забранета поради тоа што тогашните власти ја поистоветувале верата и верските обичаи со Православната Црква која во тоа време била во нивна немилост.
Оваа забрана од денешен аспект ми изгледа малку не умесна поради фактот што јас никогаш а нарочито не сега верата не ја поврзувам стриктно со црквата, за мене верата е индивидуално чуство која со никакава забрана и ставање на маргините на ниедна црква не може да се искорени од народот.
Тоа мое мислење ми се потврди и во понеделникот кога по покана на мојот Баџанак, кој инаку е Драчевец , присуствував како и уште илјада други луѓе на Покрсти.
Светковината започнува на средсело пред црквата Свети Спас во Драчево некаде околу девет часот наутро.
Со звуците на зурлите и тапаните (кој, барем во мене, а верувам и кај многу други луѓе присатни на светковината будат некое необјасниво со зборови чуство на гордост и припадност) се собира народот кој дента ќе учествува на Покрсти. Од тука (од средсело) поворката предводена од свештени лица и дечиња облечени во бели одори со крст на градите кој носат крстови и икони пред себе, се упатува на маршута долга некаде околу десет километри.
Маршутата води низ шес ридчиња (на кој има поставено крстови) и еден манастир (РУСА СРЕДА) кој се наоѓа на Пеленица (едно прекрасно излетничко место во близината на Драчево) за на крај да заврши на ТРИ КРУШИ (излетничко место кое од лани општината Кисела Вода го користи како локалитет каде ги организира културните лета) кај црквата Света Петка.
Што е суштината на оваа светковина и зошто народот ја празнува?
Како што ми објаснија Покрсти се празнува заради бериќетна година, односно народот одејќи од еден крст до друг  пее песни во кој го моли севишниот да им подари бериќетна година во полињата и мир и среќа во нивните домови.
Зошто решив да напишам пост за оваа случка? Затоа што бев импресиониран од целиот настан и од тоа како спонтано без некоја посебна организација народот во голем број носен само од чуството на вера и припадност беше собран да го прослави овој празник. Решив да го напишам овој текст и од проста причина што иако живеам во Скопје до тогаш немав представа, како верувам и многумина од вас, дека ваков настан се случува во нашиот град. А настанот, верувајте ми на збор, е величенствен и еден од малкуте настани преку кој се чува и презентира верското и културното наследство на нас Македонците како народ а за жал е малку познат и промовиран во јавноста а уште помалку потпомогнат од државата и нејзините лидери, на кој К** не им чуе односно немаат слух за промоција на вакви настани.
Инаку и да не сте верник и решите да присуствувате на овој настан сепак ќе си поминете убаво, од проста причина што ќе имате можност еден ден да поминете во природа шетајќи низ прекрасни крајолици за да на крајот присуствувате на концерт на КУД КИТКА од Драчево, да ги чуете прекрасните звуци на тапанот и зурлата и ако сте мераклии да си направите една прекрасна Велигденска софра во природа.
Јас секако ќе присуствувам и догодина, ве поканувам и Вас да го сторите истото. Верувајте ми нема да згрешите, затоа што настанот е прекрасен а Драчевци се одлични и гостољубиви домаќини.
Се гледаме догодина на Покрсти во Драчево.
П.С.
Многу ми е жал што не го понесов фото-апаратот со себе за да закачам некоја слика на постов, така и визуелно поблиску ќе Ви го доближев целиов наста.

No comments:

Post a Comment