Thursday, March 1, 2012

ЗА ДОБРЕ ДОЈДЕ

Posted on January 1, 2010 - РЕПРИНТ

Ова е мој прв пост на новава платформа, онака чисто да пробам како иде и ќе можам ли јас да се снајдам на новава адреса.
Троа разгледував и на почеток малку ми изгледа тешкичко да се снајдам, ама тоа мене секогаш ми се случува кога ќе се фатам да работам било што ново врзано со компјутеров.
Нејсе со време веројатно ќе свикнам и се ќе оди полесно, а веројатно РИБАРОТ повторно ќе направи некој пост за полесно снаоѓање низ блогерајов (ова искрено се надевам), па ќе гураме некако.
Инаку префрлив сите работи од блогот на старата платформа во овој овде баш како беше опишано во ИДИОТЧЕТО и скоро се излезе како треба, освен тоа дека сите фотки што сум ги качел на мои постови користеќи ја опцијата НАПРЕДНИ ОПЦИИ сега не се гледаат како фотки туку само како имиња на фајлови, а се она што сум качел преку фотобукет и сл. си е О.К..
Би сакал некој, доколку знае да ми објасни, дали овој проблем го имам само јас или и другите кои си ги префрлале блоговите на новата платформа, и доколку несум сам со овој проблем, дали постои решение за истиот.
Однапред сум благодарен за било каков совет кој ќе ми помогне да го решам овој проблем.
Ај ко за првпат доста беше, се читаме и тука како и на старата платформа.
Поздрав и среќна Нова Година на сите.

No comments:

Post a Comment