Posted on September 5, 2009 - РЕПРИНТ
ЕВРОПСКИ КОНГРЕС НА ТРАНСПЛАТОЛОЗИ
Представникот на лекарите од Велика Британија известува:
Најдовме човек без ‘рбет, му пресадивме ‘рбет.
И сега, после само седум дена поминати во болница, а благодарејќи на
откритијата на британските научници, тој човек одлично се чувствува,
веќе е надвор од болница и бара работа.
Представникот на лекарите од Франција известува:
Ние во Франција направивме многу по значајна работа!
Земавме човек кој немаше ниту едно белодробно крило, му пресадивме
едно белодробно крило и само после три дена пациентот одлично се
чувствува, веќе е надвор од болница и бара работа!
Представникот на лекарите од Италија известува:
Ние зедовме два пациента без срце, им пресадивме на секој од нив по
половина здраво срце и после само два дена, двајцата одлични се
чувствуваат, веќе се надвор од болница и бараат работа.
Представникот на лекарите од Македонија известува:
Нас сепак никој неможе да не стигне. Ние зедовме тројца луѓе без
нималку мозок, ги поставивме на чело на нашата држава и во рекордно
време повеќе од половина од работоспособното население е надвор и бара
работа!!!
П.С.
Ова е сепак само виц, немојте премногу сериозно да го сфаќате, иако
реално гледано, ситуацијата во Македонија не е далеку од вицов.
No comments:
Post a Comment