Thursday, March 1, 2012

БРАН ( рецепт за фашизам во три чекори)

Posted on September 5, 2009 - РЕПРИНТ

DIE WELLE е филм на германскиот режисер DENNIS GANSELкој е работен според книгата THE WAVE од американскиот пистел TODD STRASSER која обработува вистински настан кој се случил некаде во САД при крајот на шеесетите години на прошлото столетие.
Само што завршив со гледање на филмот. Исклучително моќна приказна која ме остави без здив, одлично режирана од GANSEL и прекрасно одиграна од актерската екипа.
Во моментов сум под толку силни импресии од филмот и порката која ја носи приказната восебе, што неможам докрај да си ги средам мислите и да пишам нешто повеќе, освен онака најтопло да Ви го препорачам да го најдете и да го погледате филмов и тоа обавезно.
На сите професори кој предаваат етика социјологија или сл. предмети по нашите средни училишта,  би им  препорачал да го погледаат филмот , да ги натераат нивните ученици да го погледаат, а потоа да поразговараат за пораката која ја носи ова несекопјдневно филмско остварување.
Толку од мене, кога ќе ги срдеема впечатоците, веројатно ќе пишам и нешто повеќе.
За да ве заинтригирам, подолу ќе го постирам и трејлерот на филмов.
Погледајте го филмов, навистина вреди!

No comments:

Post a Comment