Живо ме интересира што Вие би избрале кога би морале да бирате помеѓу подолниве две опции!
РАБОТА ИЛИ ЗАТВОР!
Во затвор: седиш во ќелија 2x3 м
На работа: седиш во бокс 2x2 м.
Во затвор: трипати дневно добиваш оброк.
На работа: добиваш само една пауза за ручек, а тоа што ќе го изедеш мора сам и да си го платиш.
Во затвор: ако сте добри, ќе Ве пуштат на викенд.
На работа: ако сте добри, ќе Ви дадат уште повеќе работа.
Во затвор: чуварот Ви ја отвара и Ви ја затвара вратата.
На работа: мора да носите цел новчаник со картички и клучеви и сами си ја отварате вратата.
Во затвор: можете да гледате TV и да играте игрици.
На работа: штом Ве фатат дека гледате TV или играте игрици – одма срање.
Во затвор: имате сопствено WC
На работа: WC-то мора да го делите со еден куп идиоти кои мочаат по даската од шољата.
Во затвор: роднини и пријатели може да Ви дојдат во посета.
На работа: нема визити, единствен контакт со фамилијата е по пат на e-mail.
Во затвор: сите трошоци околу Вашето издржавање ги плаќаат пореските обврзници, а Вие немора ниту да работите.
На работа: мора
сами да си ги подмирите трошоците врзани околу Вашето доаѓање на
работа, а како капак на се од платата Ви одбиваат порези, прирези и
разно-разни давачки како би ги покриле трошоците за одржување на
затворите и затворениците.
Во затвор: морате да се справите со садистички настроениот управител.
На работа: овде ги викаат менаџери.
rabota ne zatvor.....
ReplyDeleteИ јас.
DeleteАрно ама, признај дека вторава опција изгледа примамливо. :)
П.С.
Благодарам за првиот коментар на новава платформа. :)
па не знам баш колку примамлива...јас би Тошо сепак првава, но спепак мали измени кои би си ги прилагодила...ЈАс.БТВ, Па нормално дека коментирам кај тебе о Гоческа кога ВЕ имам само вас двајца френдови.... :)
ReplyDelete