Posted on јуни 9, 2007 - РЕПРИНТ
Име: Душан
Роден: 12.05.1970
Хороскопски знак: Вол, ова Бик де, подзнак незнам ова со хороскопиве баш и не ме интересира.
Потекло: Дуфчанец по душа, Гостиварчанец по место на раѓање, Скопјанец по место на живеење, Македонец во срце и по државјанство.
Место на живеење: Скопје
Образование: Колку да не останам неписмен. (Ајван Доктор)
Љубовен статус: Има една црнка која по 35 години ергенлак ми го заврте паметот.
Деца: Моите две сонца, близначките АНА и ЈАНА, мојата мотивација да продолжам понатака.
За бракот мисли:
Уште сум тазе женет за поконкретен одговор ќе мора да причекате некоја
година. Сега за сега можам само да кажам дека тотално ми го смени
животот.
За децата мисли: Општо за сите деца мислам дека
се прекрасни и невини душички кој понатака животот ги расипува. Штета
што сите луѓе во душата вечно неможат да останат деца. За моите две
сонца……………….., немам зборови, или ги имам толку многу што ќе претерам
со пишување.
За сексот мисли: Кога за првпат навистина го
открив си помислив, мора да сонувам, вакво убаво нешто неможе да постои
на овој земјен свет и почнав да се штипам за да проверам дали сум буден
или сонувам.
За љубовта има мислење: Енерџи пијалоците може
гомна да јадат во споредба со љубавта и нејзината моќ да те мотивира и
да ти даде сила да истраеш и во најтешките моменти.
За земјата во која живее мисли: Ќе бидам субјективен (ама тоа е во ред кога пополнуваш вакви прашалници, нели) па ќе кажам дека ова е најубавата земја на планетава.
За народот кој овде живее мисли: Во секое жито
има и по некој кукољ ама во Целина сме прекрасни како народ. (Па сум
субјективен, ама што да правам кога се такви прашањава.)
Кој филм ми е најомилен: Лет над кукавичкото
гнездо; Друштво на мртвите поети; Последниот Мохиканец; Маратоците го
трчаат почесниот круг; ………………….. и многу многу други.
Кој филм би сакал да го гледам: Градот кој се
плашеше од залезот на сонцето. Ова е првиот филм кој сум го гледал во
КИНО и од тогаш веќе не сум го сретнал никаде. Филмот инаку е некој
хорор од типот на Петок 13-ти ама мене ми останал во сеќавање поради
тоа што е како што реков погоре мој прв филм изгледан во кино а во тоа
време за мене киното беше магија.
Омилен глумец: Робин Вилијамс; Ал Пачино; Роберт Де Ниро; Том Хенкс; и др. нека ми извинат што заборавив да ги споменам.
Омилена глумица: Мишел Фајфер; Глен Клоуз; Софија Лорен и др. нека ми извинат што заборавив да ги споменам
Омилен бенд: АЦ/ДЦ. (ова остана во срцето од помладите денови)
Омилени музичари: Влатко Стефановски; Теодоси Спасов; Сања Илиќ и Балканика; Ѓоле Балашевиќ и др.
Омилена книга: Прекрасен нов свет (Алдоус
Хаксли); Допир на свилата (Ѓорѓе Балашевиќ); Името на розата (Умберто
Еко); Мостот на Дрина (Иво Андриќ); и т.н.
Омилени блогови: Сите кои ги читам, а можете да видите кои се тие по коментарите кои од време на време ќе се најдат под нивните постови.
Омилена храна: Тавче со ориз и кокошка; тава со
тиквички, варени јајца, сирење и павлака; печено јагнешко; сарма со
лозов лист во комбинација со добра павлака; таратор и многу многу други
јадења, значи со еден збор односно два, голем гурман.
Каде се гледам себеси: До пред да ми се родат
ќерките себе се гледав секогаш на некој егзотични патувања но после тој
среќен чин некако животот и мојата иднина ја подредив на нивната иднина
и успех во животот.
No comments:
Post a Comment