Thursday, March 1, 2012

ПЕРВЕРЗИЈА!

Posted on January 6, 2010 - РЕПРИНТ

Сите веќе одлично се информиравме за фотката која на Facebook ја имаа постирано две лекарки од Државна Болница, чинам од клиниката за трауматологија беа.
Кога првпат ја видов на ТВ бев згрозен.
Се прашував како воопшто некоја возрасна личност, згора на тоа високо образована и капак на се, медицинско лице, може да постира на еден јавен сервис како што е Facebook, таква фотографија.
Еве веќе неколку дена размислувам и сеуште неможам да си дадам реално образложеније како тие две докторки можеле да си дозволат такво нешто. Најдоброто објаснување до кое дојдов е дека кога ја постирале фотката воопшто небиле свесни дека во позадина на нивните насмеани лица лежи пациентка во бесознание. Но ова објаснување паѓа во вода со самиот факт дека, и по негативните коментари кој им укажувале на неетичноста и нечовечноста на нивниот пост (предметната фотка), тие сепак не го тргнале постот туку оставиле да се редат разно-разни сеирџиски коментари.
Ова што го направиле двете докторки е без преседан и со ништо неможе да се оправда.
Искрено се надевам, дека доколку Македонија е барем малку правна држава овие две персони ќе си ја добијат својата заслужена казна и ќе послужат за пример на сите нивни колеги и не само ним, туку на сите нас кој го користиме интернетот и јавните сервиси како што е Facebook и сл. на него, дека тие не се играчка и дека неможеме да постираме што ќе ни текне а при тоа да не внимаваме дали со нашите постови повредуваме некого или загрозуваме нечии права или уште полошо, нечија безбедност.
Случајов со фоткава да добие уште по ПЕРВЕРЗНА димензија се погрижија нашите „медиуми“, електронски и пишани, кој беа толку „ЕТИЧНИ“, што и дозволија и на останатата публика во Македонија, која воопшто не користи интернет, а која мора да признаеме е огромно мнозинство, исто така да го види лицето на несреќната девојка од сликата.
Со самиот факт дека не се потрудија, со мала интервенција, да го сокријат ликот на девојката од сликата, туку изворно ја пуштија во своите ударни вести и насловни страници, ги прави се, само не новинари и пак ќе пофторам, ако Македонија е барем малку правна држава и овие перверзни новинари, уредници и сопственици на медиуми би требало да одговараат за своите постапки.

No comments:

Post a Comment