Monday, February 20, 2012

ОВА ФУДБАЛ ЛИ Е ИЛИ ПАНАЃУР?!

Posted on април 7, 2007 - РЕПРИНТ

Утрово случајно во рака ми панда вчерашното издание на БЛИЦ (за тие што не знаат тоа е една српска дневна новина) и оваа мала тривијалност ме натера да напишам неколку реда за фудбалот на овие простори, некогаш и сега.
Не дека е БЛИЦ, туку јас уште од малечок така сум си скроен, сите дневни весници почнувам да ги читам од позади или страга, што би рекле браќа Хрвати. Незнам од каде оваа моја навика, веројатно од проста причина што спортот секогаш повеќе ме интересирал од политиката, а тој нали (мислам на спортот де) секогаш се наоѓа на задните страници на дневниот печат.
Така и овој пат, го зедов весникот во рака и веднаш го свртев од задната страна, а таму наслов ВЕЧИТИ НЕЗАДОВОЊНИ ЖРЕБОМ ЗА ЛАВ КУП.
За помалку информираните лав куп е националниот фудбалски куп на Србија а под вечити се Црвена Звезда и Партизан.
Во текстот стои дека во полуфиналето на лав купот ќе се сретнат Звезда и Партизан и Војводина и Банат.
Значи во финалето на купов може да се случи да играат на пример Звезда и Банат.
Па до каде дојде фудбалов на овие простори кога еден европски и светски шампион за трофеј на национален куп треба да игра со некој си таму Банат или спуштена топката малку по јужно према нас еден Вардар треба да игра со некоја Ренова со некој Напредок од Кичево, Брегалница од Делчево и т.н. и т.н., да не редам. Па после се чудиме зошто фудбалот ни е на вакво дереџе и зошто посетеноста на фудбалските натпревари од првата лига е помала од посетата на некој маалски шаховски натпревар каде силите ги одмеруваат младите и малку постари маалски пензионери.
За кого бе да одам на утакмица, кого да гледам? Ако веќе плаќам карта за прволигашки натпревар тогаш сакам да гледам фудбалери кој се достојни да се наречат прволигаши, а не некој селски шилокуриња, да ми простите на изразот.
А бе на времето се знаеше, кога одевме на Градски да гледаме утакмица ако ништо друго во живо ќе видевме некој од идните ведети на европскиот фудбал а да не зборам за квалитетот на играта. Туку да не се присеќам само мака ми иде на душава. А за публика на стадионите и да не зборам.
Абе по цели недели пред да дојде Звезда , Дианмо, Вележ и т.н. во Скопје на Градски се збореше за утакмицата а уште толку по одигрувањето на истата, а сега, ако неси комита или чкембар нема да знаеш ни со кого игра Вардар или Пелистер ова коло, ете толкав е интересот за денешниов фудбал или подобро да кажам панаѓур, а, што велите Вие, живо ме инетересира?

No comments:

Post a Comment