Monday, February 20, 2012

БРАВО ЗА ЗВЕЗДЕНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА

Здраво пријатели!
Еве конечно почнав да си ги селам пљачките од www.blog.mk на оваа нова платформа. Лека полека веројатно ќе преселам скоро се што имав напишано таму а сите нови постови кои ќе ги пишувам на оваа платформа ќе ги линкувам и на старата се додека функционира норнално.
Се надевам дека и овде ќе се читаме и ќе се пронаоѓаме како што го правевме тоа на двете предходни местенца. :)
Па да почнема, а за почеток што друго ами мојот прв пост како блогер, кој го пишав пред скоро цели пет години.
Уф, бог те лепи, како времево брзо минува!

Posted on март 4, 2007  - РЕПРИНТ

Какво пријатно изненадување само ни приреди минатата недела ѕвездената телевизија. Секоја чест, конечно некој од нашите телевизии да се сети дека и ние Македонците имаме филмско творештво, и дека во архивите на КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА и МТВ стојат заборавени на десетици македонски филмски остварувања кој помладите генерации воопшто не знаат дека постојат а камоли ( чувај боже) да имале шанса да ги видат. И тоа филмови кој стварно вредат да се видат (барем повеќето од нив) и кој за тековната филмска програма што е во ТВ шемите на македонските телевизии се во секој поглед пријатно освежување.
Така конечно наместо да се затупуваме со ступидните сапуници со исклучително низок или скоро никаков уметнички филмски или каков сакате друг квалитет, наместо нашите деца да гледаат нискобуџетни полни со насилство и разни други перверзии филмови од холивудската продукција, оваа недела за сите што посакуваа нешто поинакво, филмската редакција на СКАЈ НЕТ телевизија ни го овозможи тоа.
Уште еднаш браво за филмската редакција на  СКАЈ НЕТ што на нас по возрасните ни овозможи уште еднаш да уживаме во некој прекрасни македонски филмски остварувања, а на по младите генерации им даде до знаење дека седмата уметност не е тотална непознаница за македонските автори и им овозможи да се запознаат со доајените на македонското па и балканското глумиште ( Прличков, Вукан Диневски, Дарко Дамевски, Ристо Шишков и многу, многу други мајстори на својот занает).
БРАВО!!!

No comments:

Post a Comment