Tuesday, February 21, 2012

СЕЛО ГОРИ БАБА СЕ ЧЕШЛА

Posted on April 17, 2008 - РЕПРИНТ

Сигурно сте чуле за поговорката – СЕЛО ГОРИ БАБА СЕ ЧЕШЛА -.
Е оваа поговорка ептен легнуе за активностите што последниве денови ги презима Градоначалникот на Општина Гази Баба, Г-динот Коце Трајановски.
А бе незнам што му е на човеков, луд ли е, чорапите му смрдат или незнам?
Општинава има миљон, пред се комунални и инфраструктурни проблеми кои со години стојат и чекаат некој од општинскиве татковци да се смилува и да ги реши а тој се фатил да си игра ЗЕЛЕН СЕМАФОР.
Мислам дека така се викаше тоа кога јас бев основец и кога наставникот по ОТО (општо техничко образование) не тераше во дворот на училиштето да цртаме сообраќаен полигон, за да после тоа на истиот тој полигон ние децата се натпреваруваме со нашите ПОНИ велосипеди во натпревар по сообраќајна култура.
Што ми е буабетот.
Живеам во населба ХИПОДРОМ, за тие што незнаат, тоа е една мала приградска Скопска населба која се наоѓа на северо-источниот дел на Скопје на излезот према Куманово.
Населбата е од понов тип, испреплетена со мрежа од десетина локални улички, покрај кој се наредени дваесетина згради за живеење (висококатници), еден мини трговски центар, неколку приватни куќи, една градинака, едно основно училиште, неколку гранапчиња и троа паркови и зеленило. Се на се, ништо посебно, една обична скопска спална соба.
Вчера се враќам од работа некаде околу 16 часот и по вообичаената рутина, туш, ручек, играње со близначките, реков ај троа ќе дремнам колку да одморам очи.
Арно ама ко за беља, тамам затворив очи ѕвони телефон.
Да ти ибам среќата, да ти ибам, јас решив да одморам едно после пладне и одма ѕвони телефон, си зборам сам со себе и одам да кренам слушалка.
На телефон чичко Борче комшијата,
Дуле искачај надвор кај колана иначе дечиштана со топкана ќе ти ја направат колата се со бели флеки од мрсана боја!
Иако не го разбрав баш добро  што сакаше да ми каже,
Какви бели флеки?
Каква мрсна боја?
поради тоа што добро се знам со човекот и знам дека не паничи бадијала, зедов клучевите од колата, натнав тоа влечките и набрзина излегов надвор да видам што се случува.
Кога излегов на улица имав што да видам, а бе тоа ЗЕБРИ на секој пет метри, ова под ЗЕБРИ, да нема забуна, мислам на ПЕШАЧКИ ПРЕМИНИ. Неколку чичковци во флуоресцентни одела си прават сообраќајен полигон и една дузина дечиња се вртат околу нив и шлапаат со тоа топките по тазе варосанат улица. Тогаш ми стана јасно што сакаше комшијата да ми каже со тоа белите флеки и мрсната боја.
Си викам со умов, а бе што им е на луѓево, нормални ли се, што прават, што туку си црткаат зебри на уличкава и што туку редат шума од сообраќајни знаци? А бе волку сообраќајни знаци и пешачки премини нема ни на ПАРТИЗАНСКА и тоа да земам да ги бројам од порта влае до порта буњаковец, а не на уличкава која едвај мери стотина метри.
Целиот во прашалници тргнав да прошетам низ другите улици во населбата, кога, има што да се види, свежо офарбани зебри на секој пет метри, мислиш некој ватрени фанови на ЈУВЕ и ПАРТИЗАН земале си ја бележеле клупската територија. Знаци за ограничување на брзината на секој три метри, мислиш се наоѓаш на афтопатот Софија – Пловдив, за времето на Тодор Живков.
 А бе си викам во паметов, да не решиле луѓево заобиколницава што се гради колку што ни е стара државата, да и го сменат правецот, па место Стајковци, Бутел, Куба, Визбегово, Лепенец, Ѓорче, да ја вртат низ Хиподром, Дифтар Маало, Долно Лисиче Драчево, Усје , Срт на Водно, Матка, Сарај па накај Тетово?
Ќе мора да е тоа, инаку чуму волкава сообраќајна сигнализација во една од најмалите станбени населби во градов.
Чудејќи се така, налетав на локалниот шеф на ВМРО.
Добар ден комши, а бе да не знаеш што е работава со ова цртањево на улициве? Аааа, вели тој, целиот насмеан и гордо истопорен, мислиш се гради забавен парк за децава од населбата за да не играат на улица , гледш што ти се вика градоначалник, а не како оние пред него што ништо не работеа.
Не искоментирав ништо, подбрав опашката и ифрит љут си се вратив дома.
Па добро бе мајкуму, што не мислат ова политичариве нас обичнава раја, овци, трева пасеме, или????
Основното школо во населбата, кое го споменав погоре, ги нема пола од прозорците, школските вециња се полоши и од кочини, пола од паркетот во спортската сала во училиштето го нема или е расклатен, а да незборам за школслите клупи и столчиња, кои остај што не се променети откога јас учев тука, туку ги нема и во доволен број.
Да незборам за другите работи кои фалат во населбава, детски игралишта, паркови, кино сала, која патем речено ја имаше кога јас бев дете, зелено пазарче, да се асфалтираат дупките по улиците, да му се врати барем некогашниот сјај на Хиподромот и миљон други дрндупки.
Ама не, наш Селоначалник решил парите да ги троши или подобро да кажам да ги испере во правење еден огромен сообраќаен полигон за деца.
Браво бе Коце!
Ама не си ти виновен, него ние сме за една суроица некрастена, што не ти дојдеме таму во тоа канцеларијата и не ти го направиме грбот како мевот, па тогаш да видиш како двапати ќе промислиш како и каде ќе ги трошиш НАШИТЕ пари.
А бе тоа исаф да се немало, па после јас будала се чудам, зошто на секое петметарско тротоарче од пауер елементи што се направи во населбава за време на Коце наш, стои табала на која пишува, ОВА ГО НАПРАВИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ ТАА И ТАА ГОДИНА, мислиш тротоарчето ЗАДУЖБИНА ЦАРА ДУШАНА, у најамња рука, ако не и КЕОПСОВА ПИРАМИДА.
СРАМОТА!!!!
П.С.
Бидеќи јас сум еден од оние кој гласаа за истиов овој КОЦЕ, еве тука пред сите јавно кажувам дека мене избори веќе не ме гледаат, ако ништо друго, тогаш барем нема да бидам соучесник на вакви лоповлуци од најдолен вид.

No comments:

Post a Comment