Monday, February 27, 2012

АЛО ГРУЈО, ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОВ!?

Posted on March 28, 2009 - РЕПРИНТ

А бе има ли пилот у авионов??????
Ало мудоњи од типот на Стихи и компанија, кајбевте да ги тепате шиптарите кога го кренаа Скендербег на сред Скопје или кога славеа независност на Косово со калашњикови повторно у истово Скопје кое толку многу го сакате? Или кајбевте да ги тепате Бугарите и РАДКО кога на сред плоштад ви кажуваа дека сте одродени Бугари и српски доселенички копилиња? Него на шака јада деца сте дигнале рака и поради што, само заради тоа што сакаа да укажат на она на што на секој нормален чоек не треба да му се укажува, а тоа е дека на тоа место нема место да се стави бутка за амерички крофни а не велелепен верски објект.
А бе има ли нормален човек у државава се прашувам понекогаш, или полека не стига синдромот на Србија од ерата на Милошевиќ, синдром на изолирана земја ( ми смо најбољи, сви су остали срање, ми смо мирни и кооперативни али остали нас мрзе и желе нам све најгоре, немамо нити једног пријатеља сви су се уротили против нас) ви текнуе.
Грујо мајсторе, ало човече, а бе јас не те гласав двапати да ми предаваш историја и да ми изиграваш ктитор со мои пари, те гласав за да после дваесет години смрдена транзиција поживеам во нормална земја каде надежта дека ќе живеам нормален живот и истото ќе и го обезбедам и на мојата фамилија нема да биде мислена именка.
А бе јас тебе те мислев дека си економист а не историчар и археолог. Човече па ти си станал бетер од Љубчо и Бране заедно.
Дури сега гледам колку Деди бил у право кога вика дека ние Македонците всушност како народ постоиме од 45 навака. Ова што нам ни се случува може да му се случува само на неиживеан и скорјевиќки народ, народ кој сеуште нема излезено од пелените на своето постоење а не на народ кој претендира да биде зачетник на цела една раса на оваа планета.
Дури сега уште повеќе го мразам Љубчо што не настапи со отворени карти уште од неговото појавување на почетокот на 90-тите. Па белким за овие двесетина години ќе успееше да не убеди дека сме Бугари и конечно да не воведеше во една нормална земја, земја со традиција каде ако ништо друго за основните национални интереси има консензус.
Просто неможам да верувам што ми се случува со земјата, со татковината.
Летоска бев во Албанија на одмор, луѓе таму се гради, ама не цркви и џамии, како некој како Стихи би помислил, иако половина век тие луѓе таму биле во ТОТАЛЕН религиски мрак, па нели така неиживеани, сега од нив би се очекувало да градат верски објекти. Не бе луѓе таму јас невидов ниту една нова џамија ама затоа видов километри нови патишта, стотици нови хотели, десетици нови фабрики, а бе за Албанија ви зборам, онаа на Енвер, ме сваќате?
На вас постарите ви текнуе кога Бугарите ни служеа за подсмев, една чрвена, дфки и.т.н.. Кој бил скоро во Бугарија, посебно по нивните туристички центри…..? Настрана што они сега се во ЕУ и НАТО а ние само може да сањаме да и ја лижеме на НАТА .
Синоќа слушам на вести у Србија просечна плата 32.000 динари, еј у Србија која 20 години војува, 20 години е под блокади која цел НАТО пакт ја бомбардираше, еј во таа Србија луѓето имаат 500 евра плата а кај нас ОАЗАТА НА МИРА мизерни 250 евра. Уште Зајо без срам и без перде ќе ми искача на телевизија и ќе ми пласира идеи за социјални продавници за основни животни намирници, идеја која во таа иста Србија веќе функционира.
Се прашувам имамае ли ние Македонците инвентивен политичар што мисли со тоа црпката па да смисли нешто негово или се мора да се краде, Грујо од Хрватска и ХДЗ а Зајо од Србија и кој да е веќе таму на власт.
Ај што крадат идеи па барем да ги реализираат како што треба,ама не бе брате и за тоа не ги бива килави се до бесвест.
Грујо дај свестувај се побрзо оти има да не нема и тоа многу брзо!
На овој народ не му треба историја и споменици, тоа има колку ти душа сака, туку работа и подобар живот.

No comments:

Post a Comment