Monday, February 20, 2012

КОНЕЧНО ПРОМЕНИ!!!

Posted on март 31, 2007 - РЕПРИНТ

Знам дека текстов загрижените СДСМовци ќе го окарактеризираат како про владин, а за мене ќе речат дека сигурно сум во најмала рака симпатизер на ВМРО ДПМНЕ, ама тоа воопшто не ме загрижува, затоа што постов го пишувам со чиста душа и без и малку субјективизам и навивачко гледање на работите.
Да не должам, за што всушност се работи.
Татко сум на две прекрасни девојченциња (близначки), кој за некој ден ќе наполнат по осум месеци.
Верувам секој родител, а посебно тие што имаат деца на оваа возраст знаат колку често заради разни причини мора да се посетува лекар односно некоја здраствена установа.
Јас по природа сум многу избувлив човек, кој не трпи неправди и неработници.
Заради ова при пораешните посети на некој здраствени установи сум запаѓал во конфликтни ситуации (да не кажам сум се карал) со персоналот на истите, почнувајќи од чистачки па се до лекари, со чесни исклучоци.
Вакви неубави искуства доживував скоро при секоја посета на лекар, се до пред некој ден кога требаше да ги однесам девојчињата на редовна вакцинација и преглед.
Тие денови бегло бев слушнал на вестите, кој ретко ги гледам, мора да признаам (страшно ме нервираат), дека се случува некаква реформа во здраството.
Арно ама така како што сум настроен према нашиве политичари и нивните ветувања, воопшто не и клаиф дикат на веста.
Нејсе, се спремивме ја и женами  (инаку сака големо спремање, кога излегуваш надвор од дома со осмомесечни близначки) и тргнавме на лекар.
Кога стигнавме во  поликлиниката ЧЕНТО или СИНГИЛИЌ и влеговме во одделот за предшколски деца веднаш пријатно се изненадив.
Чекалната беше некако необично чиста и средена, сестрите на шалтерот кој издаваат картони беа исклучително љубезни брзи и одлично организирани. На секоја книшка лепеа редни броеви, така да пациентите немора да стојат на купче пред ординацијата и дишејќи си во врат да се туркаат и расправаат кој попрво да влезе на преглед, туку брате мили, фино лепо си имаш реден број и како човек седнат на столче си го чекаш редот.
Кога влеговме во ординацијата не пречека насмеана Др. Радмила, која мора да бидам искрен спаѓа во погоре споменатите чесни исклучоци со кој не сум се расправал.
По прегледот на децата докторката не праша дали и по приватизацијата на примарното здраство остануваме на одлуката таа да ни биде матичен педијатар за нашите девојчиња. Е, тогаш ми светна, ми се врати филмот на веста за реформите во здраството што ја бев чул тие денови и одеднаш ми стана јасно зошто чекалната беше толку чиста, сестрите толку љубезни и организирани и зошто Доктор Радмила ни даде и нејзин број на телефон како би можеле за некој поситни здраствени проблеми на нашите ќеркички да се консултираме со неа а не да доаѓаме во амбуланта за секоја ситница.
Излегов од лекар со мислата, ЗНАЧИ И ВАКА МОЖЕЛО, браво за реформите, браво за Премиерот, браво за министерот за здрство затоа што имаа муда (да ми простите) да го направат она што предходниве бескичмењаци и лопови не смеа, не може, не знаеа или најдобро речено не сакаа затоа што така им чинеше, да го направат.
Си помислив само како ли ќе ни изгледаше здраството а и се останато во државата ако уште пред 15 години се направеа правите реформи.
Нејсе, баба ми велеше по растурено млеко не треба да се плаче.
Г-дине Груевски само напред и евеви шанса да ме разубедите мене и сите други во државава, дека поговорката СЕ БИВА САМО НА ЌОС БРАДА НЕ МУ НИКНЕ, сеуште важи.

No comments:

Post a Comment