Tuesday, February 21, 2012

НАМЕСТО НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА ДО СИТЕ БЛОГЕРИ

Posted on December 30, 2008 - РЕПРИНТ

Враќајќи се од работа уморен и нервозен, еден татко го најде својот петгодишен син како го чека пред вратата на нивниот дом.


СИНОТ: Татто, смеам ли нешто да те прашам?
ТАТКОТО: Да, секако, кажи, што е?
СИНОТ: Тато, колку заработуваш за еден час?
ТАТКОТО: Ич да не ти е гајле, зошто тоа ме прашуваш? Му се развика гневно.
 СИНОТ: Само сакав да знам. Те молам кажими колку заработуваш за еден час?
ТАТКОТО: Ако веќе мора да знаеш, заработувам 100 денари за еден час.
СИНИТ: Ох, одговори момчето со спуштена глава.
СИНОТ: Тато, те молам, можеш ли да ми позајмиш 50 денари?
Таткото, бесен. "Ако единствена причина за која ми ги бараш пеесте денари е да си купиш некоја играчка или некоја слична бесмислица, тогаш свртисе и правец во твојата соба за да размислиш зошто си толку себичен. Јас не работам како црнец секој ден за ти да можеш да купуваш такви детски глупости."
Детето тивко се сврти и отиде во својата соба затворајќи ја вратата позади себе.
 Таткото седна и се разлути уште повеќе поради прашањето кое му го постави синму…..како ли само се осудува да поставува такви прашања само да добие пари?"
 После еден час, малку се смири и размисли:
"Можеби навистина за нешто битно му требаа тие пеесет денари…..кога подобро ќе размислам и не бара толку често пари…."
 Таткото отиде до собата на синму и ја отвори вратата.
"Заспа ли сине?" Праша.
"Не Тато, буден сум." Одговори синот.
"Размислував, мислам дека бев престрог кон тебе пред малку. Имав тежок ден и целиот бес го истурив врз тебе. Еве ти ги пеесте денари кои ги бараше."
Детето се исправи, смеејќи се. "Ох, ти благодарам Тато", викна. Истовремено посегна под перницата и за миг во неговата мала детска рака се најдоа грст згужвани новчаници.
 Кога таткото виде дека синму веќе има пари, повторно почна да се лути.
Детето полека ги изброја своите пари и го погледна татко му.
"Зошто бараше уште пари кога веќе имаш?" Викна таткото.
"Затоа што немав доволно, а сега имам." Одговори момчето.
"Тато сега имам 100 денари, може ли да купам еден час од твоето време? Те молам утре да дојдеш порано дома, сакам да вечерам со тебе."
Таткото за момент се скрши од болка, силно го гушна синаси и го замоли да му прости.
Оваа кратка приказна е само подсетник за сите нас кои напорно работиме. Несмеме да дозволиме времето да проаѓа покрај нас, без барем дел од тоа исто време не  споделиме со своите најблиски, со луѓето кои многу ни значат и ни лежат при срце. Сети се да ги поделиш тие 50 денари со некој кој го сакаш. Зошто и да умреме утре, фирмите за кои работиме лесно ќе не сменат со некој друг. Ама на фамилијата и пријателите кои ќе ги оставиме позади нас, ќе им недостасуаме до крајот на нивните животи.
Овој текст кој го најдов по нетов го постирав како честитка за нова година до сите блогери а нарочито до моите виртуелни блог пријатели.
Среќна нова 2009 година драги мои.

No comments:

Post a Comment