Monday, February 27, 2012

ПОКРСТИ – ФОТО СТОРИЈА

Posted on April 20, 2009 - РЕПРИНТ

Ова ми е третпат како одам на оваа светковина која се вика ПОКРСТИ и се одржува во Драчево, за оние кои не знаат, на само десет километри од центарот на Скопје.
Инаку за ова веќе пишував пред две години кога за првпат присуствував на оваа светковина, но тогаш како и следната година не понесов апарат за да Ви приложам и по некоја фотка од настанот.
Оваа година не ја направив истата грешка, па така подолу можете да погледате неколку фотки со по некој краток коментар, чисто како објаснување на истите.
Па уживајте и се надевам дека ова ќе ве потикне догодина и Вие да присуствувате на настанов, ова нарочито важи за оние кои живеат во Скопје и околината па не им е предалеку да дојдат до Драчево.
 
 
Со звукот на тапаните и зурлите на средсело се собираат учесниците на процесијата.
 
  
 
 Коњите и нивните коњаници во дамнешни времиња биле битен дел од оваа светковина, газдите се натпреварувале во тоаа чии коњ бил поубав , побрз и поазган. Во денешно време во Драчево едвај 4-5 домаќинства сеуште чуваат коњи и тие ги чуваат од мерак, бидејќи земјоделските работи одамна веќе ги извршуваат со модерна земјоделска механизација. Инаку коњаниците одат на чело на процесијата.
 
 
Овие мали дечиња облечени во бело како ангелчиња, кои носат икони и крстови во рацете, ги викаат ѓачиња и се исто така битен дел од процесијава.
 
  
Поаѓање на процесијата од пред црквата СВЕТИ СПАС во Драчево.  
 
 
На првиот крст.





Пролета во полн сјај во околината на Драчево. Зеленило и опојни мириси на смреки и разни тревки. Драчево мирно лежи во котлината по дождливото утро.
 
 
Тинчето, едно од најмладите учесници на процесијата. Имаше доста млади луѓе и деца кој учествуваа, што значи дека овој обичај не само што има свое минато туку има и иднина.


На вториот крст.

 







 


 
 
 
 
 
 
 
Пристигање во манастирскиот комплекс ПЕЛЕНИЦА со црквата РУСА СРЕДА, едно од најубавите излетнички места што јас ги знам во околинта на Скопје. На влезот во комплексот не дочекаа клисари кои на секој учесник на процесијата му делеа великденски јајца. Ова е инаку третата станица во овој марш и тука се прави и првата пауза. Луѓето малку се окрепуваат со по некоја ракиичка и троа мезенце, кој што си понесол со себе и нормално со великденски јајца.
Ако не сте биле на ПЕЛЕНИЦА, моја препорака е обавезно да ја посетите.
 
 
 
По кратката пауза процесијата заминува од ПЕЛЕНИЦА.
 
 


Една од попатните станици – четвртиот крст.
 
Едно мало поточе кое обично едвај има вода, ама со последните силни дождови прераснало во бујица која изорала длабок јаз во околната црвеница.















Пристигање на целта на оваа процесија, а тоа е месноста ТРИ КРУШИ со Црквата СВЕТА ПЕТКА, инаку оставштвина од предходниот градоначалник на општина Кисела Вода, Џорџе. Повторно зурли и тапани но овој пат без КУД КИТКА (во моментов се во Бодрум – Турција на некоја турнеја), ама веселбата и софрите не изостануваат.
Поздрав до сите се гледаме следната година на ПОКРСТИ во Драчево, запаметете, втор ден Великден.

1 comment:

  1. Mnogu mi bese milo da go pogledam ovoj obred so stari obicai, posebno me napravi srekna I gorda koga vidov masoven broj od Fracevci. Bravo!

    ReplyDelete