Thursday, March 1, 2012

МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА !!!

Posted on September 8, 2009 - РЕПРИНТ

АКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА 54:86. Ова погоре, ако не сте информирани (што чисто се сомневам) е резултатот од вчерашното деби на Европското Првенство во кошарка во Полска на нашиот национален тим.
Се утепав од барање пост за натпреваров по блогерајов ама за мое големо изненадување нигде ништо, штама, ниту блогерите кој исклучиво третираат спорт и спортски настани по своите блогови не напишале ниту резултат а камоли некоја анлиза на "натпреварот на годината", како што беше најувавн овој натпревар, само ПИНЧЕР во својот пост имаше спомнато дека оди со точачето кај братучетму во кафиќ да ја гледа утакмицата.
Се прашувам чуму молков за утакмицава и катастрофалниот пораз, зар навистина некој, ама онака реално од срце, се надеваше дека ќе ја победиме Грција ( сеуште актуелен европски шампион, патем речено), зар навистина цела нација падна на нереалната еуфорија и отиде во кладилница да стави по 100 европки на победа на Македонија и очекуваше денеска да земе 400 европки за да си го подобри домашниот буџет, дајте ви се молам, па несме до толку…………………., или сепак сме, а????
Навистина не разбирам зошто се срамиме од поразов, ама ставрно не разбирам!?
А бе до кога пред секој ималку битен настан, небитно, спортски или било каков друг, ќе си ги кревамае акциите и очекувањата а притоа да немаме никаква реална подлога да го правиме тоа. Кога еднаш ќе научиме дека ако без основа летаме високо, будењето од падот кој неминовно следи после еден таков нереално висок лет, е многу болно.
Така и овој пат, нашите кошаркари имаа многу болно будење во мечот со нашиот јужен сосед, кое будење мислам дека ќе им го симне еланот на толку ниско ниво што вечерва нема да го остварат и она за што реално се кадарни, да ја победат Еврејската Држава и со тоа на Македонија да и обезбедат учество во вторит круг на натпреварите од Европското Првенство во Полска, што за нас би било огромен успех.
Ќешки да не сум во право, поточно молам Бога, Врба и другарите да ме демантираат поладнево, ама гледајќи го Израел вчера со Хрватите и имајќи го предвид се ова што погоре го напишав, чисто се сомневам.
Сепак јас со целото мое срце ќе бидам пред ТВ (додуше со исклучен глас, бидејќи органски не го поднесувам наказата од коментаор Трпевски, или како му беше име) во 16:30 денеска и ќе навивам за нашите момци на кој со нашите нереални очекувања повторно им ја отежнавме ионака тешката мисија во Полска.
НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!!

No comments:

Post a Comment