Tuesday, February 21, 2012

СНЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕГ КОНЕЧНООООООО!!!!

Posted on November 22, 2008 - РЕПРИНТ

Еве конечно и во Скопје снег. Како Што тргна мислев дека оваа зима тешко дека ќе видиме снег, ама очигледно се излажав. Надвор врне па истура.
А сабајлево во пет часот кога тргнав на работа беше права пролет цели 15 степени целзијусови и мене како некоја стара мечка ме излажаа тие 15 степени и си тргнав со точачето на работа, арно ама како наближував кон градов времево почна драстично да се менува и некаде на Гоце Делчев мостов ме фати дождот ама пошто бев близу до работа не ме направи бербат, куртулив за малку.
Кога почна да го врти од дожд на снег, отпрвин ептен ми направи ќејф, ама кога ми текна дека сум со точак малку се подзадумав, ама белки ќе преврне до три часот попладне, па нема да морам да се возам со ова хорорбусите на ЈСП.
Инаку ако ве интересира лани снег заврна на 11.11.2008 год некаде околу пет часот наутро , значи цели 11 дена порано.
Е па скопјани и драги блог пријатели кои сте по снегот, нека Ви е честит првиот снег во Скопје.

No comments:

Post a Comment