Monday, February 20, 2012

ПОСЛЕ ЦАЦКО Е КРИВ!!!

Posted on март 5, 2007 - РЕПРИНТ

Пред некоја вечер пред да тргнам на работа ми се јави балдзата и ме замоли ако можам да и најдам некој текст на интернет за животниот пат на браќата МИЛАДИНОВЦИ. Текстот и требал за ќерката која за домашна задача требала да напише нешто за животниот пат на овие наши културни дејци. Ама те молам ми вели балдзата текстот да биде на Македонски.
Нејсе велам јас, ништо полесно. Вечерва сум и така трета смена на работа па сигурно ќе ископам нешто на ГУГЛ и утре ќе го имаш текстот.
Е, ама небило баш така лесно како што мислев јас.
Сајтови и лнкови со текстови за овие наши дејци откако го отчукав нивното име и презиме во пребарувачот на ГУГЛ излегоа еден куп, арно ама види чудо. Иако се сметам за добар познавач на историјата на Македонскиот народ , 99% од тие написи кој ги исфрли ГУГЛ беа или на бугарски или на англиски јазик а во 70% од нив стоеше дека браќата Миладиновци се всушност Бугарски преродбеници и поети а не Македонски како што мене ме учеле на училиште.
Искрено веднаш нешто почна да ме врти во желудникот и почнав да чуствувам како нервозата ми се крева и  почна да ми пулсира во глава.
Почнав да се преиспитувам себеси за тоа кој се ми предаваше историја во текот на моето школување и дојдов до заклучок дека сите мои професори беа сериозни луѓе кој сигурно не би ме излажале барем не за вака значајни историски личности.
Па тогаш си велам себеси кој им е мој на сите овие типови и зошто толку упорно во своите текстови тврдат дека Миладиновци се Бугари а не Македонци.
Дека историски не се добро информирани тоа можам и да го прифатам но некој да тврди дека Охрид се наоѓа во Бугарија, па луѓе мои си велам отворете една мапа на Балканот и ќе видите кај се наоѓа Охрид, далеку, далеку од Бугарија, нели?!
Па тогаш во што е проблемот чуму овие силни текстови?
Откако се смирив малку и почнав по смирено да размислувам дојдов до заклучок дека всушност никој не ни е виновен.
Општо позната работа е дека секој си ја тера водата на својата воденица, па така и нашите комшии Бугари од петни жили и со сите можни средства се трудат на секој што е заинтерсесиран да му објаснат дека Миладиновци се Бугари и дека Охрид само по некоја алхемичка случајност се наоѓа во Македонија а не во Бугарија.
И кога подобро ќе размислам немаме право да им се лутиме, затоа што пак ќе речам, секој си ја тера водата на своја воденица.
А ако сакаме да ги смениме работите во наша корист, треба да седнеме и малце повеќе да се потрудиме прво на своите луѓе да им ја презентираме историската вистина а потоа и на целиот свет.
Ова треба да го направиме што поскоро, за да небиде после ЦАКО КРИВ, кога некој странец ќе не праша зошто фестивалот СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА се отвора со песна на Бугарски автор.
А, за малку ќе заборавев, на балдзата успеав сепак  да и најдам  еден единствен текст на македонски и тоа на ВИКПЕДИЈА.
РАСКАЖУВАЈЕТ МАКЕДОНЦИ ЗА СВОИТЕ ПРЕДЦИ НА КОГО И КАДЕ ЌЕ СТИГНЕТЕ, НЕ СРАМЕТЕ СЕ, ЗА ДА НЕ НИ БИДЕ ЦАКО КРИВ!!! 

No comments:

Post a Comment