Tuesday, February 21, 2012

НАПРАВЕТЕ ИЗБОР!

Posted on February 1, 2008 - РЕПРИНТ

Живо ме интересира што Вие би избрале кога би морале да бирате помеѓу подолниве две опции!

РАБОТА ИЛИ ЗАТВОР!

Во затвор: седиш во ќелија 2x3 м

На работа: седиш во бокс 2x2 м.

Во затвор: трипати дневно добиваш оброк.

На работа: добиваш само една пауза за ручек, а тоа што ќе го изедеш мора сам и да си го платиш.

Во затвор: ако сте добри, ќе Ве пуштат на викенд.

На работа: ако сте добри, ќе Ви дадат уште повеќе работа.

Во затвор: чуварот Ви ја отвара и Ви ја затвара вратата.

На работа: мора да носите цел новчаник со картички и клучеви и сами си ја отварате вратата.

Во затвор: можете да гледате TV и да играте игрици.  

На работа: штом Ве фатат дека гледате TV или играте игрици – одма срање.

Во затвор: имате сопствено WC

На работа: WC-то мора да го делите со еден куп идиоти кои мочаат по даската од шољата.

Во затвор: роднини и пријатели може да Ви дојдат во посета.

На работа: нема визити, единствен контакт со фамилијата е по пат на e-mail.

Во затвор: сите трошоци околу Вашето издржавање ги плаќаат пореските обврзници, а Вие немора ниту да работите.

На работа: мора сами да си ги подмирите трошоците врзани околу Вашето доаѓање на работа, а како капак на се од платата Ви одбиваат порези, прирези и разно-разни давачки како би ги покриле трошоците за одржување на затворите и затворениците.

Во затвор: морате да се справите со садистички настроениот управител.

На работа: овде ги викаат менаџери.

3 comments:

  1. Replies
    1. И јас.
      Арно ама, признај дека вторава опција изгледа примамливо. :)
      П.С.
      Благодарам за првиот коментар на новава платформа. :)

      Delete
  2. па не знам баш колку примамлива...јас би Тошо сепак првава, но спепак мали измени кои би си ги прилагодила...ЈАс.БТВ, Па нормално дека коментирам кај тебе о Гоческа кога ВЕ имам само вас двајца френдови.... :)

    ReplyDelete