Monday, February 20, 2012

СКОПСКА ЛЕТНА ШЕМА

Posted on јуни 4, 2007 - РЕПРИНТ

Мина скоро една година откако ми се родија двете цуци Ана и Јана.
Нека се живи и здрави ама поголемиот дел од слободното време ми го трошат они, така да освен за работа и некои обавези од типот посетување на родбина и пријатели многу слободно време и немам.
Со самото тоа и искачањето по кафиќи, клубчиња и т.д. ми е сведено на минимум, што ќе каже ноќен живот со женами скоро и да немаме, освен ако под ноќен живот не го сметам будењето во ниедно време за да направам млеко за сонцата мои.
Нејсе, пред некоја вечер на телефон ми се јави другарми Горан и ме покани на едно СКОПСКО муабет, бидејќи вечерта се погоди баба и дедо да бидат слободни да изиграваат АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР ја прифатив поканата и со женами искочивме во град после и јас непамтам колку време.
Пошто ние двајца немавме идеа каде би го пиеле пивото оставивме одлуката за избор на локал да остане на Горан.
Изборот беше КАФЕ ГРИНАРТ КУЛА, тоа е едно кафуле во НОВО МААЛО веднаш позади паркингот спроти ГТЦ.
КУЛА е сместена во една стара трошна Скопска куќичка која датира од почетокот на прошлиот век и самата архитектура на објектот му дава посебен шмек на локалот.
Интересен е и самиот ентериер на објектот кој изобилува со оргинални уметнички дела од млади домашни автори.
Кафулето има и летна бавча уредена најблаго речено малце по необично од сите други кој сум ги видел во градов иако мора да признаам дека не сум некој експерт по таа проблематика.
Нејсе да не должам многу, се стациониравме ние во КУЛА вечерта си нарачавме по едно СКОПСКО (кое патем речено го служат во големи 0,5 флаши) и тргна муабетов.
За цело време додека бевме во КУЛА некако ненаметливо течеше многу убава музика, музика за душа (ЈУ рок сцена: Хаустор, Забрањено пушење, Прљаво Казалиште итд. Странска рок сцена: Квин, Тина Тарнер, Дип Парпл итд. Блуз, Џез,Латино звуци…) која атмосферата ја правеше ептен лежерна, ненаметлива, со еден збор прекрасна за муабет и што ми остави впечаток сето тоа беше пуштано по некоја програма која ја бира ГАЗДА ЛЕПИ а не како во повеќето скопски кафулиња каде ќе ти пуштат АНТЕНА, СИТИ и др. Скопски радија.
Шарајќи со поглед низ бавчата на шанкот приметив закачено една плаката која откако подобра ја разгледав сфатив дека всушност е програма на настаните кој ќе се случуваат нареднава недела во КАФЕ ГРИНАРТ КУЛА.
Поради тоа што ме бендиса тоа што го прочитав во програмата решив и да го постирам на блогов и тоа не со намера да му направам реклама на ГАЗДА ЛЕПИ и КУЛА туку со намера да ги информирам сите оние заинтересирани за нешто по несекојдневно по суптилно по софистицирано, со еден збор нешто што ќе им ја промени монотонијата која ја нудат останатите локали во градот спакувана под името СКОПСКА ШЕМА.
Па да не го тупам еве во продолжение ви ја презентирам гореспомнатата програма или барем она што успеав да запамтам од неа.
Па пријатели уживајте………

Среда, 06.06.2007 година со почеток во 21 часот
ПОЕТСКО – СЦЕНСКИ ПЕРФОРМАНС
Танцот на Снегулката – поетски театар според поезијата и животот на руската поетеса Ана Ахматова
Поставка: Горан Анчевски
Актерска изведба: Снежана Стамеска
Музичка изведба: Елена Сиљановска
Влез слободен
Четврток, 07.06.2007 година со почеток во 21 часот
Unpluged Live Jazz со групата ПЕПЕРМИНТ
Вечер на Латино/Боса Нова
Музички нумери од познати светски имиња од рок и поп сцената (Janice Joplin, Bob Dylan, Elvis Presely, Cranbarries, Red Hot Chilli Peppers и многу други…) во несекојдневен стил на изведба во ритамот на Латино/Боса Нова…
Петок, 08.06.2007 година со почеток во 21 часот
Blues & Rock вечер со групата Bancrot Blues Band (Харе, Гиш и Пјотр)
Unpluged
Место на одржување: летна бавча КАФЕ ГРИНАРТ КУЛА во Ново Маало.

No comments:

Post a Comment