Thursday, March 1, 2012

НЕШТО ШТО ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ КОМЕНТАР

Posted on October 15, 2009 - РЕПРИНТ

Ова парче текст го оставив кај ЏАНГО како коментар на негов пост, но троа се занесов во пишување па од коментар стана пост и сега  еве го оставм и кај мене да стои, па ко воли нек изволи, мислам да чита де.
Навистина не Ве разбирам ниту едните ниту другите. Незнам можеби јас сум глуп или Вие сте исклучително паметни, едно од тие две е, инаку неможе да се врзе крај со крај на Вашиве муабети.
Ај вака пробајте да размислите.
Ако една баба од седумдесетина и кусур години ја нашминкате, ја стегнете у секси долен веш, миниќи и се што иде приде, мислите ќе стане добра риба, или ќе остане баба, но овој пат вака преправена само ќе служи за подсмев?
Или ај по конкретно.
Што мислите дека Романија, Бугарија, Унгарија и остала источна багра се поевропеизираа преку ноќ и станаа рамни на една Германија, Италија, Шведска и т.н., или и ден денес служат за подсмев во иста таа унија?
Луѓе, ние прво треба да си ги средиме работите дома, значи дома да си направиме Европа, е кога тоа ќе го постигнеме нема потреба да стрепиме од никави покани за преговори, датуми за отпочнување преговори или приеми во Европа, бидејќи таа иста Европа ќе ја имаме дома, а кога нешто веќе имаш дома нема зошто да го бараш надвор.
Но се плашам дека многу време изгубивме, не само три години, како пристрасно и навивачки сака да ни посочи Андреј, туку цели две децении безмалку. И уште се плашам дека во овиее две децении не го изгубивме само факторот време туку и нешто по суштествено, мислам дека ја изгубивме довербата во себе како народ, како Македонци, која патем речено едни други генерации ни ја имаа сервирано на сребрен поислужавник, а со губењето на таа самодоверба за жал мислам дека полека ама сигурно ја губиме и државата за која толку наши предци векови наназад се бореле да ја создадат.
Ако тоа ни беше целта, (да изгубиме нешто што не сме стекнале лично, туку ни го поклониле) тогаш навистина не го разбирам мазохистичкиот порив на луѓево кој се декларираат како Македонци (барем во пописните листи), чуму чекање и мачење цели две децении, зошто едноставно по растурањето на бившата ни држава не се приклучевме кон некој од соседите и мирна Бачка, до сега оддамна ќе беа решени сите наши маки и проблеми, посебно оние од финансиски карактер, кој посебно сакаат да ги истакнуваат присташите на идеата дека ако дотераш баба у нови и модерни крпчиња ќе стане топ риба.
Сличното важи и за ПАТРИОТИШТАВА на тастатура, ако толку ја сакате земјата македонска што не стегнете муда па од неа да направите земја за почит а не за подсмев и што кокј кур му дозволувате на Вашиот идол Грујо воопшто и да помисли а не да преговара за нешто што треба да Ви биде светиња.
Ама на кого јас воопшто му правам муабет.
Немаме ние веќе земја, а држава уште помалку.
За жалење сме.
Ова дури вчера по муабетот со еден мој познаник од Романската Амбасада во Скопје ми стана кристално јасно. Имено, човекот вчера во неврзан муабет ми рече дека неможел да си оди од земјава иако мандатот му е истечен веќе шес месеци, само заради тоа што ниту еден романски дипломат (од понизок ранг да се разбереме) не сакал да аплицира за доаѓање на служба во Македонија. Ееееееј, до кај сме ја дотерале работата, на „циганине“ на Чаушеску да сме им испод части.
Јебемти државу без краља, што викаше дедо Јаниќије покојни.
У бивша СФРЈ идела една поговорка отприлика вака: „Јебеш земљу која Босне нема и курца што крај пичке дрема“. Кога се случија срањана у Босана таа некако се модификува и гласеше отприлика вака: „ Јебеш Босну која земље нема и курца што крај пичке дрема“
Се се плашам дека оваа вторава, модифицирана верзија на пооговорката се повеќе и повеќе вреди за Македонија.
Поздрав и извинување до домаќинот за одземениот простор.

No comments:

Post a Comment