Tuesday, February 21, 2012

И ЈАС НЕШТО ДА КАЖАМ!

Posted on January 31, 2008 - РЕПРИНТ

Е, значи што сорта од народ ќе бевме, навистина незнам?!
А бе толку по битни работи ни се случуваат во државава и тоа под нашите носеви, а ние како да сме оперирани од смредеа па ништо не чуствуваме и оставаме сета таа смрдеа од настани да пројде онака не забележана.
Арно ама сите од ред на блогерајов, а не само на него, имаме нешто да кажеме за идеата дали да се гради православна црква на плоштадот Македонија или не, ко од тоа да ни зависи дали утре ќе земееме плата, ќе ни опстанат и онака скапаните мали приватни бизниси или дали ќе имаме на децата дома да им принесеме нешто да каснат а да не зборам за нешто повеќе.
И немојте да ме разберете погрешно,( макар што знам дека некој ќе го направат тоа) не сум јас нешто посебно ЗА па ниту ПРОТИВ, градењето на црква на плоштадот, туку едноставно ме нервира целата таа хистерија која се дигна околу ова прашање.
Имам чуство дека сето ова е некако оркестрирана само да ни го одвлече вниманието од многу по битни работи кои нио се случуваат во државава, (данок од вкупен приход кој ќе ги уништи малите фамилијарни бизниси, фактот дека се повеќе се одалечуваме, наместо да се приближуваме кон евро-атланските интеграции, галопирачката инфлација која лажно се прикрива со изнасилената монетарна политика и да не редам повеќе зошто навистина ќе ми треба многу време и простор)ама не, ние овие проблеми не ги ни гледаме а камоли да ги коментираме, но затоа за прашањето околу изградба на црква на плоштадот Македонија сите имаме нешто да кажеме.
Е стварно не ве разбирам.
После ЦАЦКО бил крив што ни оди вака како што ни оди.
Ова беше наменето да оди како коментар на блогот РЕФЛЕКСИИ, ама поради тоа што малце се заборавив со пишуванкава, решив да не и узурпирам толку простор на колешката и да го поставам како пост кај мене на блог.
Поздрав до сите и ви посакувам убав ден.

No comments:

Post a Comment