Thursday, March 1, 2012

ПРЕКРАСНИ ПЕСНИ КОЈ БУДАТ ЛОШИ СПОМЕНИ

Posted on March 20, 2010 - РЕПРИНТ

Си спомнувате ли,
или уште подобро,
ја занаете ли воопшто оваа песна,
ова прекрасно танго,
кое, за жал,
кај нас Македонците буди лоши сеќавања и најчесто не асоцира на бугарската окупација.
А песната не е ништо друго, туку една од најубавите љубовни песни напишани и испеани на овој усран Балкан.



Или пак,
Ви текнува ли на Lili Marleen,
песна која е се само не милитантна и фашистичка,
а секогаш кога ќе ја чуеме веднаш  мислите ни летаат кон Хитлер, Нацизмот, Фашизмот и нацистичка Германија,
а таа е една од најубавите љубовни песни некогаш напишани.
И што е уште по трагично текстот на песната е напишан далеку пред појавата на фашизмот и нацизмот и во крајна линија е антивоен љубовен текст.
Но сепак………………..


Еве уште една таква, по препорака на Александро.


И уште една од тоа време, што вели Партик.


Чудно е како лошите асоцијации можат да створат аверзија и кон најубавите песни.

No comments:

Post a Comment