Thursday, March 1, 2012

ОГРАБЕНА КОМЕРЦИЈАЛНА

Posted on April 23, 2010 - РЕПРИНТ

Утрово некаде околу 07:30 часот па ја „бапнаа“ експозитурата на „КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА“ кај Буњаковец.
Нека е наздравје, за неполн месец двапати.
А бе ова Скопјево стана елдорадо за арамии кој ограбуваат банки!
Како стојат работите, вака небило ни на „ДИВИОТ ЗАПАД“ во златните времиња на  БИЛИ ДЕ КИД и компанија.
Незнам до сиромаштијата ли е, до полицијата ли е,  до банките ли е, или пак до тоа што децава уште од мали нозе денес се бомбардирани од сите страни како  тоа е лесно и вносно да се биде криминалец, арно ама станува страшно човек во банка да влезе или пари од банкомат да подигне.
Јебено страшно, до толку, што посакувам некогаш да се вратиме во времето на едноумието, кога за едно кило ораси кои му исчезнаа на комшијата од подрум, цело мое друштво вклучително и јас, бевме на „пеење“ во полициска станица и тоа само заради фактот што некој им шепнал дека ние по цел ден седиме во заедничката просторија во подрумот и играме пинг-понг.
И да Ви кажам право иако во суштина бевме мирни и добри деца и  немавме никаква врска со предметните ореви, си го окркавме прописно и „пропеавме“ и тоа за што не не тераа да „пееме“, како на пример за таблата за пинг-понг која ја „зајмевме“ од оближното градилиште на тогаш уште живата Г.П. „ТЕХНИКА“.
А да не кажувам дека за нјамлата кражба во обична трафика, сите оние кои беа во ќитапот на тогашната МИЛИција обавезно одеа, што милом, што силом, на информативен разговор.
Е па тогаш не се обивале банки,
е па нема да се обиваат,
кога секој знаеше дека за килограм ореви дланките можат да му станат како погачите на бабаму а не пак за нешто посериозно.
Ех, добри стари времиња………………..

No comments:

Post a Comment