Monday, February 20, 2012

НА ВРУТОКОТ

Posted on август 7, 2009 - РЕПРИНТ

На врутокот на нашата најголема река – ВАРДАР.
Иако потекнувам од овој крај, не бев бил  на ова место дооолго, долго време, незнам, можеби од пред 25 години.
А во Дуф кој е на некој 19 км. над Вруток и од кај ми е семката одам, можеби не така често, ама одам еднаш годишно за Водици сигурно, ама ете на изворов не сум бил веќе 25 години.
И овој пат немаше да свратам да небеше сестрами која потегна иницијатива да после убаво поминатиот викенд во Дуф, спуштаќи се надолу на пат накај дома (Скопје), да навратиме до изворот на Вардар и да им го покажеме на Кумашините кој никогаш не го имаа видено.
Морам да признаам не се променило многу, освен фактот што на еден кафанџија му имаа дадено да ги уреди првите стотина метри на кејот на нашата најголема река, нашата гордост – ВАРДАР и да ги претвори во летна бавча на својата меана, сето останато беше останало исто и после цели 25 години, дури нешто и беше руинирано, како на пример спомен обележјето на народниот херој Чеде Филиповски – Даме.
Подолу ќе Ви постирам неколку фотки колку да видите за што зборувам, а оние кој никогаш небиле на ВРУТОКОТ НА ВАРДАР, како моите Кумашини, да ги предизвикам да го посетат бидејќи тој дел е сеуште под ингеренциите на Р. Македонија, барем формално правно.
 

 

"НА ИЗВОРОТ НА ВАРДАР" 



Ова во време на едноумието небеше можно.
 
 
Вруточка пастрмка скока по соленките на моите ќеркички.
 
 
 
Кумашинката си прави свои фото моменти.
 
 
Моите пред руинираниот споменик, мислам дека од сликата добро се гледа кој го руинирал, а зошто, е тоа ќе мора нив да ги прашаме.

No comments:

Post a Comment