Tuesday, February 21, 2012

БОЛКИ ВО КИЧМА

Posted on April 13, 2008 - РЕПРИНТ

Прочитав некаде по ова интернетов дека скоро 80% од човечката популација пати од проблеми со кичма.
Колку и да овој податок ми дојде како утешителен, бидејќи еден од тие 80% сум и јас, истовремено ми заделуе и страшно поразително. Си помислив, > у, јеботе, па ние како вид страшно сме дегенерирале и тоа се како последица на модерниот и се полагоден начин на живот<.
Нејесе, ама не ми е тоа муабетов.
Од проблеми со кичма патам, и тоа онака сериозно, можеби веќе едно четри години.
Првпат силно ме закачи некаде април 2004 година, беше толку заебано, што дојдов до стадиум да ми простите, да неможам сам да си ги облекувам гаќите. Болките беа не издржливи а полека почнав и да не ја чуствувам левата нога.
Во тие едно пет месеци додека ми  траеше оваа голгота, за да се опраам, пробав буквално се, од се што во тој момент нудеше актуелната медицинска наука, (а таа кај нас, морам да признаам не нуди многу) значи едно стотина инекции некоја т.н. физикална терапија и многу попатни нервози оти состојбата не се оправаше, па се до баби бајачки. А во целиот тој меѓу простор, разно разни, алтернативни пристапи кон актуелнава медицина, од кои некој имаа баш АЛТЕРНАТИВЕН пристап и повеќе наликуваа на средновековни справи за измачување на вештерки и еретици, ова не се шегувам, мртов озбилен сум. И се така до стадиум кога почнав да мислам дека ми нема спас и дека ќе мора да одам под нож, што како што ми објаснија еминентни стручњаци, е нешто како лутрија, 50% – 50%, ситуација, ја ќе се опраам, ја инвалидска количка.
За цела среќа, случајно, по препорака на една моја бивша колешка дојдов до Благоја Велкоски од Прилеп.
Тоа е еден, по наравот, типичен Прилепчанец, инаку човек кој се занимава со акопресура и кој, понатака се испостави е лекот кој очајно го барав.
Но првиот впечаток кога првпат го видов човекот а и просториите во кој ординираше, морам да бидам искрен, беше во најмала рака поразителен.
Елем, изгледот и пристапот кон пациентите му беше брате мили ко да си дошол кај некој физикалец а не кај човек кој лечи со своите раце, а просториите во кој примаше пациенти се приказна за себе и би ми одземало многу време и простор да ги опишам.
За цела моја среќа мојот прв впечаток за човекот ме излажа, па така после месец ипол и три пати одење во Прилеп на третмани, за дивно чудо успеа да ме опраи и да ми го врати нормалното функционирање.
Бидна што бидна, но после тие третмани јас цели четри години немав проблеми со кичмата, или барем не сериозни проблеми.
Ова се одвиваше вака се до пред три недели, кога навидум од ич ништо, поточно наведнувајќи се да и ја обујам чевлата на ќерками, ме пресече една остра болка во половината која по интензитет беше иста како болките од пред четри години.
Уште истиот момент ме изеде јанѕата, и веднаш мислите ми се вратиа четри години наназад.
Прво нешто што ми панда на памет е да му се јавам на Благоја и да го ебам патот за Прилеп.
Арно ама, бабами викаше ѓаволот ни ора ни копа, туку само мисли како да им го направи животот на луѓето потежок. Така и во оваа ситуација, ѓаволот сакаше баш во тој период еден од колегите да биде на боледување заради операција на хернија илимити кила, па ние си вртевме кругови на работа без слободен ден, така да колку и да сакав, неможев да одвојам еден ден да отидам до Прилеп.
Пробав да се опраам со некој кетонали и слични апои ама како што врвеше времето, се повеќе ми стануваше јасно дека апоите нема да ми ја опраат ситуацијата.
Се повеќе ми одеше умот дека пофторно ќе ја кркам истата голгота како пред четри години.
Искрено не мина долго време и паднав во страшна депресија предизвикана од помислата дека сум половина човек, па и помалку од тоа.
Ама и овој пат имаше Господ.
По препорака на еден мој добар другар дојдов до Др. З. Врчаковски, специјалист физијатар.
Имено, другаров беше бил веќе кај него на третмани и беше исклучително задоволен од резултатите пред се, но и од самиот пристап и професијоналноста на Др. Врчаковски.
Бидејќи бев во безизлез и имав страшни болки кои тотално ме спречуваа нормално да функционирам, му реков на другаров веднаш да ми закаже термин.
Олеснителна околност беше што Др. Врчковски ординира во Скопје, поточно во Пржино над Црквата Св. Петка, така да не ми требаше цел ден да изгубам за да отидам на третман.
Нејсе, бидна што бидна, другаров закажа и заедно со него отидовме кај Др. Врчаковски во ординација.
За разлика од Благоја од Прилеп, Др. Врчаковски а посебно неговата ординација и сета апартура во неа веднаш ми дадоа до знаење дека немам работа со шаралатан туку дека е во прашање сериозен стручњак кој најверојатно многу добро си ја познава работата.
Овој пат, како и во случајот со Благоја, мојот прв впечаток повторно ме излажа, ама за среќа повторно во позитивна насока. Имено Др. Врчаковски е се она што го издава неговиот надворешен изглед и просториите во кој ординира и многу повеќе од тоа.
Што сакам да кажам, човекот е исклучителен стручњак со одлично опремена ординација, прекрасен пристап кон пациентите, во смисол да ти го подигне моралот и да ти ја врати вербата во брзо решавање на твоите проблеми, достапен на мобилен телефон буквално 24 часа во денот и што највеќе ми остави впечаток, човек кој со огромна љубов ја работи својата работа.
За час и половина, колку што трае еден третман, не престануваше да зборува и да ми објаснува и тоа напати и сликовито, вадејќи разно разни медицински книги и анатомски аталаси, што точно во моментот прави со ласерот со ултарзвукот, електродите и  сите останати апарати кои ги употребуваше при третирањето на мојот проблем и сето ова го правеше без да прекинува со третманот, што ќе рече работејќи.
Таква љубов и посветеност на работата не бев видел оддамна кај еден човек а посебно не кај еден лекар.
Сето тоа толку многу ме фасцинираше и ме воодоошеви, што уште додека одев на тие три третмана кај него, кои патем речено беа доволни да ме опраи и да ме врати во нормала, решив дека ќе пишам еден пост, со намера да на сите паталци како мене им го препорачам овој исклучителен стручњак но пред се прекрасен човек.
Можеби некој од вас ќе помисли дека со постов му правам рекалама на Др. Врчаковски, О.К. се слагам, да му правам реклама, но бесплатна и не заради тоа што ќе му го зголемам бројот на пациенти, тој и онака ги има и отповеќе од што реално може да постигне кога би работел нормално 8-10 часа дневно 6 дена во неделата, туку ќе пофторам, рекламава му ја правам за да дознаат за него сите оние паталци кои како мене очајно бараат лек за своите маки.
Инаку неспомнав за цените на неговите услуги, првиот третман кога  се вршеше и дијагностицирање на проблемот, ме чинеше 1,000.00 МКД а секој нареден 500.00 МКД.
Значи да заклучам сите оние што патат од
-Лумбоишијалгија
-Дископатија
-Спондилоза
-Артроза
-Остеопороза
-Ревматски Заболувања
-Цефалеа, Мигрена
-Невралгија
-Парези, парализи на периферни нерви
-Фрактури, контузи
-Дисторзии, Контарктури
-Спортски повреди
или пак едноставно сакаат да отидат на еден третман за релаксирање и регенерирање, најтопло им ја препорачувам ординацијата на Др. З. Врчаковски, која се наоѓа во Пржино над Црквата Св. Петка а бројот за контакт е 2734-193.

4 comments:

  1. Знае некој контакт телефон, за Благоја Велксоки од Прилеп?

    ReplyDelete
  2. може ли да ми дадете контакт, или насока како да го најдам докторот, овој број не постои...

    ReplyDelete
  3. Дали имате понов контакт од др.Врчаковски?

    ReplyDelete
  4. 075838372 - Мобилен на Др. Врчаковски..
    А од Благоја од Прилеп не можам да го најдам телефонот.
    Поздрав и извинете за задоцнетите одговори, ама не бев го посетил блогов долго време.

    ReplyDelete