Некогаш кога ќе заседнам во кафана, што морам да признаам
во последно време, ептен ретко ми се случува и кога расположението ќе
ми биде онака на ниво, сакам на увце, мераклиски, виолина да ми ги
одсвири следниве песни:1. ЈАНО МОРИ (заради ќерками)
2. МОРЕ ТРИ ГОДИНИ СТАМБОЛ ГО ШЕТАВ (на таткоми песната)
3. ЛИБЕ СТАНО (затоа што мислам дека е најубавата македонска песна)
4. ЗА КОГО ТИ ЦУТИ ДАНО ЛИЦЕТО (затоа што сакам да ја пеам оваа песна)
5. СТАНИ, СТАНИ ИБАР ВОДО (за мене најубавата српска народна песна)
No comments:
Post a Comment