Thursday, March 1, 2012

ШТАФЕТА

Posted on August 15, 2009 - РЕПРИНТ

Како одеше онаа народната, "Видела жабата дека коњот го поткиваат ", е така и јас. Еден четворен маж , барем спорет пишувањето и надимакот "ЅВЕР" ми ја предаде штафетата, не онаа на "МЛАДОСТА" туку оваа што последниве денови се врти по блогерајов, а се однесува на блогерите и блоговите кој  сме ги читале а сега веќе ги нема или се многу малку активни. Навистина незнам која е суштината на оваа штафета илимити анкета, ама ај да го испочитувам ЅВЕРОТ и да небидам УНИШТУВАЧ НА ЗАБАВИ – ГЛУП ОВЧАРСКИ ПЕС, еве и јас ќе се приклучам на штафетоносците.
Ги читав а веќе ги нема или не работат.
1. ДЕДИ (остар старец, без влакна на јазикот и се гледаше искусен во занаетот што се вика новинарство. Многу , многу отворени теми и дебати по истите на неговиот блог, штета што не напушти. А јас и до ден денеска незнам зошто, затоа што во времето кога си замина јас не бев активен на блогерајов.)
2. СПАРТАК (чуден некој тип, ме бендисуваше што знаеше да отвори некој теми кој жустро се дискутираа а морам да признаам ми се бендисуваше и тоа како ги ладеше вжештените глави на браштата од исток.)
3. СНЕСКО КУЛ (Блогеров (ката) имаше прекинато уште јасџ да се приклучам на друштвото, ама прочитав се што миаше (ла) напишано).
4. ФЕМГЕРИЛА (блогерката со која првпат виртуелно се расправав – карав. ИОако не се сложувавме во се сепак исклучително ја почитував.
5. ДОКТОРОТ И НЕГОВИОТ КОПРИВАРНИК (ме бендисуваше стилот и имаше некој размислувања блиски на моите)
6. РОКСИ – (се уште е активна ама само со коментари, одамна нема пишано некој "отровен" текст на нејзиниот блог.)
7. ЛУДАТА – (мојата прва блог пријателка, многу ми недостасуваат нејзините доживувања иако наоѓАм утеха во ЛУДОТО ФОТО).
Толку од мене, нека продплажат, нормално ако сакаат:
1. ДАСКАЛКА
2. ХАРИ
3. НЕСОНКА
4. ПОЕТСКА МАЧКА
5. ТРНОРИЗЕЦ 

No comments:

Post a Comment