Monday, February 20, 2012

ЗА ДА НЕ НИ УМРЕ НАЦИЈАТА

Posted on март 13, 2007 - РЕПРИНТ

Незнам зошто почнав да го пишувам овој пост но имам чуство дека ќе биде прилично долг, затоа што тоа што сакам да го кажам  барем на блогерската јавност со него е по мое скромно мислење прилично сериозно и неможе да се каже во два-три кратки пасоси текст (или барем јас неможам така да го кажам).
Но како и да е, приказнава почнува од неодамна.
Нејсе еве вака.
По долго премислување и размислување, (цели 36 години) неќкање, уфкање и туфкање решив поточно решивме заедно со мојата сегашна животна сопатничка (мојата мила женичка) да застанеме на ЛУДИОТ КАМЕН  што би рекле нашите северни комшии.
Решено сторено.
По извесно време, поточно по два месеци останавме трудни, тоа така популарно се вика де, инаку женами остана трудна, а на втората контрола дознавме и дека за некој девет месеци ќе добиеме близнаци, ај со среќа.
Нејсе, бременоста си течеше по некој устален ред а ние двајцата истовремено бевме и многу среќни и многу уплашени.
Во тој период некаде се случи да морам да го посетам мојот матичен лекар, инаку исклучителен лекар но пред се човек, и така муабетејќи со него ме праша има ли нешто ново кај мене. Му велам докторе женами е трудна со близнаци, а јас со еден удар го исплатив долгот кон Нацијата и Државата.
А, не ми вели тој ќе треба да се помачиш уште еднаш за да го направиш тоа,затоа што проста репродукција е, вели тој, кога на свет ќе донесете три деца.
Не бе докторе грешка си. Му велам јас. Јас сум читал дека проста репродукција е кога на свет ќе донесеш две деца.
Не, ми вели, и сега ќе ти кажам зошто си јанглаш.
Едно дете мајката треба да роди за себе.
Едно за таткото.
И едно за мајката која неможе да раѓа.
Така да проста репродукција се сепак три деца.
Ме остави без текст човеков,
Нејсе, си заминав од неговата ординација ама муабетов што го направивме никако да ми излезе од глава.
Што повеќе думав, толку повеќе докторов беше во право.
Сепак ќе треба да се помачиме уште еднаш со женами за да се одолжиме кон Нацијата.
Инаку ако не го направиме тоа Нацијава полека ќе почне да одумира, си викав.
И онака никој не не признава дека постоиме како нација а еден ден кога процентите 23% и 77% ќе се сменат во корист на нашите кираџии ОХРИДО-ДОГОВОРЦИ,тогаш и со право нема да не признаваат.
Лесно е да се рече, ќе имаме три деца, си викав во главата.
Ама кој ќе ти ги израсне бе чоек!?
Негледаш ли какви се приликиве во Државичкава.
Без работица, стандард нула и под тоа.
Со кој пари ќе ги растеш и ќе ги вадиш на пат тие три деца?
По извесно време овие мисли што нон стоп ми се вртеа во глава решив да ги извадам надвор и да продискутирам на темава. Прво со женами а потоа и со мои пријатели и познаници, кој се типични претставници на мојата генерација.
И по извесен период на верглање на темава дојдов до заклучок дека на повеќето од младиве луѓе во Македонија ни на крај памет не им е во ваква држава и со ваков животен стандард да имаат повеќе од едно дете. А некој од нив се баш и добро ситуирани за разлика од мене.
Штом повеќето размислуваат така ќе да е така си помислив по некое време.
Арно ама ТРЕТОТО ДЕТЕ ЗА МАЈКАТА КОЈА НЕМОЖЕ ДА РАЃА, не ми даваше мир.
Почнав да се враќам назад во историјата на моето поблиско семејство.
Прабабами Василија, бог да и душа прости родила и израснала четри деца. И кога велам таа ги израснала, тоа го велам во буквална смисла на зборот, затоа што маж и Прадедоми Вељан цело време бил на гурбет  во Русија и освен што учествувал во правењето на децата сета останата грижа околу нив и ја оставал на женаму.
Копајќи вака по историјата наидов на безброј вакви примери.
И за чудо поголемиот број од овие деца израснале во нормални мажи и жени кој понатака ги продолжиле своите фамилијарни лози.
Па во што е тогаш проблемот со денешнава репродуктивно способна македонска младина.
Зар сме станале толку големи кукавици па се плашиме и од најмалиот предизвик што животот ни го носи.
Ако не е тоа тогаш нема оправдување зошто намерно ја умираме Нацијата, затоа што никој нема да може да ме убеди дека на нашите предци им било полесно да одгледаат по 3,4 или повеќе деца одошто ни е нам и дека тогаш имале подобри услови да го направат тоа.
Затоа Македонци, да се фатиме за работа, ЗА ДА НЕ НИ УМРЕ НАЦИЈАТА!

No comments:

Post a Comment