Thursday, March 1, 2012

УМОР ИЛИ СТАРЕАМ??

Posted on January 9, 2010 - РЕПРИНТ

Вчера беше 08.01.2010 год. ,за малку ќе пишев 2001, никако да се навикнам дека веќе не одат две нули после двојката, или тоа или повеќе ми одговара да е 2001.
Не бе 2001, никако, па тогаш беше она конфликтот, такозвани, небеше убава година, јес да бев 10 години помлад ама не….., сепак не, небеше убава година за враќање, пу,пу, скраја да е.
Нејсе што ми беше муабетот!?
Аааа, да, вчера беше 08.01.2010 год. втор ден Божик  и роденден на мојата, ај добро не само мојата, и на женами, Кума, онаа венчаната де.
Роденден ко роденден, ништо посебно, али женами решила дека КУМА НИЈЕ ДУГМЕ и идеме ние на роденден.
Ај што ние идеме него не покани ли  некој,  ја прашујем јас женами на пола пат за Хиподрум – Пинтија.
Не бе што има да не кани, па си знам јас кога и е роденден (а навистина знае, памти датуми и бројки ко слон, незнам, ваљда тоа и е професионална деформација, не бе не е слон по професија, математичар е), башка денес по СМС и честитав пред ти да дојдеш од работа, ми вели женче.
А бе сето тоа е убаво, ама не ќе беше лошо ние да се најавевме, не за друго туку знаеш како викаат, „неканет гостин знае да пољуби врата“ и викам јас. А нема да ми биде право ако се деси тоа, ако заради ништо друго, тогаш заради муката околу спремањето на близначките (верујте ми на збор се препотуе човек кога треба да спреми 3,5-годишни близначки за искачање).
И бидна ко што реков, проклета уста, пољубивме врата.
Добро, отидоа јабана едно два-три литра бензин, се изнавикав троа на лепшата половина, колку да си олеснам на душава и пројде……….
Седнав дома пред телевизор да гледам ХАРИ ПОТЕР, незнам точно кој дел, ама не сум го гледал.
Супер ми дојде, чиниш лексилче сум испил.
После си се префрлив у спална, гледам женче спие и клинкиве исто така а на ДВД си тече МАДАГАСКАР илимити АЈ ЛАЈК ТУ МУВЕТ, што би рекле близначките.
Гасам тоа дивидито, не дека несакам цртани, ама овој у задњиве денови или можеби задњиов месец, откако ни е актуелен, го имам изгледано, брат – брату едно миљон пати. Што е доста, Доста е, или беше Гоца………, сега министер во меверето, извињавајте на дигресија.
Пуштам тоа звездената телевизија кога некој филм со Николас Кејџ и Пенелопе Круз, си викам ај да загледам мож ќе го биде филмчево, кога оно испадна римејк на еден ист таков италијански филм што го имав гледано од поодамна, нормално малку лимунадизиран на холивудски начин.
Арно ама, што вика дедоми Глигорије, „ДОК БОСАНАЦ ВИДИ ДА ЈА НИСАМ ВО, ОДЕШЕ ЈАЈА“, така и ја додека укапирав, го изгледав филмот и се стори еден и нешто по полноќ.
Аааааааа, заборавив да Ви кажам денес требаше да станам во пет наутро, бев прва смена на работа.
Е баш због заради затоа, реков ај гаси ТВ и дремнуј малку!
Арно ама, бабами, бог да ја прости, викаше, “Ѓаволот ни ора ни копа, само гледа како да те зезне“, тамам ја да склопуем очи кога ете лепша половина се буди, “Кај си бе сонц, легна!?“, и, и што и, …………………остало е под тиииииииииииииииит!
05:00 часот, ѕвони тоа мобилниот, маму ти ибам, си викам сам у себе и си станувам да се облекувам, инаку знам ако си полежам, отидов јабана, ми кидна пееската у 05:26 и закаснив на работа.
Се освестив троа у купатило, натнав тоа патиките, ранецот на рамо и правац автобуска.
Се качив на пееска си се сместив на задните седишта, у автобусот уште два-тројца несреќници како мене, на сите очите на пола копје.
Си викам ај ќе замижам троа, до Градежните има едно дваесет минути вожња, и толку беше.
Следното на што се сеќавам, како некој машки продорен глас вика, „алоооооооооо, ќе се симнуеш или ќе вртиме уште еден круг“, отворам очите и што да видам, јас во автобус на ЈСП и мајсторот кој всушност го испуштал тој милозвучен глас.
Целиот у бунило го прашувам, а кај сме бе мајсторе, Државна бе братучед, ми вика, ааааааа, е баш тука требаше да се симнам, му велам јас троа посрамен. Ми отвори човекот врата и се симнав.
Цела среќе што требаше да се симнам само една станица предходно, си мислам, а замисли да требаше да се симнувам на Бит Пазар, еваааааа.
Чудни некој емоции ми пролетуваа низ глава додека пешачев низ празните улици дишејќи од  ладниот утрински воздух, прво ме обли некој срам, оти вакво нешто порано во мои 39 години не ми се случило, потоа ме уплаши помислата дека остарев, штом само една непроспана ноќ доведе да заспијам во градски автобус, потоа ми дојде да се смеам сам на себе, кујзнае како сум им изгледал на мајсторот и на патниците кои се симанле кај Државна.
Нејсе што е најбитно сепак не задоцнив на работа.

Еве и сега сеуште размислувам, и несум на чисто, дали бргу се заморувам оти остарев или навистина бев многу заморен и ненаспан па мислам дека сум остарел?
Во секој случај незнам зошто ви ја раскажав случкава, можеби за да си олеснам на душичкава, можеби очекувам некој во коментарите да ми каже дека несум единствениот на кој му се случило ова, или едноставно за да пишам нов пост.
Како и да е, што вика Лане Гутовиќ, ако не штети, мислам на постов де, тогаш сигурно на некого ќе му користи.
Поздрав и убав ден.

No comments:

Post a Comment