Monday, February 20, 2012

ШОФЕР БЕЗ МУДА

Posted on април 16, 2007 - РЕПРИНТ

Познат Ви е изразов, нели?!
Пред малку пред хотелов кај што работам се паркира едно такси, мислам КОММАК КОМЕРЦ беше.
Ништо необично ќе речете, и во право сте, нема по обична работа од такси возило пред хотел, нели.
Арно ама по неколку секунди од таксиво искача женско чељаде, поточно една средовечна госпоѓа, и пак ќе речете ништо необично и би биле во право доколку госпоѓата што излезе од таксито небеше мајсторот односно чичко таксистот.
Е тоа мора да признаете е нешто што во градов е реткост и привлекува внимание.
Така да, кога ја видовме јас и колегава Чика Шмиле (не е измислена личност), тргна некако муабетов на жени професионални шофери.
Меѓу другите ми текна на една госпоѓа што често сум ја гледал да вози 4-ка – градски автобус.
Ви текнуе за кого зборам нели?
Една тетка со плавуњава коса со ладна фризура на глава, елегантно попунета и нонстоп онака сочно жвака мастика и со малце поише машки хормони во крвта од што би било нормално за една припадничка на понежниот пол.
А бе секогаш кога ќе сум ја видел како ја турира она четворката, сум се восхитуел на стилот, прав шофер, ма што шофер, ШОФЕРИШТЕ, и ај после речи не бивало шофер без муда. Да те видам, де.
Арно ама како што реков за дотичнава госпоѓа дека има малце одпојше машки хормони, така скоро без исклучок истото важи за сите жени професионални шофери, или барем за поголемиот дел од нив. Така да сепак овие госпоѓи ако ништо друго имаат барем некој рудиментирани тестиси.
Види мајката сепак шофер без муда не бивало.
Ама правилово не важи за Македонија, затоа што кај нас не се вика НЕМАШ МУДА туку НЕМАШ Г’З, а што се однесува до ова второво ќе мора да им признаеме надмоќ на жените.
Незнам зошто го напишав постов, ама како што вика Лане Гутовиќ ако не штети тогаш сигурно ќе да е за арно.
Убав ден на сите!

No comments:

Post a Comment